Алистрати (Требеништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Алистрати

Карта

Местоположба 41°12′23″N 20°45′17″E / 41.20639° СГШ; 20.75472° ИГД / 41.20639; 20.75472
Основни податоци
Место Требеништа
Општина Дебрца
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Алистратиархеолошко наоѓалиште во селото Требеништа во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 2,5 км источно од селото и источно од Требенишко кале. На почетокот од долот, во самото подножје во десната страна има урнатини од црква која мештаните ја нарекуваат Св. Наум. Градбата најверојатно претстатувала еднокорабна црква од која е најзачувана основата од апсидниот дел. На просторот се присутни многу бројни фрагменти од покривни ќерамиди (дебелина 2 см). Западно од урнатините се забележуваат поголеми камени плочи кои всушност претставуваат гробови. Со овој назив е означен еден дол што се протега јужно од меѓуселскиот пат Требеништа-Ливоишта, во правец југ-север.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069