Три Чешми (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Три Чешми

Карта

Местоположба 41°46′23″N 22°08′48″E / 41.77306° СГШ; 22.14667° ИГД / 41.77306; 22.14667
Основни податоци
Место Три Чешми
Општина Штип
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Три Чешмиархеолошко наоѓалиште во штипското село Три Чешми. Претставува населба од римското време. Лежи на 500 м југоисточно од селото, на левата страна од патот за Штип, во голем блок во сопственост на поранешен ЗИК „Црвена ѕвезда“.

Теренот е на блага падина со неколку ниски височинки на кои, уште во 1960 година, биле откриени остатоци од темели на поголеми објекти, градени од камен и вар, потоа фрагменти од керамички садови, питоси и тегули, делкани блокови од камен и рачни мелници. Најден е и долен дел од скулптурална претстава на божество на кој се гледа десното стапало поставено врз глава на овен.[1]

Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 443. ISBN 9989-649-28-6.