Европа (митологија)

Европа била ќерка на Агенор, синот на Либија и Посејдон и Телефаса која ја нарекувале и Агриопа. Европа била единствената ќерка меѓу синовите Кадмо, Фојникс, Килик, Таса и Финиј.

Грабнување на Европа

уреди

Љубовникот Зевс занесен од убавината на Европа го испратил Хермес да ја грабне девојката која во близина на Тур шетала со своите другарки. Тој се претворил во силен бел бик и кога таа се искачила на неговиот грб ја однел на Крит (според друга верзија, во Беотија).[1] Претворен во орел, Зевс ја силувал Европа и таа му роди три сина: Миној, Радамонт и Сарпедон.

Потрага по Европа

уреди

Несреќниот Агенор им нареди на своите синови да тргнат во потрага по единствената сестра и да не се вратат без неа. Незнаејќи на која страна тргнал бикот, браќата се разделија и тргнаа на различни страни. Фојникс отпатувал на запад и стигнал до Картагина, Килик замина во земјата која по него доби име Сицилија, Финеј замина во Тинија, Тас пак замина во Олимпија. Кадмо запливал со Телефас кон островот Род. По смртта на брат си Телефас, Кадмо заминал во пророчиштето во Делфи, каде што Питија му кажала да ја напушти потрагата и да тргне по кравата и кога таа ќе цркне од умор, на тоа место да согради град.[2]

Европа како мотив во уметноста

уреди
 
Европа и бикот, слика на Жан Франсоа де Троа, 1716

Европа со бикот е честа тема во уметноста при што таа најчесто е прикажана како го јава бикот, или клечи на неговиот врат, или лежи на него. На пример, познат е мозаикот во Пренеста, кој ја прикажува Европа како лежи на бикот, а со едната рака се придржува на неговиот рог.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 221.
  2. Robert Graves|Robert Grevs]], Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 171 - 174.