Теми Вајнет

американска кантри-пејачка (1942-1998)

Тами Вајнет (англ. Tammy Wynette; родена како Вирџинија Вајнет Пjу (англ. Virginia Wynette Pugh; 5 мај 1942 - 6 април 1998)[1][2] ― американска кантри-пејачка, која се смета за една од највлијателните и најуспешни музичари од тој жанр. Заедно со Лорета Лин, Вајнет придонела за промовирање на женската перспектива на кантри-сцената во која доминирале мажи, со што го пробила патот за другите кантри-пејачки. Нејзината најпозната песна „Stand by Your Man“ добила признанија и пофалби од критиката за прикажувањето на лојалноста на жените кон нивните сопрузи. Често била опишувана како „Прва дама на кантри-музиката“ благодарение на нејзините исклучителни вокални способности и нејзиното влијание врз жанрот.

Теми Вајнет
Теми Вајнет настапува во емисијата Шоуто на Џони Кеш во 1977
Роден(а)Вирџинија Вајнет Пjу
5 мај 1942(1942-05-05)
Округ Итавамба, Мисисипи, САД
Починал(а)6 април 1998(1998-04-06) (возр. 55)
Нешвил, Тенеси, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • писателка
  • глумица
Активен период1965–1998
Сопружник
  • Јупил Бирд (в. 1960; раз. 1965)
  • Дон Чапел (в. 1967; annulled 1968)
  • Џорџ Џонс (в. 1969; раз. 1975)
  • Мајкл Томлин (в. 1976; annulled 1976)
  • Џоџ Ричи (в. 1978)
Деца4

Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • гитара
  • пијано
Издавачи
Мреж. местоtammywynette.com

Вајнет продала околу 30 милиони плочи. Добила две Греми награди, три награди од Здружението за кантри-музика и две награди од Академијата за кантри музика. Вајнет исто така била меѓу првите женски изведувачи на кантри-музика со плочи сертифицирани со злато и платина од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка. Била внесена во Куќата на славните на кантри-музиката и Куќата на славните текстописци од Нешвил.

Рани години

уреди

Вирџинија Вајнет Пју е родена во 1942 година во округот Итавамба во Мисисипи. [3] На татко ѝ му бил дијагностициран неоперабилен тумор на мозок и починал кога Вајнет имала само девет месеци.[1] По неговата смрт, мајка ѝ на Вајнет се преселила во Мемфис, каде што за време на Втората светска војна работела во фабрика за одбрана. За Вајнет се грижеле нејзината баба и дедо и берела памук на нивната фарма во Мисисипи.[1] Научила да свири на музичките инструменти што ги оставил нејзиниот татко.[4]

На 17-годишна возраст, се омажила за Јупл Бирд, што предизвикало влошување на односите со мајка ѝ.[5] Двојката привремено живеела во семејната куќа на Јупл, а потоа во мал стан во Тупело во Мисисипи. Вајнет останала бремена и добила можност да живее без кирија во домот во сопственост на нејзиниот дедо.[5]

Во 1963 година, Јупл нашол работа во Ред Беј во Алабама и со семејството се пресел во тој град. Вајнет ја убедила мајка си финансиски да ѝ помогне за да присуствува на Школата за убавина на г-ѓа Мекгваер.[5] Во меѓувреме Јупл нашол работа во Мемфис и семејство се преселило таму. Во Мемфис се вработила како шанкер и пеела за клиентите.[1] И сопственикот на барот и пијанистот биле импресионирани од талентот на Вајнет и ја убедиле да се преселат во Нешвил. Сепак, семејството набрзо се вратило во Тупело каде што завршила козметичко школо.[5] Откако станала позната, таа секоја година до крајот на нејзиниот живот продолжила да ја обновува лиценцата за козметологија, во случај да мора да се врати на секојдневната работа.[6][7] Вајнет на крајот го напуштила нејзиниот прв брак и се преселила во Бирмингем во Алабама.[5]

Кариера

уреди

1964–1966: Почеток на кариерата

уреди

Вајнет се преселила во Бирмингем во 1964 година и живеела со нејзините баба, дедо, стрико и братучеди. Нејзиниот стрико работел во телевизиската станица WBRC во Бирмингем и ѝ помогнал да добие шанса за аудиција за кантри-музичкото телевизиско шоу од Кантри Бој Еди.[5] По аудицијата била примена да настапува во шоуто, а на нејзиниот прв настап, ја пеела песната „Sweet Dreams“ од Петси Клајн додека камерата била насочена над нејзината половина за да не го покаже трудното тело на Вајнет.[5] Таа се спријателила со пијанистот од серијата, Дејвид Вест, кој ѝ помогнал да сними демо-снимки. Двојката често настапувала заедно во пијано-барови во околината на Бирмингем.[5]

