Ужасите на војната (Гоја, 1810 - 1815)
Ужасите на војната (шпански: Los desastres de la guerra) — циклус од 82 графики на шпанскиот сликар Франсиско де Гоја, создаден помеѓу 1810 и 1815 година[1].
Графиките содржат бројни мотиви, детали и ликовни размислувања за суровостите и бесмислата на злосторствата направени во време на Шпанско-француската војна односно во војна за независност на Шпанија.
За време на животот на Гоја, биле отпечатени само два комплети од овој циклус, од кои едниот, Гоја му го подарил на својот пријател и уметнички критичар Шон Бермудез. Првото издание, по смртта на Гоја било објавено од Кралската ликовна академија Сан Фернандо, 1863 години. Следувале три изданија, 1892, 1903 и [1906] година[2].
Историски прилики во кои се создадени графиките
уредиВо 1808 година започнала првата вистинска герилска војна во историјата. Страни во конфликтот биле Шпанија и Франција во време на Наполеон. Војниците на Наполеон влегле во Шпанија за да ја нападнат Португалија, сојузник на Англија. Отпрвин, шпанскиот народ ги поздравил француските трупи, бидејќи сметал дека Французите дошле да го соборат Мануел Годој, штитеникот на кралицата. Но, кога Наполеон го принудил шпанскиот крал да абдицира по репресијата што се случила на 3 мај и по назначувањето на братот на кралот Хосе за крал, работите драстично се промениле. Наводниот ослободител се претворил во непријател и освојувач. Како и во остатокот од Европа, отпорот и омразата кон Наполеон растеле прогресивно. Бруталната и крвава репресија за време на мајските востанија во Мадрид била сигнал за почеток на масовен вооружен отпор против Французите, низ цела Шпанија. Почнувајќи од Навара, прва изложена на нападите на француските трупи, сè до најјужните делови на Шпанија.
На 31 мај во 1808 година под водство на шпанскиот генерал Палафокс започнал крвав отпор против Французите во Сарагоса. Градот бил постојано бомбардиран од средината на јуни, но бранителите на Сарагоса успеале да се спротивстават на сите напади, така што во средината на август 1808 година, француските генерали решиле да ги прекинат борбите. Во тоа време, генералот Палафокс го повикал Гоја во Сарагоса за да биде сведок на суровата опсада[3].
Датирање
уредиГоја од Мадрид отпатувал за Сарагоса помеѓу 2 и 8 октомври 1808 година, на покана на шпанскиот генерал Палафокс, за да дознае и да ги претстави настаните околу опсадата на градот. Патувајќи, тој се среќавал со бројни воени настани, кои ги насликал и на сликите како што се „Правење на барут во Сиера де Тардиенти“ и „Правење на куршуми во Сиера де Тардиенти“, кои биле создадени во периодот на „Ужасите на војната“.
Од октомври 1808 година, Гоја направил подготвителни скици (денес во Музејот Прадо), кои биле основа за создавањето на графичките плочи во 1810 година. Малите промени што се случиле во процесот на трансформација од цртеж во графички израз, ги подобриле композициски решенија, како и создавање кон повисоката универзалност на презентираните сцени.
Временската рамка на сцените во овие графики го опфаќал периодот на настани што се случиле во Шпанија помеѓу 1808 и 1815 година. Фактот дека тие не биле објавени во тие години, најверојатно е директно поврзано со острата критика во одредени графики на тогашниот тоталитарен режим[4].
Техника
уредиГрафичката техника во која биле направени графиките е бакропис, со одредени детали од сува игла и акватинта. Иако акватинтата била основната техника во создавањето на неговиот цилкулс Капричосите, Гоја во овој цилкус не ја користел целосно, поради тешкотија во набавката на материјалите во периодот на воени репресии и економски кризи[5].
