Теба (месечина)
Теба (/ˈθiːбiː/ грчки: Θήβη), позната и како Јупитер XIV, е четвртата месечина на Јупитер според растојание од планетата. Била откриена од Стивен Синот од фотографиите кои вселенската сонда Војаџер 1 ги направила на 5 март 1979, додека го прелетувала Јупитер.[5] Во 1983 година, месечината била официјално именувана по митолошката нимфа Теба.[6]
Слика од Теба направена од вселенското летало Галилео на 4 јануари 2000 | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Стивен Синот / Војаџер 1 |
Откриено | 5 март 1979 |
Ознаки | |
Орбитални особености | |
Периапсида | 218.000 км[б 1] |
Апоапсида | 226.000 км[б 2] |
Главна орбита полупречник | 221.889,0 ± 0,6 км (Предлошка:Jupiter radius)[1] |
Занесеност | 0,0175 ± 0,0004[1] |
0,674536 ± 0,000001 д (16 h 11.3 min)[1] | |
Просечна орбитална брзина | 23.92 km/s (calculated) |
Наклон | 1,076 ± 0,003 ° (to Jupiter's equator)[1] |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Димензии | 116 × 98 × 84 km[2] |
Среден полупречник | 49,3 ± 2,0 км[2] |
Зафатнина | 500.000 км3 |
0,013 м/с2 (0.004 g)[2][б 3] | |
20–30m/s[3][б 4] | |
synchronous | |
zero | |
Албедо | 0,047 ± 0,003[4] |
Температура | ≈ 124 K |
Втора по големина од внатрешните месечини на Јупитер, Теба орбитира по надворешниот раб на прстенот кој се формира од прашината исфрлена од нејзината површина.[3] Месечината е со неправилен облик и со црвеникава боја, и се смета дека како Амалтеја се состои од мраз заедно со непознати количества на други материи. На површината има големи кратери и високи планини, некои од нив можат по големина да се споредат со самата месечината.[2]
Теба била фотографирана во 1979 година со Војаџер 1 и 2, и подоцна, во 1990-тите, уште подетално со вселенското летало Галилео .[2]
Откривањето и согледувања
уредиТеба била откриена од страна на Стивен Синот од сликите на Војаџер 1 направени на 5 март 1979 година и првично ѝ била дадена привремената ознака S/1979 J 2.[5][7] Во 1983 година, била официјално именувана по митолошката нимфа Теба која му била љубовница на Зевс—грчкиот еквивалент на Јупитер.[6]
Откако била откриена со Војаџер 1, Теба била фотографирана и од Војаџер 2 во 1979 година.[3] Меѓутоа, пред да стигне леталото Галилео на Јупитер, сознанијата биле доста ограничени. Галилео ја исликал речиси цела површина на Теба и помогнал да се разјасни нејзиниот состав.[2]
Орбита
уредиТеба е најоддалечената од внатрешните месечини на Јупитер, и орбитира на растојание од околу 222,000 км (3.11 Јупитерови полупречници). Нејзината орбита има орбитално занесување од 0.018 и наклон од 1.08° во однос на екваторот на Јупитер.[1] Овие вредности се невообичаено високи за внатрешна месечина и можат да се објаснат со минато влијание на најблиската Галилеева месечина, Ија.[3] Во минатото, неколку орбитални резонанции со Ија веројатно поминале низ орбитата на Теба додека Ија постепено исчезнувала од Јупитер и истите ја возбудиле орбитата на Теба.[3]
Орбитата на Теба се наоѓа во близина на надворешниот раб на прстенот, кој е составен од прашината исфрлена од месечината. По исфрлањето на прашината наноси се упатиле накај планетата под дејство на Појтинг–Робертсон ефектот формирајќи прстен.[8]
Физички одлики
уредиТеба има неправилен облик, со најблиска елипсовидна апроксимација од 116×98×84 км. Нејзината површина е веројатно помеѓу 31,000 и 59,000 (~45,000) км2. Нејзините зафатнинска густина и маса не се познати, но под претпоставка дека нејзината густина е како онаа на Амалтеја (околу 0.86 g/cm3),[2] масата може да се процени на околу 4.3 × 1017 кг.