Вајнет почнала да ја посетува локалната радио-станица WYAM и се запознала со диск-џокејот Фред Ленер. Таа го придружувала Ленер на едно патување во Нешвил, што ја инспирирало да започне кантри музичка кариера.[1][5] Во меѓувреме, му дала уште една шанса на Јупл Бирд, со кого не била официјално разведена, и живеле во станбена зграда во Бирмингем. Бирд нашол нова работа, но не се вратил во нивниот стан, според Вајнет. Таа одлучила да се пресели во Нешвил во јануари 1966 година со нејзините три деца и сите нивни работи во нивниот автомобил.[5]

Откако пристигнала во Нешвил, Вајнет живеела во мотел додека се обидувала да обезбеди договор за снимање. Во мотелот го запознала нејзиниот иден сопруг, музичарот Дон Чапел.[5] Чапел се обидел да ѝ помогне на Вајнет да потпише договор за снимање со издавачките куќи Musicor, Hickory, Kapp и Decca, но сите тие ја одбиле Вајнет. Продуцентот од Нешвил, Келсо Херстон ѝ помогнал да потпише договор за снимање со Epic во 1966 година.[3]

Во тој момент Шерил го променила нејзиното уметничко име од Вајнет Бирд во Теми Вајнет.[5] Со Epic Records го снимила нејзиниот прв сингл, „Apartment No. 9“.[8] Иако имала сингл на топ-листите, Вајнет сепак имала мали приходи.[1][5] Продуцентот од Епик, Били Шерил, му наложил на агентот за резервации Хуберт Лонг да ѝ одреди датуми на турнеја. Повеќето промотери не сакале да ја резервираат Вајнет бидејќи била жена. „Почнав да сфаќам дека работам во машки свет и повеќето од нив гледаа со презир на жените во бизнисот“, објаснила таа подоцна.[1]

1967-1975: Пробив со песната „Stand by Your Man“ и дуети со Џорџ Џонс

уреди

Во 1967 година, Вајнет го издала синглот „Your Good Girl's Gonna Gon Bad“,[8] која станала нејзин прв голем хит.[4][9] Оваа песна го означила почетокот на нејзиниот огромен подем на кантри-сцената. Нејзиниот прв албум со истото име исто така бил објавен во 1967 година.[10] Следел дует со Дејвид Хјустон под наслов „ I Don't Wanna Play House“, кој бил нејзиниот прв кантри-сингл кој се искачил на прво место.[4] Го објавила и соло-синглот „I Don't Wanna Play House“ кој се искачил на врвот на топ-листата за кантри-музика во 1967 година.[8] Подоцна Вајнет добила Греми награда за најдобра женска кантри-изведба.[11] Нејзини следни синглови кои се нашле на врвот на кантри топ-листите до 1968 година биле: „Take Me to Your World“ и „DIVORCE“.[8]

 
Промотивна слика на Вајнет, 1970 година

Вајнет започнала со турнеи придружувана од нејзиниот сопруг Дон Чапел и групата Countrypolitans. Направила и неколку заеднички концерти со Чапел, Дејвид Хјустон и Џорџ Џонс. Откако откриле дека имаат романтични чувства еден кон друг, Вајнет се развела од Чапел и во 1969 година се омажила за Џонс.[1][5]

За време на овој период, Вајнет го снимила синглот „Stand by Your Man“. Песната става акцент на жените кои стојат покрај своите сопрузи.[1][9] Исто така, добила критики од феминистичкото движење кое ја сметало песната за премногу конзервативна.[12][13] „Stand by Your Man“ се нашла на врвот на кантри-листите од Билборд и RPM,[8][14] и стигнала до 19-то место на Hot 100.[15]

По објавувањето на „Stand by Your Man“, Вајнет добила низа признанија. Во 1969 година, станала член на Гранд Оле Опри и ја освоила нејзината втора Греми награда.[11][16] Во 1969 година добила признание за најдобра пејачка од Академијата за кантри музика и три признанија за пејачка на годината од Здружението за кантри музика (1968, 1969 и 1970 година).[17][18] Нејзината компилација од 1969 година, „Најголемите хитови од Теми“, бил меѓу првите кантри-албуми од женски изведувач сертифициран со злато (а подоцна и со платината) од Здружението на музичките сниматели на Америка.[7][19]

 
Во 1969 година, Вајнет се омажила за Џорџ Џонс. Тие снимале и патувале заедно како дует. Нивната врска поминала низ неколку предизвици и завршила со развод во 1975 година.

