Венецијански Залив

залив во северниот дел на Јадранското Море

Венецијански Залив (италијански: Golfo di Venezia, словенечки: Beneški zaliv, хрватски: Venecijanski zaljev) — залив во северниот дел на Јадранското Море помеѓу делтата на По (Пад) во северна Италија и полуостровот Истра во Хрватска. Неговата територија е управно поделена меѓу Италија, Словенија и Хрватска.[1]

Венецијански Залив
Венецијанскиот Залив (со сино) во најсеверниот дел на Јадранското Море
ПодрачјеЕвропа
Координати45°19′N 13°00′E / 45.317° СГШ; 13.000° ИГД / 45.317; 13.000
Сливни земјиИталија, Словенија, Хрватска
Прос. длабочина34 м
Населени местаВенеција, Трст, Пула, Адрија

Географија

уреди

Заливот е широк 90 км[2] Просечната длабочина на заливот изнесува 34 метри, и во него се влеваат реките Таљаменто (Тилмент), Пијава, Адиџе, Соча, Драгоња и Брента. Поважни градови на бреговите на Венецијанскиот Залив се Венеција, Трст, Копер, Кјоџа и Пула. Заливот го опфаќа и островот Албарела, кој е популарно туристичко место.

Историја

уреди

Во стариот век, заливот бил јужен крај на Килибарниот пат. Името го добил за време на Венецијанската Република, која во врвот на својата моќ го опфаќала речиси сиот северен Јадран.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Венецијански Залив (Венецијански Залив — GeoNames)
  2. „Gulf of Venice“. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 18 January 2018. Text " gulf, Europe " ignored (help); Text " Britannica.com" ignored (help)

Надворешни врски

уреди