Тејт Макреј
Тејт Роснер Макреј (англ. Tate Rosner McRae; родена на 1 јули 2003) ― канадска пејачка и танчерка. На тринаесетгодишна возраст станала позната како прв финалист од Канада во американското реално шоу „Значи сметаш дека знаеш да танцуваш“ (англ. So You Think You Can Dance). Откако нејзините песни станале популарни на интернет, Макреј во 2019 година потпишала договор со RCA Records и во 2020 година го објавила нејзиниот прв мини-албум (EP) All the Things I Never Said. Во 2021 година, Макреј била најмлад музичар на списокот од Форбс „30 до 30“ (англ. „30 Under 30“).
Тејт Макреј | |
---|---|
Тејт Макреј во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Тејт Роснер Макреј |
Роден(а) | 1 јули 2003[1] Калгари, Алберта, Канада |
Жанрови | Поп[2][3][4] |
Занимања |
|
Период на активност | 2013–денес |
Издавачи | RCA |
Мреж. место | tatemcrae.com |
Нејзиното второ EP, Too Young to Be Sad (2021) било најстримувано ЕР од пејачка на Spotify за 2021 година. Првиот студиски албум од Макреј, I Used to Think I Could Fly (2022)[5] бил добро прифатен од критиката и се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во неколку земји. Нејзиниот втор студиски албум, Think Later (2023), дебитирал во топ-5 на топ-листите во неколку земји.
Живот и кариера
уредиДетство и образование
уредиТејт Роснер Макреј [6] е родена на 1 јули 2003 година во Калгари, Канада. Татко ѝ имал шкотско потекло, а мајка ѝ германско потекло.[2][7] На четиригодишна возраст, семејството се преселило во Оман, каде што останале три години.[7][8] На шестгодишна возраст Макреј започнала со рекреативно танцување.[8][9] Откако на осумгодишна возраст се вратила во Калгари, таа почнала со поинтензивни часови по танцување.[10] Од 11-годишна возраст, таа почнала да ги тренира сите стилови на танц во YYC Dance Project, танцова компанија во сопственост на нејзината мајка[11] и се запишала на балет во Балетската школа во Алберта.[9][12][13] Завршила средно образование во 2022 година.[14][15][16]
2013–2018: Танцова кариера
уредиМакреј ја добила наградата „Најдобра танчерка“ на Танцовите награди (англ. Dance Awards) во 2013 година.[17] Во 2014 година била финалист на Националната гала организирана од Њујоршката танцова алијанса.[18] Таа, исто така, го позајмила гласот на Спот Сплатер Сплеш во анимираната серија Лалалупси (Lalaloopsy (2013-2015)).[19]
Во 2015 година, откако освоила сребрен медал како солист и бронзен медал во дует на балетското натпреварување „Американско гран-при за млади“, Макреј добила двонеделна стипендија од Берлинскиот државен балет.[13][20] Во 2015 година Макреј по втор пат ја освоила наградата за најдобра танчерка на Танцовите награди, овој пат во јуниорска конкуренција.[21]
Во јуни 2016 година, настапила на концертот од Џастин Бибер во Калгари.[22] Во јуни 2016 година, Макреј се натпреварувала вотринаесеттата сезона на американското телевизиско шоу „Значи сметаш дека знаеш да танцуваш“ (англ. So You Think You Can Dance).[23] Завршила на трето место.[24]
Во април 2017 година се појавила на насловната страна од списанието <i id="mwoQ">Dance Spirit</i>.[25] Во мај 2017 година, учествувала во па де де во балетот „Наша Канада“ во кореографија на Жан Гран-Маитр.[26][27] Во ноември 2017 година, откако танцувала на песната од Деми Ловато, Тell Me You Love Me, Ловато ја поканила да вежба со нејзините танчери за настап на Американските музички награди.[28] Во 2018 година по трет пат ја освоила награта за најдобра танчерка на Танцовите награди, овој пат во тинејџерска конкуренција,[29] и станала прва танчерка во историјата на натпреварувањето која победила во сите категории, од мини до тинејџерки.