Теми и структури
уредиВо почетокот, циклусот бил според сугестиите на генералот Палафокс, требало да биде со патриотски теми како поддршка на војниците и народот, особено на Сарагоса. Меѓутоа, како што напредувал во создавањето, Гоја, ја напуштал патриотската тема, авторски осврнувајќи се на бројните воени катастрофи, опфаќајќи ги двете завојувани страни неселективно. На многу графики, не е можно да се одреди која страната која е агресор, а која е бранител. На крајот од серијата, тој исто така се осврнувал и на некои повоени политички теми[6].
Уметничко значење
уредиПокрај графичкиот циклус „Капричосите“ циклусот „Ужасите на војната“ е еден од најзначајните ликовни и уметнички подвизи не само во графичкото творештво туку у во ликовното создавање и уметноста воопшто. Со импресивен израз, снажни потези, моќ длабоко да се продре во универзалноста на човечката трагедија и апсурдност на неговото нецивилизирано постоење, Гоја, се јавува како критичар, филозоф, мислител, загледан во смислата на човековото постоење.
Неговиот ликовен израз е еден век пред времето, во овој циклус се најавува експресионизмот, се поставуваат темелите на ликовната уметност на дваесеттиот век особено од Првата светска војна, па до денес. Неговиот ликовен дневник, остварен преку 82 графики е генијален и неповторлив и покрај што е инспирација за уметниците и денес тој е предмет на бројни проучувања, толкувања, есеи[7].
Галерија
уредиПреглед на графичките дела од првото издание (Прадо, прво издание 1863).
Прв дел - Војната (La Guerra) | |||||
---|---|---|---|---|---|
Реден број. | Графика | Наслов | Реден број | Графика | Наслов |
1. | Тажни претчувства за тоа што треба да се случи | 2. | Со право или не | ||
3. | Исто | 4. | Жените ја даваат храброста | ||
5. | Тие се диви ѕверови | 6. | Во право | ||
7. | Каква храброст! | 8. | Siempre sucede | ||
9. | Тие не сакаат | 10. | Ниту овој | ||
11. | Не за оние | 12. | Вие сте родени за оваа намена | ||
13. | Горчливо присуство | 14. | Тежок пат е! | ||
15. | И веќе нема никаква помош | 16. | Тие го искористуваат тоа | ||
17. | Тие не се согласуваат | 18. | Закопај ги и замолчи | ||
19. | Нема повеќе време | 20. | Грижете се за нив и продолжете со борбата | ||
21. | Ќе биде исто | 22. | Дури и полошо | ||
23. | И на друго место | 24. | Овие сè уште можат да бидат од корист | ||
25. | И овиеs | 26. | Не може да се види | ||
27. | Добротворни цели | 28. | Населението | ||
29. | Тој го заработи тоа | 30. | Ужаси на војната | ||
31. | Тоа е нешто! | 32. | Зошто? | ||
33. | Што друго може да се направи? | 34. | За нож | ||
35. | Никој не може да знае зошто | 36. | Исто така не тука | ||
37. | Ова е полошо | 38. | Варвари! | ||
39. | Каков херојски чин! Со мртви! | 40. | Нешто може да се добие со тоа | ||
41. | Тие бегаат низ пламенот | 42. | Сè е свртено наопаку | ||
43. | Тука исто така | 44. | Сум го видел | ||
45. | И ова исто така | 46. | Сум го видел | ||
47. | Така се случи | ||||
Втор дел - Глад (El Hambre) | |||||
48. | Сурово сожалување! | 49. | Добротворни цели на жената | ||
50. | Несреќна мајка! | 51. | Благодарение на супа од грав | ||
52. | Тие не пристигнуваат на време | 53. | Тој е мртов: ништо не можеше да се стори во врска со тоа | ||
54. | Залудни жалења | 55. | Најлошото е питачењето | ||
56. | До гробиштата | 57. | Здравите и болните | ||
58. | Викањето е бесмислено | 59. | Која е употребата на еден сад? | ||
60. | Нема кој да им помогне | 61. | Тоа се е различен вид луѓе | ||
62. | Креветите на смртта | 63. | Акумулација на мртви | ||
64. | Колички товари за на гробишта | ||||
Нагласени каприци (Caprichos enfáticos) | |||||
65. | Која е оваа бука? | 66. | Чудно обожавање! | ||
67. | Ова исто така | 68. | Какво лудило! | ||
69. | Ништо.Ќе испадне“ | 70. | Тие не го знаат патот | ||
71. | Против јавниот интерес | 72. | Последиците | ||
73. | Пантомима на мачки | 74. | Ова е полошо! | ||
75. | Шарлатаните на Фарандула“ | 76. | Месојаден мршојадец | ||
77. | Јажето запнува | 78. | Тој добро се брани | ||
79. | Вистината е мртва | 80. | Дали ќе воскресне? | ||
81. | Чудовиште! | 82. | Ова е вистинскиот начин |
Наводи
уреди- ↑ Francisco Goya’s ‘Disasters of War’ (Los Desastres de la Guerra)
- ↑ Disaster of War, 1810-1820 by Francisco Goya[мртва врска]
- ↑ The Disasters of War (Los Desastres de la Guerra), title page.
