Графички техники и технологии
Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1]
Главни графички техники
уредиГлавни видови | Механички метод | Хемиски метод | Фотохемиски метод[2] |
---|---|---|---|
Висок печат | Дрворез, Линорез | ||
Длабок печат | Бакрорез, Мецотинта, Сува игла | Бакропис, Акватинта, Мека превлака, Резерваж, Колаграфија | |
Рамен печат | Литографија, Хектографија | Ситопечат, Фотолитографија |
Графички методи
уредиМеханички метод
уредиОвој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила.
Хемиски метод
уредиХемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини.
Фотохемиски метод
уредиОвој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средства[3].
Техника на висок печат
уредиОваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.
Техника на длабок печат
уредиОваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
Техника на рамен печат
уредиТехниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.
Галерија со примери од графички техники
уреди-
Четворицата јавачи 1496 - 98 од Албрехт Дирер , прикажани се Четирите јавачи на Апокалипсата
-
Промена на престојот, од Пол Гоген 1899, дрворез, приватна колекција
-
Печатење на линорез
-
Бакрорез од Амбросиус Ханеман ( 1644)
-
Света Агнеса, мецотинта од Џон Смит
-
Жена во ресторан, сува игла од Лесер Ури
-
Рембрант Херменсон ван Рајн, Богородица и дете со мачка, 1654, бакропис
-
1835, акватинта на која е прикажана првата изведба на операта Пуританци од Винченцо Белини
-
Автопортрет со рака од скелет од Едвард Мунк
-
Реклама за хектограф од 19 век
-
A. мастило, B. гумен ракел, C. слика, D. фотоемулзија, E. свила F. отпечатена слика - Техника на ситопечат
-
Машина за фотолитографија
-
Франциско Гоја „Автопортрет“, циклус „Капричиос“, акватинта
-
Франциско Гоја „Тоа е полошо“, циклус „Ужасите на војната“, бакрорез
-
Франциско Гоја „Варвари“, циклус „Ужасите на војната“, бакропис
-
Франциско Гоја „Предупредување“, циклус „Диспаратес“,акватинта
-
Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
-
Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
-
Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакропис, акватинта
-
Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакрорез, акватинта
Наводи
уреди- ↑ Drucktechnik[мртва врска]
- ↑ „Kunst Druckverfahren“. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ Les différentes techniques d'estampe[мртва врска]
- ↑ Woodcut in Art
- ↑ What is a Linocut
- ↑ bakrorez
- ↑ Mezzotinta
- ↑ „SUHA IGLA“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ bakropis
- ↑ Ofort ja akvatinta
- ↑ „graficke-tehnike“. Архивирано од изворникот на 2019-09-17. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ Резерваж
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ Les techniques de l'estampe
- ↑ Hectographs
- ↑ Screen Printing
- ↑ What is Photolithography
Литература
уреди- ESTAMPES,TAILLE DOUCE & AUTRES PROCÉDÉS, Claire HÉNAULT, 10, rue de Port-Royal[1].
- Chamalieres - 10 Catalogue[2].
- l'estampe et le multiple - Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0 Unported,2011[3].
- Паригин А. Б. Уметноста на графиката XX век (историја, феноменологија, техники, поими). — СПб, 2010. — 304 с. ил. (рус). —. ISBN 978-5-7937-0490-8.
Надворешни врски
уреди- Les procédés de gravure Архивирано на 2 јули 2019 г.
- Petit lexique des techniques de l'estampe Архивирано на 17 септември 2019 г.
„Графички техники и технологии“ на Ризницата ? |
- ↑ „Estampes“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2016-06-01. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ „Catalogue“. Архивирано од изворникот на 2019-08-28. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ l'estampe et le multiple[мртва врска]