2017–2019: Почетоци на музичката кариера
уредиМакреј на нејзиниот YouTube канал редовно објавувала претежно танцови видеа. Во 2017 година, започнала видео-серијал на кој прикажувала оригинални песни кои самата ги напишала и ги снимала во нејзината спална соба.[14] Првата песна од серијалот „One Day“, која ја напишала на 14-годишна возраст, привлекла над 40 милиони прегледи и Макреј одлучила самостојно да ја објави песната како независен сингл.[30][2] Во периодот од 2017 до 2019 година, Макреј продолжила да поставува и да издава независни синглови како дел од YouTube серијалот. Таа била прогласена за YouTube музичар во подем.[31]
Песната „One Day“ го привлекла вниманието на 11 издавачки куќи.[14] Во август 2019 година Макреј потпишала со RCA Records,[32] затоа што тие покрај музичката кариера ја поддржале и во нејзината танцова кариера.[33][34] Макреј на 24 јануари 2020 година го издала првото EP, под наслов „All the Things I Never Said“ и ја најавила нејзината прва турнеја низ Европа и Северна Америка.[35]
Котекстописци на водечкиот сингл од ЕР-то, „Tear Myself Apart“, биле Били Ајлиш и Финијас Оконел.[35]
2020–2021: Признанија и следни музички изданија
уредиВо април 2020 година, Макреј го издала синглот „You Broke Me First“ како главен сингл од нејзиното второ EP насловено Too Young to Be Sad.[36][37] Песната станала светски хит и се искачила во топ-десет на топ-листите во неколку земји и станал нејзин прв сингл што се пласирал на Billboard Hot 100.[38] Песната се задржала 38 недели на Billboard Hot 100 и со тоа станала песна издадена од пејачка во 2020 година која најдолго се задржала на таа топ-листа.[39] Песната се искачила на прво место на топ-листата од Mediabase и го соборила рекордот за песна од пејачка која најдолго се искачувала до прво место, односно ѝ требале вкупно 28 недели.[39]
Во 2020 година Макреј ги издала сингловите: „Vicious“ во соработка со Лил Моузи (јуни 2020),[40] „Don't Be Sad“ (август 2020),[31] „ Lie to Me “ во соработка со канадскиот пејач Али Гејти (октомври 2020) и „r u ok" (декември 2020). Таа била номинирана за MTV Video Music Award за Push Best New Artist.[41] Во септември 2020 година, таа била на насловната страница на списанието Дорк.[42]
Во 2020 година Макреј добила многу признанија за музичар во подем: била прогласена за музичар во подем на YouTube, за Push изведувач на MTV за јули и за „Откритие на Vevo“ (Vevo DSCVR artist).[43] Таа била вклучена во списокот на Билборд „21 под 21“,[44] а Pandora,[45] The Independent,[46] NME,[47] Amazon Music,[48] и Uproxx[49] ја именувале за изведувач на кој треба да се внимава во 2021 година. Во декември 2020 година, таа била најмлада личност во категоријата музика на списокот од Форбс „30 под 30“.[50][51] Истиот месец, Ролинг Стоун ја ставил меѓу десетте најдобри музичари за 2020 година[44] и се нашла на списокот „The Come Up: Emerging Artists“ објавен од TikTok како еден од најдобрите музичари во развој на платформата.[52] Кон крајот на годината, таа потпишала светски издавачки договор со Sony/ATV.[43]
На 26 март 2021 година Макреј го објавила нејзиното второ EP под наслов Too Young to Be Sad.[53] Во март 2021 година била номинирана за две Џуно награди.[54] Во мај 2021 година била номинирана за наградата Social Star на IHeartRadio Music Awards.[55] Нејзоното ЕР, Too Young to Be Sad, собрало над 1 милијарда стримови на Spotify, со што станало најстримувано ЕР во 2021 година од пејачка на Spotify. ЕР-то било номинирано за албум на годината и за поп-албум на годината на Џуно наградите во 2022 година.[56]
2022–Денес: Студиски албуми
уредиВо јануари 2022 година, таа била номинирана за три iHeart Radio награди.[57] Нејзиниот прв студиски албум, I Used to Think I Could Fly, бил објавен на 27 мај 2022 година.[58] На албумот му претходеле сингловите: „Feel Like Shit“, „She's All I Wanna Be“, „Chaotic“ и „What Would You?“.[59] Во јуни 2022 година таа започнала турнеја за поддршка на албумот.[60] Албумот наишол на позитивни критики и се пласирал во топ-10 на топ-листите во неколку земји, а дебитирал на тринаесетто место на американската топ-листа за албуми Билборд 200.
