Драколимни
Драколимни (грчки: Δρακολίμνη, во превод Змејски Езера) – две планински езера со исто име на соседните планини Тимфи и Смолика, јужен Епир.
Драколимни | |
---|---|
Координати | |
Најг. длабочина | 4,95 м м |
Надм. височина | 2.050 м м |
Пред 10-15 илјади години, заради повлекувањето на ледниците, во Европа се појавиле илјадници езера. Во денешна Грција околу 60 такви езера, од кои само триесетина се со површина поголема од 1 км2. Топењето на снегот на Пинд продолжува до јули.
Тимфи
уредиДраколимни на Тимфи се наоѓа на надморска височина од 2.050 м, среде алпски ливади, северозападно од врвовите Плоскос (2377 м), североисточно од врвот Астрака (2436 м) и на запад-северозапд од врвот Камила (2497 м). Од манастирот Стомиу пешки се стигнува за 3,5 часа. Од колибата Астрака се наоѓа на 1 час пешки, а од селото Микро Папинго на 4 часа. Езерото е познато по алпските мрморци кои го населуваат. Површината му е околу 1 хектар, а длабочината 4,95 м.
Смолика
уредиДраколимни на Смолика се наоѓа на надморска височина од 2.150 м, западно од истоимениот врв Смолика (2637), највисок на втората по височина планина во Грција. Смолика се наоѓа на неколку километри северно од Тимфи. И ова езеро го населуваат алпските мрморци. Езерото има срцевиден облик, површината му е 3-4 декара, обиколката му е 375 стапки. Уште се нарекува Линга, а на влашки Дивирлинга.
Име
уредиИмето на езерата произлегуваат од локални фолклорни легенди, според кои во областа отсекогаш војувале змејови (дракони), користејќи притоа дрвја и камења кои создаваат посебен пејзаж на месноста. Во областа на езерото како и во соседното Мало Змејско Езеро, живее алпскиот тритон кого месното население го нарекува „змеј“ или „дракон“. Големото и Малото Езеро се разделени со дел од националниот парк Вик-Војуша.