Успенска катедрала (Киев)

Катедралата на Успението на Пресвета Богородица, позната и како Големата црква (украински: Успенський собор) е главната црква која се наоѓа во Киевско-печерската лавра во Киев, Украина.

Успенска катедрала
Успенский собор
Карта
56°26′04″N 30°33′25″E / 56.43444° СГШ; 30.55694° ИГД / 56.43444; 30.55694
МестоКиев
ЗемјаУкраина
Историја
Основана1073
Архитектура
Завршена2000
Урната1941

Христијанскиот храм бил основан во 1073 година по иницијатива на Теодосиј Печерски, и била изградена во период од три години со средства кои биле донирани од страна на принцот Свјатослав II. Во 1230 година храмот бил разрушен од земјотрес, а во 1240 година бил дополнително разрушен од страна на Монголците.

Негово повторно обновување се случило во 1470 година, но веќе во 1482 година бил повторно ограбен од страна на Кримските Татари. Во следните години храмот бил на неколкупати повторно оштетуван и повторно реконструиран. Во 1718 година бил опожарен, а во 1729 година бил повторно обновен и проширен во стил на украински барок.

Во времето на Втората светска војна, храмот бил разрушен од страна на експлозија на 3 ноември 1941 година. Според доказите на Нирнбершкиот процес[1] , храмот бил намерно разрушен од германските окупациони сили. Пред уништувањето на храмот, под ракоодство на Ерих Кох Рајх било спроведено масовно ограбување на вредностите на црквата.

По експлозијата, храмот бил оставен во урнатини како доказ за нацистичките злосторства. Неговата реконструкција започнала по повод 1000 години од христијанизацијата на Киевска Рус. Во 1995 година, претседателот на Украина, Леонид Кучма издал декрет за реконструкција и изградба на Успенскиот собор. Целосната изградба завршила на 24 август 2000 година.

Наводи

уреди