Вајнет беше меѓу најуспешните и најпопуларните музичари во кантри-музиката.[1][4] Објавила уште десет сингла кои се искачиле на врвот на Билбордовата топ-листа за кантри-музика: „Singing My Song“ (1969), „The Ways to Love a Man“ (1969), „He Loves Me All the Way“ (1970), „Run Woman Run“ (1970), „Good Lovin' (Makes It Right)“ (1971), „Bedtime Story" (1971), „My Man (Understands)" (1972), „'Til I Get It Right" (1972), „Kids Say the Darndest Things" (1973) и "Another Lonely Song" (1973).[8] Повеќето од овие песни биле на тема за домаќинките кои се обидуваат да ги одржат своите сопрузи среќни или за ефектите што проблематичните бракови ги имаат врз децата.[1][5] Исто така, Epic Records објавиле низа студиски албуми од Вајнет во овој период.

Покрај нејзината соло-кариера, Вајнет е добро позната и по нејзината соработка со Џорџ Џонс, легендарен кантри-пејач и нејзин сопруг од 1969 до 1975 година. Двојката се вбројува меѓу најуспешните и најпознатите кантри-дуети.[20][21] Двојката имала комплициран и бурен брак, но успеале да создадат некои од најнезаборавните дуети во историјата на кантри-музиката, вклучувајќи ја нивната автобиографска песна „We’re Gonna Hold On“[22] и „Near You“. Иако нивниот брак завршил со развод поради проблемите на Џонс со алкохолот,[23][24] тие продолжиле да соработуваат на музички проекти дури и по разделбата.[25][26]

1976–1998: Подоцнежна кариера

уреди

Во текот на 1980-тите и 1990-тите години, Вајнет продолжила да снима музика и да настапува, но се соочувала со сериозни здравствени проблеми кои честопати ја принудувале да го ограничи бројот на настапи. Една од нејзините последни големи соработки била со британската група The KLF и хитот „Justified and Ancient“ во 1991 година. Во 1992 година, песната била на врвот на топ-листите во 11 европски земји и стигнала до 11-то место на американската топ-листа Billboard Hot 100, што ѝ донело дополнителна слава на пејачката.

Во 1992 година, за време на претседателската кампања на Бил Клинтон, неговата сопруга Хилари рече дека не е како „оние ситни жени кои, како Теми Вајнет, ги поддржуваат своите сопрузи“.[27] Вајнет овие зборови ги сфатила како навреда, а Хилари била принудена јавно да ѝ се извини на дивата на кантри-музиката.[28]

Во 1993 година, Вајнет заедно со Лорета Лин и со Доли Партон го снимиле студискиот албум Honky Tonk Angels.[29] Honky Tonk Angels стигнал до шесто место на топ-листата за кантри-албуми од Билборд.[10] [30] Ова бил прв албум на Вајнет во топ-десет по 18 години и нејзин прв албум по 22 години со златен сертификат во САД.[10][19]

Во 1994 година, Вајнет издала студиски албум со дуети под наслов Without Walls.[31] На албумот имало соработки со значајни музичари од тоа време, вклучувајќи ги: Мелиса Етериџ, Елтон Џон и Стинг.[5] Здравствените проблеми продолжија да ѝ создаваат проблеми на Вајнет во 1990-тите, бидејќи нејзината зависност од лекови на рецепт се зголемила. Често пропуштала концерти затоа што била премногу болна за да настапи.[5] Во средината на 1990-тите, Вајнет била хоспитализирана со тешка инфекција на жолчниот канал од што за малку ќе починела.[32] За време на опоравувањето, Вајнет била посетена од Џорџ Џонс, кој ја убедил да сними уште еден албум со него.[33] Како резултатот на соработката бил објавен албумот One (1995).[34]

Во 1995 година, Вајнет била исфрлена од нејзината долгогодишна издавачка куќа, Epic Records.[5] Последните концерти и телевизиски настапи на Вајнет биле одржани во март 1998 година.[5]