Во септември 2022 година, Макреј го издала синглот „uh oh“.[61] Во ноември 2022 година, Тејт пеела во песната „10:35“ од Тиесто, промотивен сингл за отворањето на луксузното одморалиште Атлантис Ројал во Дубаи.
Макреј била номинирана за пет Џино награди во 2023 година.[62] На 15 септември 2023 година, го издала „Greedy“ како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум Think Later.[63] Greedy станала нејзина прва песна во топ-10 на глобалната топ-листа на Spotify.[64] Синглот дебитирал на прво место во Норвешка [65] и Данска [66] и се искачил на прво место во неколку земји: Канада, Данска, Австрија и Холандија, како и на глобалната топ-листа од Билборд, Global 200, со што станал нејзин прв официјален сингл на прво место во светот.
Вториот студиски албум на Макреј Think Later бил официјално објавен на 8 декември 2023 година.[67] Албумот добил мешани критики од обожавателите и од критичарите, а Ролинг Стоун го забележал влијанието на М.I.А. и Аријана Гранде во стилот на албумот. Think Later дебитирал во топ-5 на топ-листите во: САД, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Белгија и Норвешка.
По објавувањето на албумот Think Later, Макреј ги објавила сингловите: „Exes“ (17 ноември 2023) и „Run for the Hills“ (8 декември 2023). Во март 2024 година, таа го имала нејзиниот прв настап на Британските музички награди каде ја испеала песната „Greedy“.[68] На Џуно наградите во 2024 година, Макреј освоила Џуно награда за „Музичар на годината“, а за песната „Greedy“ ја освоила наградата „Сингл на годината“.[69]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- I Used to Think I Could Fly (2022)
- Think Later (2023)
Наводи
уреди- ↑ Sherwin, Amanda (January 1, 2015). „You Should Know: Tate McRae“. Dance Spirit. Архивирано од изворникот November 27, 2017. Посетено на May 15, 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Johnson, Tom (March 6, 2020). „On The Rise: Tate McRae“. The Line of Best Fit (англиски). Архивирано од изворникот на November 11, 2022. Посетено на May 18, 2020.
- ↑ Goodfellow, Phillip (May 15, 2020). „The Wylde Interview: Tate McRae“. Wylde. Архивирано од изворникот July 6, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Low, Lex (September 23, 2019). „Calgary's Tate McRae releases 'You broke me first', her first single with RCA Records“. Purple Melons. Архивирано од изворникот July 6, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „i used to think i could fly by Tate McRae“. Архивирано од изворникот на December 30, 2022. Посетено на April 1, 2022.
- ↑ Tate McRae – Instagram Live at Gov Ball (September 24, 2021) (англиски), Архивирано од изворникот на April 24, 2022, Посетено на April 24, 2022
- ↑ 7,0 7,1 Kim, Jae-Ha (October 8, 2019). „Go Away With ... Tate McRae“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на June 18, 2020. Посетено на April 22, 2022.
