Пенести
Пенести (Penestae) – палеобалканска популација што ги населувала териториите на Северозападна Македонија. Првпат се спомнуваат во времето на Третата македонско-римска војна (171–168 пр.н.е.), кога на нивната територија се одвивале судири меѓу македонската и римската војска. Се спомнуваат 11 нивни населби. Најголем град бил Ускана што се наоѓал близу до Кичево.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1131. ISBN 978-608-203-024-1.