Сјаење (роман)
Сјаење — хорор роман од 1977 година на американскиот писател Стивен Кинг. Тој е трет објавен роман на Кинг, а неговиот успех цврсто го утврдил Кинг како истакнат автор во хорор жанрот. Дејството и ликовите се под влијание на личните искуства на Кинг, вклучувајќи ја и неговата посета на хотелот Стенли во 1974 година и неговата борба со алкохолизмот. Романот бил адаптиран во филм во 1980 година и минисерија во 1997 година. По оваа книга следувало продолжение, Доктор Сон, објавено во 2013 година, кое пак било адаптирано во истоимениот филм во 2019 година.
Корицата на македонското издание | |
Автор | Стивен Кинг |
---|---|
Земја | Соединети Американски Држави |
Јазик | Англиски |
Жанр | |
Издадена | 28 јануари, 1977 |
Страници | 447 |
Следна | Доктор Сон |
Сјаење се фокусира на Џек Торенс, писател и алкохоличар, кој прифаќа позиција како чувар вонсезона на историскиот хотел Оверлук во Карпестите планини во Колорадо . Неговото семејство го придружува на оваа работа, вклучувајќи го и неговиот мал син Дени, кој поседува „сјаење“, низа психички способности кои му помагаат на детето да погледне во ужасната вистинска природа на хотелот. Наскоро, откако зимската бура го остава семејството затрупано со снег, натприродните сили кои живеат во хотелот влијаат на разумот на Џек, ставајќи ги неговата сопруга и син во голема опасност.
Содржина
уредиЏек Торенс, надежен писател,[1] е ангажиран како зимски чувар во хотелот Оверлук, изолиран хотел во Колорадо . Џек е алкохоличар кој исто така има проблеми со гнев при што, пред дејството во книгата, случајно му ја скршил раката на неговиот син Дени и ја изгубил наставничката работа откако нападнал ученик. Џек се надева дека изолираноста на хотелот ќе му помогне повторно да се поврзе со Дени и неговата сопруга Венди и исто така да добие потребната мотивација да напише нова книга.
Непознати за неговите родители, Дени поседува психички способности наречени „сјаење“, кои вклучуваат читање умови, претчувства и јасновидство . Додека се вселуваат во хотелот при неговото сезонско затворање, семејството Торенс го запознава готвачот Дик Халоран, кој поседува слични способности како оние на Дени и се зближува со него.[2]
Додека семејството Торенс живее само во Оверлук, Дени гледа духови и има застрашувачки визии. Дени не им кажува на неговите родители за неговите визии бидејќи чувствува дека оваа работата е важна за неговиот татко, а доколку и каже на неговата мајка Венди, таа ќе го остави Џек сам во Оверлук. Меѓутоа, Дени наскоро сфаќа дека неговото присуство во хотелот ја прави натприродната активност уште посилна, претворајќи ги визиите и духовите од минатите трагедии од историјата на хотелот во опасни закани. Привиденијата добиваат силна форма и оживуваат a oживуваат и вештачките животни направени од дрвја во градината. Зимските снежни врнежи го оставаат семејството Торенс отсечено од надворешниот свет.
На Оверлук му е тешко да го поседува Дени, па го свртува своето внимание кон Џек со тоа што ја фрустрира неговата желба за работа и со тоа што го примамува со мрачната историја на хотелот. Џек почнува да развива кабинска треска и станува сè понестабилен, уништувајќи двонасочно радио и саботирајќи моторна санка, единственото средство за бегство на семејството од хотелот. По тепачката со Венди, Џек го гледа барот во хотелот целосно полн со алкохол и покрај тоа што претходно бил празен и се наоѓа себеси како присуствува на забава со духови. Како што се опива, хотелот го користи духот на Делберт Грејди, претходниот чувар на хотелот кој го убил неговото семејство, за да го поттикне Џек да го стори истото со Дени и Венди. Тој првично се спротивставува, но на крајот подлегнува на својата темна страна и на страната на хотелот.[3][4]
Венди и Дени го совладуваат Џек откако тој ја напаѓа Венди, затворајќи го во визбата, но духот на Грејди го ослободува откако Џек ќе му вети дека ќе му го донесе Дени на хотелот и ќе ја убие Венди. Џек ја напаѓа Венди со еден од хотелските чекани, и сериозно ја повредувајќи, но таа бега во една од собите во хотелот и се заклучува во бањата. Џек се обидува да ја скрши вратата со чекан, но Венди му ја пресекува раката со жилет за да го одврати. Во меѓувреме, Халоран, добива повик телепатски од Дени дека се наоѓа во неволја, го напушта зимско одморалиште во Флорида каде што сега работи и брза назад во Оверлук да им помогне на семејството Торенес,но кога пристигнува е нападнат од вештачките животни од дрво,а потоа прободен и со нож од Џек.