- ↑ 8,0 8,1 Di Orio, Laura (June 4, 2015). „Up and Coming: Tate McRae“. Dance Informa. Архивирано од изворникот на June 25, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ 9,0 9,1 „Tate McRae, 12, Calgary dancer a Top 10 contestant on So You Think You Can Dance“. CBC News. June 29, 2016. Архивирано од изворникот на October 11, 2016. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „Interview: Dancer and Singer Tate McRae“. Everly Mag. March 19, 2018. Архивирано од изворникот на April 1, 2023. Посетено на December 11, 2020.
- ↑ „YYC Dance Project: A dance team with a dancer's best interests at heart“. Dance Informa. May 2, 2018. Архивирано од изворникот на April 5, 2023. Посетено на December 11, 2020.
- ↑ Hunt, Stephen (July 22, 2013). „Kevin Chen and Tate McRae, Calgary's new generation of artists“. Calgary Herald. Архивирано од изворникот на December 19, 2021. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ 13,0 13,1 Pappaianni, Kayla (January 31, 2020). „Tate McRae Is This Month's 'One To Watch' Artist!“. CKIS-FM. Архивирано од изворникот на June 25, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Volmers, Eric (May 8, 2020). „Fast Track: Calgary teen Tate McRae's music career is exploding, but she still has to do her homework“. Calgary Herald. Архивирано од изворникот на December 19, 2021. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Sang, Zach (January 21, 2020). „Tate McRae Talks Stupid, all the things i've never said, Billie Eilish comparisons & more!“. The Zach Sang Show. Архивирано од изворникот (Event occurs at 1:20) на May 4, 2020. Посетено на June 24, 2020.
- ↑ „Interview: Artist-to-Watch Tate McRae Reflects on New Single 'Rubberband,' Perfectionism, & Her Upcoming EP“. Atwood Magazine. Архивирано од изворникот на January 20, 2021. Посетено на January 21, 2020.
- ↑ Searle, Deborah (January 31, 2017). „Tate McRae bound for Victorian Dance Festival, Australia“. Dance Magazine (англиски). Архивирано од изворникот на July 5, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „My Top Highlights from NYCDA Nationals“. Dance Spirit (англиски). July 8, 2014. Архивирано од изворникот на July 6, 2020. Посетено на May 26, 2020.
- ↑ Leigh, Portia (January 5, 2016). „Astonishingly Talented Canadian Performer Tate McRae Stars in 'Lalaloopsy: Band Together'“. EIN (англиски). Архивирано од изворникот на July 5, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „2015 YAGP – NEW YORK CITY FINALS WINNERS -“. Youth America Grand Prix (англиски). Архивирано од изворникот на January 20, 2021. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „Highlights from The 2015 Dance Awards“. Dance Spirit (англиски). July 13, 2015. Архивирано од изворникот на June 19, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „Monday's Justin Bieber concert and So You Think You Can Dance feature Calgary girl, 12“. CBC News. Архивирано од изворникот на October 2, 2016. Посетено на November 13, 2022.
- ↑ Lo, Tricia (June 13, 2016). „Monday's Justin Bieber concert and So You Think You Can Dance feature Calgary girl, 12“. CBC News. Архивирано од изворникот на October 2, 2016. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Dunham, Jackie (September 14, 2016). „Canadian dancer grateful to perform on So You Think You Can Dance“. CTV News (англиски). Архивирано од изворникот на November 11, 2022. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Mandal, Maggie McNamara (April 19, 2017). „"SYTYCD" Was Just the Beginning for Tate McRae“. Dance Spirit (англиски). Архивирано од изворникот на January 22, 2022. Посетено на January 22, 2022.
- ↑ Bonfield, Stephan (May 5, 2017). „Review: Alberta Ballet's Our Canada tells Gordon Lightfoot's tale of our heritage“. Calgary Herald. Архивирано од изворникот на December 19, 2021. Посетено на April 15, 2021.
- ↑ „Calgary ballerina in new production“. CTV News Calgary. April 26, 2017. Архивирано од изворникот на April 5, 2023. Посетено на April 15, 2021.