- ↑ Goya's 'Disasters of War'
- ↑ The Disasters of War
- ↑ „Goya“. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-11-17.
- ↑ The Disasters of War (Dover Fine Art, History of Art)
Литература
уреди- Wilson-Bareau, Juliet. Goya’s Prints, The Tomás Harris Collection in the British Museum. London: British Museum Publications, 1981. ISBN 0-7141-0789-1
- Clark, Kenneth. Looking at Pictures. Boston: Beacon Press, 1968.
- Connell, Evan S. Francisco Goya: A Life. New York: Counterpoint, 2004. ISBN 1-58243-307-0
- Gudiol, José. Goya. New York: Hyperion Press, 1941.
- Gudiol, José. Goya 1746—1828, Volume 1. Barcelona: Ediciones Poligrafa, 1971.
- Heras, Margarita Moreno de las, et al. Goya and the Spirit of Enlightenment. Museum of Fine Arts, Boston, 1989. ISBN 0-87846-300-3
- Hofer, Philip. The Disasters of War. New York: Dover Publications, 2006. ISBN 0-486-44758-8
- Hollander, Anne. Moving Pictures. New York: Alfred a Knopf, 1989. ISBN 0-394-57400-1
- Hughes, Robert. Goya. New York: Alfred A. Knopf, 2004. ISBN 0-394-58028-1
- Hughes, Robert. Nothing If Not Critical. London: The Harvill Press, 1990. ISBN 8-8604-6859-4
- Huxley, Aldous. The Complete Etchings of Goya. New York: Crown Publishers, Inc., 1947.
- Licht, Fred. Goya: The Origins of the Modern Temper in Art. Universe Books, 1979. ISBN 0-87663-294-0
- Licht, Fred, et al. Goya in Perspective. Englewood Cliffs, New Jersey: Prentice Hall, Inc., 1973. ISBN 0-13-361964-8
- Sayre, Eleanor A. The Changing Image: Prints by Francisco Goya. Boston: Museum of Fine Arts, 1974. ISBN 0-87846-085-3
- Shaw, Philip. «Abjection Sustained: Goya, the Chapman Brothers and the 'Disasters of War'». Art History, Volume 26, No. 4, September 2003. ISSN 0141-6790
- Stoichita, Victor and Coderch, Anna Maria. Goya: the Last Carnival. London: Reakton books, 1999. ISBN 1-86189-045-1
- Swartz, Mark. The Disasters of War. Museum of Modern Art, Volume 4, No. 1, January 2001. 10-13
- Tomlinson, Janis A. Goya in the Twilight of Enlightenment. New Haven: Yale University Press, 1992. ISBN 0-300-05462-9
Надворешни врски
уреди„Los desastres de la guerra“ на Ризницата ? |
- Colección de grabados en Internet Архивирано на 20 ноември 2008 г.
- Análisis de las estampas de Los desastres de la guerra
- Francisco de Goya, Los desastres de la guerra[мртва врска], Madrid, Real Academia de Nobles Artes de San Fernando, 1863.
- Bibliografía actualizada (septiembre de 2017) sobre Los desastres de la guerra de Goya.