Убава Глава (Чаниште)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Убава Глава“
| |
Местоположба | 41°9′55″N 21°41′8″E / 41.16528° СГШ; 21.68556° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Чаниште |
Општина | Прилеп |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Убава Глава — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чаниште. Претставува тврдина од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото, на надморска височина од 756 м. На површината има остатоци од бедемски ѕидови, градени од кршен камен и обработен камен од месно потекло, широки околу 1,5 м. Во североисточниот дел се гледа дека тврдината имала три појаси и терасно се спуштала по падините на ритчето. Средишната градба се наоѓа на врвот од главата на зарамнетото плато.[1]
Поврзано
уреди- Бара — тумул од железното време;
- Богданова Нива — населба од доцноантичкото време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Попов Нос — тумул од железното време;
- Чаниште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 316. ISBN 9989-649-28-6.