Болест и смрт

уреди

Вајнет во текот на животот ја мачеле здравствени проблеми. Во раните 1970-ти, Вајнет се соочила со сериозни здравствени проблеми, била подложена на операција на жолчното кесе, бубрезите и гркланот. Почина на 6 април 1998 година, во нејзиниот дом во Нешвил, Тенеси. Имала 55 години.[35] Во оригиналниот извештај стои дека Вајнет починала од згрутчување на крвта во белите дробови.[36]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Bufwack & Oermann.
  2. „Tammy Wynette“. Country Music Hall of Fame and Museum. Посетено на June 28, 2022.
  3. 3,0 3,1 Wynette & Dew (1979).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Erlewine, Stephen Thomas. „Tammy Wynette: Biography“. AllMusic. Посетено на August 25, 2015.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 5,17 5,18 McDonough.
  6. Празен навод (help)
  7. 7,0 7,1 Drake, Samantha (September 15, 2017). „The Story Behind Tammy Wynette's Tragic Life The addiction that killed her began decades prior“. Country Living. Посетено на June 30, 2022.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Whitburn, Joel (2009). Hot Country Songs 1944 to 2008. Record Research, Inc. стр. 1079. ISBN 978-0-89820-177-2.
  9. 9,0 9,1 Wolff, Kurt (2000). Country Music: The Rough Guide. Penguin Books Ltd. стр. 334–337. ISBN 978-1858285344.
  10. 10,0 10,1 10,2 Whitburn, Joel (1997). Joel Whitburn's Top Country Albums: 1967-1997. Record Research Inc. ISBN 0898201241.
  11. 11,0 11,1 „Tammy Wynette: Artist“. Grammy Awards. Посетено на June 29, 2022.
  12. Празен навод (help)
  13. Bugg, Anita (October 28, 2000). 'Stand By Your Man'. NPR. Посетено на June 30, 2022.
  14. „Search results for "Tammy Wynette" under Country Singles“. RPM. July 17, 2013. Посетено на December 8, 2019.
  15. Whitburn, Joel (2011). Top Pop Singles 1955–2010. Record Research, Inc. ISBN 978-0-89820-188-8.
  16. Kingsbury, Paul (1995). The Grand Ole Opry History of Country Music 70 Years of the Songs, the Stars, and the Stories. Villard Books. стр. 148–150. ISBN 9780679435563.
  17. „Search winners: Tammy Wynette“. Academy of Country Music. Посетено на June 30, 2022.
  18. „CMA Past Winners & Nominees: Tammy Wynette“. Country Music Association. Посетено на June 30, 2022.
  19. 19,0 19,1 „Gold & Platinum: Tammy Wynette“. Recording Industry Association of America. Посетено на June 30, 2022.
  20. Kettler, Sara (December 15, 2020). „Tammy Wynette and George Jones' Rollercoaster Relationship Despite many ups and downs — including two divorce filings — the pair still recorded some of the best duets in country music history“. Biography. Посетено на July 1, 2022.
  21. Logdson, Nate (April 28, 2017). „The 10 Best George Jones Duets“. Paste. Посетено на July 1, 2022.
  22. Paulson, Dave (September 24, 2019). „Ken Burns' 'Country Music,' Episode 7 recap: Waylon Jennings, Emmylou Harris and 'I Will Always Love You'. The Tennessean. Посетено на July 1, 2022.
  23. Drake, Samantha (September 15, 2017). „The Story Behind Tammy Wynette's Tragic Life The addiction that killed her began decades prior“. Country Living. Посетено на June 30, 2022.
  24. Wolff, Kurt (2000). Country Music: The Rough Guide. Penguin Books Ltd. стр. 334–337. ISBN 978-1858285344.
  25. Rohter, Larry (February 28, 1997). „Even After the D-I-V-O-R-C-E George Jones Stands By His Woman“. The Washington Post. Посетено на July 2, 2022.
  26. Cantwell, David (March 1, 1998). „Tammy Wynette – D-I-V-O-R-C-E / George Jones & Tammy Wynette – Golden Ring. No Depression. Посетено на July 1, 2022.
  27. Gilbert, Calvin (April 18, 2003). „Political Controversies Found Wynette and McGraw“. Country Music Television. Архивирано од изворникот на March 5, 2008. Посетено на December 19, 2019.
  28. „STILL STEAMING“. The Buffalo News. November 21, 1995. Посетено на August 6, 2022.
  29. Paulson, Dave (April 14, 2022). „Happy 90th birthday, Loretta Lynn! 13 defining moments from the country legend's life“. The Tennessean. Посетено на July 14, 2022.
  30. Празен навод (help)
  31. Hurst, Jack (September 11, 1994). „A NASHVILLE TAKEOVER“. Chicago Tribune. Посетено на July 14, 2022.
  32. „Condition of Tammy Wynette Is Critical After an Infection“. The New York Times. December 31, 1993. Посетено на July 14, 2022.
  33. „George Jones Answers Eight Questions for His 80th Birthday“. Taste of Country. September 12, 2011. Посетено на July 14, 2022.
  34. Kettler, Sara (December 15, 2020). „Tammy Wynette and George Jones' Rollercoaster Relationship Despite many ups and downs — including two divorce filings — the pair still recorded some of the best duets in country music history“. Biography. Посетено на July 1, 2022.
  35. Staff August 7, 2003, CMT com. „Tammy Wynette Dies At 55“. CMT News. Архивирано од изворникот на June 25, 2016. Посетено на October 22, 2020.
  36. „Wynette autopsy finds heart failure cause of death“. CNN. May 20, 1999. Архивирано од изворникот на 2022-09-28. Посетено на July 19, 2022.

Надворешни врски

уреди