Чорбаџија или чорбаџи (турски сложеница Çorbacı [1] составена од зборот Çorba значи чорба или супа и наставката ci што значи работи, извршува, дели) — јаничарски воен чин во Отоманското Царство и начелно одговарал на чинот полковник во европските земји. Чорбаџија заповеда со еден орт, т.е. полк, додека ако зборот би бил буквално преведен, тоа би значел оној што дели чорба, што не е случај во стварноста. Можеби зборот потекнува од стариот турски збор korbaşı, што значи командант на единица или логор. Таа титула останала во Туркменистан (Средна Азија) до 1940 година, бидејќи таму корбаши биле водачи на бунтовничките коњанички одреди, наречени басмачи, кои се борле против Црвената армија и Советската Држава.Во морнарицата, титулата чорбаџи се однесувала на командантот на палубата, улога слична на ностромите во Европа.

Во неколку делови, покраини, во Османлиското Царство во кои христијаните биле мнозинство, како и во Македонија, Србија, Бугарија, зборот чорбаџија (македонски: чорбаџија[2][3], српски: чорбаџија бугарски: чорбаджия) се користел како ознака за руралната (христијанска) елита, поглавари на села и богати селани. Нив османлиските власти знаеле да ги вработат за разни административни задачи, како што се: собирање данок, за време на судења и сл. Меѓутоа, од крајот на 19 век, феноменот на османлискиот систем на владеење постепено исчезнува. Овој збор сè уште се користи во жаргон во Бугарија, Турција и Македонија за газда. Исто така, чорбаџијата во различни варијанти е исто така вообичаено презиме меѓу Албанците, Бугарите, Турците и Украинците.[4]

Наводи

уреди
  1. „Турски речник, објашњење самог значења речи“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-07-24.
  2. „чорбаџија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „чорбаџија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Појашњења речи чорбаџија