Слично на сите внатрешни месечини на Јупитер, Теба ротира синхронично со своето орбитално движење, така што едното лице секогаш ѝ е свртено накај планетата. Нејзината ориентација е таква што долгата оска секогаш покажува на Јупитер.[3][3]
Кратерот Зетус е најголемиот кратер (со пречник од околу 40 км) кратер и единствената именувана површина на месечината Теба. Има неколку светли точки на работ на овој кратер.[2] Се наоѓа на далечната страна на Теба, која не е свртена кон Јупитер. Бил откриен со вселенското летало Галилео. Името го добил по Зетус, сопругот на нимфата Теба во старогрчката митологија.[9]
Површината на Теба е темна и се појавува во црвеникава боја.[4] Има значителна асиметрија помеѓу почетните и крајните полутопки: водечката полутопка е 1.3 пати посветла од крајната. Асиметричноста најверојатно е предизвикана од повисоката брзина и честота на влијанијата на водечката полутопка, која ископува светла материја (веројатно мраз) од внатрешноста на месечината.[4] Површината на Теба е со многу кратери и се чини дека постојат барем три или четири ударни кратери кои се многу големи, секој приближно со големина колку самата Теба.[3]
Наводи
уредиОбјаснувачки белешки
- ↑ Calculated as a×(1 − e), where a is semimajor axis and e is eccentricity.
- ↑ Calculated as a×(1 + e), where a is semimajor axis and e is eccentricity.
- ↑ The estimate from Thomas, 1998 was divided by 1.5 to account for the difference in assumed densities.
- ↑ The estimate from Burns, 2004 was divided by 1.5 to account for the difference in assumed densities.
Цитати
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Cooper Murray et al. 2006.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Thomas Burns et al. 1998.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Burns Simonelli et al. 2004.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Simonelli Rossier et al. 2000.
- ↑ 5,0 5,1 Synnott 1980.
- ↑ 6,0 6,1 IAUC 3872.
- ↑ IAUC 3470.
- ↑ Burns Showalter et al. 1999.
- ↑ „Planetary Names: Crater, craters: Zethus on Thebe“. United States Geological Survey. October 3, 2006. Посетено на August 7, 2015.
Цитирани извори
- Burns, Joseph A.; Showalter, Mark R.; Hamilton, Douglas P.; Nicholson, Philip D.; de Pater, Imke; Ockert-Bell, Maureen E.; Thomas, Peter C. (14 May 1999). „The Formation of Jupiter's Faint Rings“. Science. 284 (5417): 1146–1150. Bibcode:1999Sci...284.1146B. doi:10.1126/science.284.5417.1146. PMID 10325220.
- Burns, Joseph A.; Simonelli, Damon P.; Showalter, Mark R.; Hamilton, Douglas P.; Porco, Carolyn C.; Throop, Henry; Esposito, Larry W. (2004). „Jupiter's Ring-Moon System“ (PDF). Во Bagenal, Fran; Dowling, Timothy E.; McKinnon, William B. (уред.). Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere. Cambridge University Press. стр. 241–262. Bibcode:2004jpsm.book..241B. ISBN 978-0-521-81808-7. Укажано повеќе од еден
|ISBN=
и|isbn=
(help) - Cooper, N. J.; Murray, C. D.; Porco, C. C.; Spitale, J. N. (March 2006). „Cassini ISS astrometric observations of the inner jovian satellites, Amalthea and Thebe“. Icarus. 181 (1): 223–234. Bibcode:2006Icar..181..223C. doi:10.1016/j.icarus.2005.11.007.
- Marsden, Brian G. (April 28, 1980). „Satellites of Jupiter“. IAU Circular. 3470. Посетено на 2012-03-28.
- Marsden, Brian G. (September 30, 1983). „Satellites of Jupiter and Saturn“. IAU Circular. 3872. Посетено на 2012-03-28.
- Simonelli, D. P.; Rossier, L.; Thomas, P. C.; Veverka, J.; Burns, J. A.; Belton, M. J. S. (October 2000). „Leading/Trailing Albedo Asymmetries of Thebe, Amalthea, and Metis“. Icarus. 147 (2): 353–365. Bibcode:2000Icar..147..353S. doi:10.1006/icar.2000.6474.
- Synnott, S. P. (14 November 1980). „1979J2: The Discovery of a Previously Unknown Jovian Satellite“. Science. 210 (4471): 786–788. Bibcode:1980Sci...210..786S. doi:10.1126/science.210.4471.786. PMID 17739548.
- Thomas, P. C.; Burns, J. A.; Rossier, L.; Simonelli, D.; Veverka, J.; Chapman, C. R.; Klaasen, K.; Johnson, T. V.; Belton, M. J. S. (September 1998). „The Small Inner Satellites of Jupiter“. Icarus. 135 (1): 360–371. Bibcode:1998Icar..135..360T. doi:10.1006/icar.1998.5976.
- USGS/IAU. „Zethus on Thebe“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. USGS Astrogeology. Посетено на 2012-03-27.
Надворешни врски
уреди- Профил Архивирано на 8 јуни 2007 г. на Теба од НАСА Истражување на сончевиот Систем
- Теба номенклатура од USGS планетарна номенклатурна страница