Тихомир Крцковски
Тихомир Михајлов Крцкоски (Скопје, 28 март 1948 - Скопје, 3 февруари 2012) — македонски специјалист по општа хирургија и супспецијалистваскуларен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1999 година[1]. Медицинскиот факултет и специјализацијата ги завршил во Скопје, а супспецијализацијата во Белград и Лион. Докторирал во 1990 година. Бил директор на Тораковаскуларната клиника од 2000 до 2002 година, а потоа и на ЈЗУ „Универзитетски клинички центар“ - Скопје (од 2002 до 2005). Починал ненадејно на 3 февруари 2012 година во Скопје.[2]
Тихомир Крцковски | ||
Роден | 28 март 1948 Скопје , ![]() | |
---|---|---|
Починал | 3 февруари 2012 Скопје, ![]() | |
Занимање | хирург и универзитетски професор |
БиблиографијаУреди
Објавил над 90 научно-стручни трудови.
- Реконструктивни зафати на феморопоплитеална регија, Скопје, 1991
НаводиУреди
- ↑ Народна и универзитетска библиотека "Климент Охридски". Македонска библиографија: Статии и прилози. 2. Скопје: Библиотека.
- ↑ „Почина истакнатиот хирург д-р Тихомир Крцковски“. Дневник. 3 февруари 2012, 17:13. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2012-02-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)