Ташко Ширилов
Ташко Ширилов (20 август 1938 во Горничево — 30 јуни 2019 во Скопје) — македонски раскажувач, романописец, книжевен критичар, поет и преведувач од француски јазик.[1]
Ташко Ширилов | |
---|---|
Роден/а | 20 август 1938 Горничево, Леринско, Грција |
Починат/а | јуни 2019 Скопје, Македонија | (возр. 80)
Занимање | книжевник, книжевен критичар и преведувач |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиТашко Ширилов е роден на 20 август 1938 година во леринското село Горничево, Егејска Македонија. Се иселува во Македонија како дете-бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје.
Работел како новинар во весникот „Вечер“, а потоа и во Друштвото на литературни преведувачи на Македонија, каде го издава списанието „Огледало“, познато како списание на бескомпромисни критики кон некои современи македонски автори.
Бил претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија.
Со Паскал Гилевски го покренал и го издавал независниот весник „За македонцките работи“ (1971–72).
Од француски на македонски преведувал дела од Виктор Иго, Стендал, Александар Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и други.
Творештво
уреди- Икар, поезија, 1976;
- Тимотеј и Лидија, роман, Зумпрес, 1999;
- Фразеолошки речник на македонскиот јазик, том први, Ск., 2003 (во соавторство со Тодор Димитровски);
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шкариќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1653. Text "series " ignored (help)