Попов Нос (Чаниште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Попов Нос

Карта

Местоположба 41°9′55″N 21°41′8″E / 41.16528° СГШ; 21.68556° ИГД / 41.16528; 21.68556
Основни податоци
Место Чаниште
Општина Прилеп
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Попов Носархеолошко наоѓалиште во прилепското село Чаниште. Претставува тумул од железното време.[1] Се наоѓа на околу 2,5 км северно од Чаниште и претставува возвишение на кое се наоѓаат неколку тумули, од кои некои се диво раскопани.[2]

Истражување и наоди

уреди

Во 2016 година, на Тумулот I биле преземени заштитни археолошки истражувања при што било заклучено дека има приближно кружен облик, и дека бил опкружен со двоен ограден ѕид. Неговите димензии се 12,30 м во правен севе-југ, 11,40 м во правец исток-запад, и височина од 0,55 м. Со истражувањето, било утврдено дека има 6 гробови, од кои некои се радијално поставени, најверојатно околу еден средишен гроб кој бил целосно уништен од страна на диви копачи. Гробот 2 е целосно вкопан во тумулот и со тоа го разрушил оградниот ѕид.[2] Гробот 3 е исто така разрушен од диви копачи. Гробот 5 и 6 се вдлабнати во карпата, но се исто така отворани од дивите копачи. Поради поставеноста, гробот 5 дава знаци дека е средишен односно главен гроб. Конструкцијата од камени плочи на средишниот гроб била целосно отворена и расчистена и се наоѓа на пола метро западно од гробот од кој потекнува. Гробни наоди имало во гробот 2, како и во гробовите 1 и 4 поточно во нивните гробни полнетици. Во, меѓу и покрај гробовите биле биле најдени фрагменти од керамички садови од праисторискиот период. Пронајдени биле и керамички садови, правени на грнчарско коло, од доцноантичко/раносредновековно време.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Тренчо Димитриоски (7 август 2022). „Во царството на тумулите меѓу селата Крушевица и Чаниште, Прилепско“. pelagon.mk. Архивирано од изворникот 2022-08-07. Посетено на 19 јануари 2023.
  2. 2,0 2,1 Повеќе автори (2020). „Тумулите во Мариово (автор на поглавје: Александар Миткоски)“. Зборник на трудови (PDF). Битола: д-р Мери Стојанова, НУ Завод и музеј - Битола. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-19. Посетено на 19 јануари 2023.
  3. Повеќе автори (2020). „Тумулите во Мариово (автор на поглавје: Александар Миткоски)“. Зборник на трудови (PDF). Битола: д-р Мери Стојанова, НУ Завод и музеј - Битола. стр. 9. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-19. Посетено на 19 јануари 2023.

Дополнителна книжевност

уреди