- ↑ „MY 2017 REWIND!! (vlog) – tate mcrae“. YouTube. 2:47. Архивирано од изворникот на December 19, 2021. Посетено на February 24, 2021.
- ↑ Fuhrer, Margaret (July 11, 2018). „Tate McRae's First-Place Dance Awards Solo Will Leave You #SHOOK“. Dance Spirit (англиски). Архивирано од изворникот на June 18, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Barnes, Kelsey (February 17, 2020). „There is an undeniable charm and a certain uniqueness to 16-year-old Canadian singer/songwriter Tate McRae“. 1883 Magazine (англиски). Архивирано од изворникот May 17, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ 31,0 31,1 Rose, Anna (August 21, 2020). „Tate McRae releases brooding new single 'don't be sad'“. NME. Посетено на August 23, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Savage, Mark (March 25, 2021). „Why Tate McRae is a pop star you should get to know“. BBC News. Архивирано од изворникот на April 5, 2023. Посетено на April 12, 2021.
- ↑ „Singer-Songwriter Tate McRae Signs to RCA Records“. Music Connection (англиски). August 28, 2019. Архивирано од изворникот на June 18, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ 35,0 35,1 Moore, Sam (January 24, 2020). „Tate McRae releases debut EP 'All The Things I Never Said'“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на April 27, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ „Tate McRae Goes For a Stunning New Single 'slower'“. Out Now Magazine. March 3, 2021. Архивирано од изворникот на March 4, 2021. Посетено на March 3, 2021.
- ↑ Rose, Anna (April 21, 2020). „Tate McRae releases new single 'You Broke Me First'“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на May 27, 2020. Посетено на May 22, 2020.
- ↑ Wass, Mike (September 2, 2020). „Tate McRae Cracks Billboard Hot 100 With "you broke me first"“. Idolator. Архивирано од изворникот на May 8, 2021. Посетено на September 2, 2020.
- ↑ 39,0 39,1 „Tate McRae Takes Over Charts and Reach 1 Billion Streams With "you broke me first"“. Out now. April 19, 2021. Архивирано од изворникот на April 28, 2021. Посетено на April 19, 2021.
- ↑ Rose, Anna (June 19, 2020). „Tate McRae and Lil Mosey collaborate on new single 'vicious'“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на June 22, 2020. Посетено на June 19, 2020.
- ↑ Warner, Denise (August 30, 2020). „Here Are All the Winners From the 2020 MTV VMAs“. Billboard. Архивирано од изворникот на September 5, 2020. Посетено на September 2, 2020.
- ↑ „Superstar-in-waiting Tate McRae is on the cover of this month's Dork“. Dork. August 21, 2020. Архивирано од изворникот на August 23, 2020. Посетено на August 23, 2020.
- ↑ 43,0 43,1 „SONY/ATV SIGNS TATE MCRAE TO WORLDWIDE DEAL“. musicbusinessworldwide (англиски). December 17, 2020. Архивирано од изворникот на December 17, 2020. Посетено на December 17, 2020.
- ↑ 44,0 44,1 Празен навод (help)
- ↑ „Pandora Predicts the Artists to Watch in 2021“. pandora blog. December 9, 2020. Архивирано од изворникот на February 17, 2021. Посетено на December 10, 2020.
- ↑ „Ones to Watch 2021: The 15 musicians to look out for in the new year“. The Independent (англиски). December 29, 2020. Архивирано од изворникот на May 26, 2022. Посетено на December 29, 2020.
- ↑ „The NME 100: Essential emerging artists for 2021“. NME. January 4, 2021. Архивирано од изворникот на December 13, 2023. Посетено на January 4, 2021.
- ↑ „2021 ARTISTS TO WATCH“. Amazon Music. Архивирано од изворникот на February 9, 2021. Посетено на January 29, 2021.
