Трапезица (Пинд)

планина во Коничко, Епир, Грција

Трапезица (грчки: Τραπεζίτσα) — планина во Коничко, Епир, Грција, дел од венецот Пинд. Највисокиот истоимен врв се издига на 2.024 м надморска височина.[1]

Трапезица
Τραπεζίτσα
Поглед на планината од езерото Драколимни на Тимфи
Највисока точка
Надм. вис.2.024 м
Координати40°02′42″N 20°48′12″E / 40.045° СГШ; 20.8033° ИГД / 40.045; 20.8033
Географија
Трапезица на карта

Карта

МестоКоничко, Епир, Грција
Карта

Планината е дел од Националните паркови „Пинд“ и „Вик-Војуша“ и членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR2130001).[1][2]

Географија

уреди

Планината е стрмна, обрасната со густа шума, сочинета од листопадни дрвја (бука, даб, габер) и зимзелени иглолисни дрвја на повисоките делови.[1] Најблиски околни планини се Тимфи на југ, од која е одделена со длабока клисура на реката Војуша, и Смолика на североисток. Сместена е на самата граница меѓу Коничко и областа Загори. Најблиско гратче е Коница, сместено во западното подножје на планината. Единствено друго населено место е селото Пеклари во северниот дел.

Карпите на планината се сочинети од варовници.[1]

Највисок врв е Трапезица, на надморска височина од 2.024 м. На запад од него се наоѓаат врвовите Ајминадија (1.682 м) и Ѕума (1.396 м), на југ Ридовуни (1.985 м) и Копана (1.278 м) на исток.[3]

Планината се искачува од селото Падеж (1.140 м) за околу два часа и половина, а врвот Ридовуни за околу 4 часа.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 340. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. Εθνικό Πάρκο Βόρειας Πίνδου, Ορεογραφία
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“