Трифун Костадинов Грековски е македонски национален деец, лекар, публицист и истакнат активист меѓу македонското иселеништво во Швајцарија меѓу двете светски војни. Учесник во НОБ.

Трифун Грековски
Роден 1 август 1893
Ениџе Вардар
Починал 9 јуни 1973(1973-06-09) (возр. 79)
Гевгелија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Грековски е роден на 1 август 1893 г. во гратчето Ениџе Вардар, Беломорска Македонија. Во 1920 г. завршува медицина во Женева, каде што подоцна и работи. Таму се зачленува во Македонското студентско дружество раководено од Анастас Коцарев.[1]

Во Виена соработува со весниците „Автономна Македонија“ и „Македонско сознание“. Издава и „Кратка историја на Македонија“. Сакајќи да ја нагласи македонската национална посебност, Грековски секогаш Македонците етнички ги поистоветува со древните Македонци, со народот на Александар Македонски и Филип II.[2]

Bo 1924 г. се врaќа во Македонија, во Гевгелија. Во Втората светска војна е воен лекар во Битола, а подоцна и во Куманово. Во 1944 г. создава импровизирана партизанска болница во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Следната година заминува за Битола, каде што добил задолжение да ја организира здравствената служба. Во периодот од 1954 до 1962 г. работи во Гевгелија, каде што и се пензионирал.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 396
  2. Entangled Histories of the Balkans (Vol. I): National Ideologies and Language Policies, 2013, p. 306