Тренко Стојаноски

Тренко Јошев Стојаноски ( 1926 во Малкоец, Кичевско1944 во Модриште, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Тренко Стојаноски
Роден 1926 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Модриште, Македонски Брод, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Тренко Стојаноски.

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, ја чувал стоката. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во Групата баталјони. Додека Бригадата била во Егејска Македонија, тој останал во своето село, а во 1944 година повторно бил со партизаните во единиците на Шестата македонска бригада. Учествувал во борбите за ослободувањето на Крушево, а во борбите на Сува Гора бил ранет и пренесен на лекување во болницата во селото Модриште каде што ѝ починал.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 130.