- ↑ White, Caitlin (January 26, 2021). „The Rising Pop Stars To Watch For In 2021“. Uproxx. Архивирано од изворникот на January 28, 2021. Посетено на January 29, 2021.
- ↑ „Profile TateMcrae“. Forbes (англиски). December 1, 2020. Архивирано од изворникот на April 5, 2023. Посетено на December 2, 2020.
- ↑ Hastings, Hailey (February 24, 2021). „Tate McRae Talks All Things, From Going Viral On TikTok To Her Spot On Forbes 30 Under 30“. The Honey POP. Архивирано од изворникот на January 8, 2022. Посетено на January 7, 2022.
- ↑ „Year on TikTok: Music 2020“. TikTok (англиски). December 16, 2020. Архивирано од изворникот на December 16, 2020. Посетено на December 16, 2020.
- ↑ „Too Young to Be Sad (Apple Music Up Next Film Edition) – EP by Tate McRae“. Apple Music. March 26, 2021. Архивирано од изворникот на March 31, 2021. Посетено на March 26, 2021.
- ↑ „Junos“. Juno Awards. Архивирано од изворникот на March 9, 2021. Посетено на March 9, 2021.
- ↑ „iHeartMedia and FOX Announce Nominees for the 2021 "iHeartRadio Music Awards"“. iHeartMedia. Архивирано од изворникот May 4, 2023. Посетено на April 7, 2021.
- ↑ „2022 JUNO Award Nominees“. The JUNO Awards (англиски). Архивирано од изворникот на March 2, 2022. Посетено на March 1, 2022.
- ↑ „2022 iHeartRadio Music Awards: See The Full List of Nominees“. iHeart (англиски). Архивирано од изворникот на January 16, 2023. Посетено на January 28, 2022.
- ↑ „Tate McRae unveils debut album, 'i used to think I could fly' | ABC Audio Digital Syndication“. digital.abcaudio.com. Посетено на 2024-06-18.
- ↑ Richards, Will (2022-03-09). „Tate McRae previews new song 'Chaotic' and reveals debut album is done“. NME (англиски). Посетено на 2024-06-18.
- ↑ Ackroyd, Stephen (2022-03-08). „It looks like Tate McRae might have just finished her debut album“. Dork (англиски). Посетено на 2024-06-18.
- ↑ „Tate McRae announces release of new single Uh Oh, dropping this week Following on from her brilliant debut album, I Used To Think I Could Fly“. Official Charts Company. September 27, 2022. Архивирано од изворникот на September 30, 2022. Посетено на September 30, 2022.
- ↑ „With five nods, Tate McRae among Calgary locals nominated for Juno awards“. calgaryherald (англиски). Архивирано од изворникот на February 2, 2023. Посетено на February 22, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Cantor, Brian (2023-09-20). „"Greedy" Becomes Tate McRae's First Top 10 On Global Spotify Streaming Chart“. Headline Planet (англиски). Архивирано од изворникот на December 13, 2023. Посетено на 2023-09-22.
- ↑ „Singel 2023 uke 38“. topplista.no. Архивирано од изворникот на September 27, 2023. Посетено на 2023-09-22.
- ↑ „Hitlisten.NU“. Hitlisten.NU. Архивирано од изворникот на May 31, 2016. Посетено на 2023-09-30.
- ↑ „Tate McRae Announces Sophomore Album Think Later And 2024 Global 'Think Later Tour'“. Live Nation Entertainment. November 6, 2023. Посетено на 2024-02-11.
- ↑ Beaumont-Thomas, Ben (2024-03-03). „Raye, Tate McRae and a bit of a rave: all the Brits 2024 performances reviewed“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2024-04-06.
- ↑ „2024 Juno Awards Winners: Tate McRae, Daniel Caesar | Billboard Canada“. ca.billboard.com (англиски). Посетено на 2024-04-06.
Надворешни врски
уреди- Тејт Макреј на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Тејт Макреј — AllMusic (англиски)
- Тејт Макреј на Discogs (англиски)