Црква „Св. Варвара“ - Лин

Света Варвара (албански: Kisha e Shën Varvarës) — црква во селото Лин, во општината Поградец од Горичката област, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.

Света Варвара
Shën Varvarës
Поглед на црквата
Карта
41°4′1″N 20°38′42″E / 41.06694° СГШ; 20.64500° ИГД / 41.06694; 20.64500
МестоЛин
ЗемјаОпштина Поградец, Албанија
ВероисповедАлбанска православна црква
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ИзградбаXIX век
Управа
МитрополијаГоричка

Градбата претставува трикорабна базилика со повисок среден кораб.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во западниот дел на Линскиот Полуостров, во непосредна близина на Охридското Езеро.

Историја

уреди

Црквата е изградена во крајот на XIX век.[1]

Иконостасот, владичкиот престол и амвонот се дела на видниот градител и копаничар Тодор Петков[2]

Наводи

уреди
  1. Çikopano, Uiliam (2013). Mozaikët paleokristiane dhe bazilika e Linit. Tiranë: Adelprint. стр. 136.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 242.