Тиберије Киријас (роден во 1908 година во село Трново, Битолско - починал во 1987 година во Љубљана) — македонски научен работник од областа на сеизмологијата.[1]

Тиберије Киријас
Роден 6 август 1928
село Трново, Битолско , Отоманско Царство
Починал 1987
Љубљана, Словенија
Националност Македонец
Занимање историограф

Животопис

уреди

Киријас дипломирал на Техничкиот факултет во Белград во 1934 година. Од мај 1963 година стаанал вонреден професор на Техничкиот факултетво Скопје, кога бил избран и за декан на овој факултет. Од 1965 година станал директор на Институтот за сеизмологија, земјотресно инженерство и урбанистичко планирање на Универзитетот во Скопје.

Бил член на Сојузниот совет за координација на научните дејности, потпретседател на Управниот одбор на Сојузот на југословенските лаборатории, претседател на Советот за урбанизам на Градското собрание на Скопје. Бил претседател на Научниот совет при ИЗИИС. Има објавено голем број научни трудови од разни области: сеизмичко реонирање и микрореонирање; сеизмички ризик; економски истражувања и планирање во сеизмички подрачја; изработка и усовршување на техничка регулатива, стандарди и упатства за планирање, проектирање и градење во сеизмички подрачја; ис-тражување на ефектите на дејството на силни земјотреси и методи за санација и обнова.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Киријас“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 691. Text "series " ignored (help)