Турхан Хатиџе султан
Турхан Хатиџе султан (1628 - 1683) била една од султанија на османлискиот султан Ибрахим I (владеел 1640-1648) и мајка на неговиот наследник Мехмед IV (владел 1648-1687).
Турхан Хатиџе султан | |
---|---|
Портрет од Хатиџе султан | |
Роден(а) | Надја 1628 |
Починал(а) | 5 јули 1683 |
Народност | Русинка |
Познат(а) по | Регент на Османлиското Царство |
Вера | православие, подоцна ислам |
Сопружник | Ибрахим I |
Деца | Мехмед IV |
Од наложница до Валиде
уредиТурхан Хатиџе султан е родена како Надежда Чистова, и се смета дека имала украинско потекло[1]. Таа била заробена од страна на Татарите и предадена во ропство. Кога имала околу 12 години била однесена во Топкапи-сарај во Цариград како подарок на мајката на Ибрахим I, Косем султан[2]. Најверојатно Косем ја дала на Ибрахим како наложница. На 2 јануари 1642 година таа родила син, идниот Мехмед IV[3]. Но однесувањето на Ибрахим довело до негово симнување од престолот на 8 август 1648 година[4], а по неколку дена бил удавен. На чело на Отоманското Царство застанал Мехмед IV. По качувањето на престолот, според традицијата местото Валиде султан требало да припадне на неговата мајка, но на Турхан не и било дозволено главно поради нејзиното неискуство и младост. Наместо тоа, бабата на султанот и претходната Валиде, односно Косем султан била вратена на оваа позиција. Таа ја имала оваа функција претходно кога нејзините два сина биле на престолот.[5].
Сепак Турхан започнала борба за својата позиција која и следувала и била поддржана од главниот црн евнук и големиот везир, додека Косем била поддржана од јаничарскиот корпус[6]. Во оваа борба за власт, Косем планирала детонизација на Мехмед и негова замена со уште помалиот нејзин внук, бидејќи сметала дека со новата кандидатка ќе може полесно да се контролира[6]. Планот на Косем не успеал и Косем била убиена, а Турхан Хатиџе станала регент на својот син.
Валиде и регентство
уредиПо смртта на нејзината најголема ривалка, таа станала Валиде султан. Како регент на нејзиниот малолетен син се стекнала со голема моќ. Таа го придружувала нејзиниот син на важни состаноци и во неколку наврати зборувала од негово име. Главно поради нејзиното неискуство таа се потпирала на другите членови од диванот и често се советувала во однос на политичките прашања. Ова е познато главно од нејзините писма со главниот везир[7].
Нејзиното регенство било нарушено поради војната со Венецијанците за островот Крит и финансиската криза што настанала од високите трошоци на водење војна. Во 1656 година за нов везир бил назначен Ќопрулу Мехмед-паша, по кое целата политичка моќ била пренесена во негови раце[8].
Покровителство
уредиСпоред историчарите, годината 1656 била пресвртна точка во животот на Турхан. Со доделувањето на неограничена моќ на големиот везир, таа си ја ограничела сопствената. Сепак, таа се оддала на покровителството.
Нејзиниот прв проект започнал во 1568 година. Можеби како одговор од венецијанската закана, таа изградила две тврдини на влезот од Дарданелите. Тврдините, едната на европската а другата на азиската можат да се видат и денес. Овој проект ја сместила Турхан во иста линија со Мехмед II и друѓи султани кои изградиле тврдини во истата област[9].
Сепак, најголемото достигнување на Турхан било завршувањето на Јени џамија, која започнала да се гради од страна на Сафије султан.
Турхан Хатиџе султан била последната жена која имала голема моќ во Османлиското Царство и која дејствувала како регент на својот малолетен син[10]. Се смета дека по нејзината смрт завршил и периодот на Султанатот на жените во империјата на Османлиите.