Македонско сознание
„Македонско сознание“ (бугарски: Македонско съзнание) бил весник на Македонската федеративна организација. Излегувал во Виена во периодот од 15 декември 1923 до 1 ноември 1926 година, прво двонеделно, а потоа и неделно, на бугарски јазик, но одделни статии и на македонски, француски и германски.[1] Редакцискиот одбор го сочинувале: Кочо Хаџириндов, К. Терзиев и Георги Карамитрев, во соработка со Никола Јуруков, Филип Атанасов, С. Ковачев, Кл. Размов и други. Се застапуваше за посебност на македонскиот народ и се залагаше за формирање на федерација на јужнословенските народи. Весникот бил финансиран од страна на југословенската влада.[2]
Тип | неделник / двонеделник |
---|---|
Основач | Македонска федеративна организација |
Уредник | Кочо Хаџириндов, Георги Карамитрев, Коста Терзиев |
Основан | 15 декември,1923 |
Јазик | македонски, француски, германски и бугарски |
Престанал | 1 ноември,1926 |
Весникот „Македонско сознание“ претставувал „орган на македонската слобода и интереси“, а фактички бил орган на Македонската емигрантска федеративна организација, односно на интелектуалците од Македонската федеративна организација што побегнале од Бугарија пред теророт на автономистичката ВМРО. Излегувал двонеделно, а потоа неделно, на бугарска книжевна норма, но одделни статии биле и на македонски, француски и германски јазик. Како првостепена задача си поставил да се бори „против орудијата на големобугарскиот империјализам од групата на Тодор Александров, Александар Протогеров и Иван Михајлов“. [3]
Наводи
уреди- ↑ „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, 884-885 стр.
- ↑ Мићић, Срђан. Протогеровисти ВМРО у Југословенској служби 1930–1935. године, Војноисторијски гласник, бр. 2/2018, с. 74.
- ↑ Д-р Александар Литовски: „Крсто Љондев и убиството на Спасое Хаџипоповиќ во битола“[мртва врска]