Абдурахман-паша

(Пренасочено од Абдурахман Паша)

Абдурахман Паша (втора половина на XVIII век - Цариград, 1843) бил османлиски феудалец со албанско потекло што го управувал Тетовскиот пашалак. Бил син на Реџеп Паша Тетовски и Милјана од Гнилане. Заедно со браќата, управувал и со пошироката област од Призрен до Штип. За лична заштита ја доградил тврдината на ридот Бал-Тепе над Тетово во 1843 година. Поради учеството во албанското бунтовничко движење, бил повикан на одговорност во престолнината и погубен заедно со двајцата браќа

Предлошка:Османлиско Царство-биог-никулец