Додека Џек го гони Дени низ хотелот и почнува да го удира за да го убие, тој накратко добива контрола врз себе и го моли Дени да побегне. Хотелот брзо повторно ја превзема контролата над Џек. Џек се присетува дека заборавил да го намали притисокот врз нестабилниот котел од бојлерот на хотелот. Додека Дени, Венди и Халоран бегаат, Џек брза кон подрумот во обид да го исфрли притисокот, но веќе е доцна. Котелот експлодира, убивајќи го Џек и уништувајќи го Оверлук. Хотелот се обидува за последен пат да го запоседне и Халоран, но не успева и тој ги води Дени и Венди на безбедно.
Дејството во поговорот на книгата е поставен во текот на следното лето. Халоран, кој се вработил како готвач во одморалиште во Мејн, го теши Дени поради загубата на неговиот татко додека Венди се опоравува од повредите што и ги нанел Џек.
Заднина
уредиОткако ги напишал Кери и „Салемовиот Лот“, кои се одвиваат во малите градови во родната Мејн на Кинг, Кинг сакал промена на темпото за неговата следна книга: „Сакав да поминам една година подалеку од Мејн за мојот следен роман да биде поразличен“.[5] Кинг отворил атлас на Соединетите Држави на неговата кујнска маса и по случаен избор одбрал локација, која се покажала дека е Боулдер, Колорадо.[6]
На 30 октомври 1974 година,[7] Кинг и неговата сопруга Табита престојувале во хотелот Стенли. Тие биле единствените двајца гости во хотелот таа вечер: „Кога пристигнавме, тие штотуку се подготвуваа да ја затворат сезоната, а ние се најдовме единствените гости во тоа место - со сите тие долги, празни ходници“.[5]
Десет години претходно, Кинг го прочитал расказот на Реј Бредбери од 1950 година „ The Veldt “ и бил инспириран да напише приказна за личност чии што соништа стануваат реални. Во 1972 година, Кинг започнал роман со наслов Darkshine, кој требало да биде за едно момче со натрприродни способности, но идејата никогаш не се остварила и тој не ја напишал книгата. Кога престојувал во хотелот Стенли, желбата да напише слична приказна му се вратила.[8]
Кинг и неговата сопруга вечерале таа вечер во големата трпезарија во хотелот, сосема сами. Им бил понуден еден избор за вечера, единствениот оброк што се уште бил достапен. Оркестирана музика се слушала во трперазијата, а нивната маса била единствената маса поставена за јадење: „Освен нашата маса, сите столчиња беа кренати на масите. Така, музиката одекнува низ ходникот и, си мислам, ова е како Бог да ме донесе тука и ми даде инспирација".[9] По вечерата, неговата сопруга заспала, но Кинг останал да се шета низ празниот хотел. Завршил во барот, а пијалок му послужил шанкер по име Грејди.[7]
Според зборовите на Кинг: „Таа ноќ сонував како мојот тригодишен син трча низ ходниците, гледајќи назад преку неговото рамо, со широко отворени очи и вреска. Го бркаше противпожарно црево, и тогаш јас се разбудив препотен, станав, запалив цигара, седнав на столот гледајќи низ прозорецот во Карпестите планини, и додека да ја допушам цигарата, веќе идеата за книгата ја имав цврсто поставена во мојот ум“.[6]
Пред да ја напише Сјаење, Кинг ги напишал романот Работа на Патот и новелата Tелото. За првичната верзија на Сјаење му биле потребни помалку од четири месеци за Кинг да ја заврши.[6] Насловот е инспириран од песната на Џон Ленон од 1970 година „ Инстант карма! “, која ја содржел репликата „Ние сите блескаме“.[10] Бил Томпсон, уредник на Кинг во издавачката куќа Даблдеј, се обидел да го предомисли Кинг од Сјаење бидејќи мислеше дека откако ќе ги напише Кери и ' Salem's Lot“ , да почне да пишува друг жанр на книги бидејќи ќе биде запаметен само како писател на хорор. Кинг го сметал тоа за комплимент.[6]
Продолженија
уредиВо ноември 2009 година, за време на читање во театарот Канон во Торонто, Кинг ѝ кажал на публиката дека има идеја за продолжение на Сјајење. Идејата била поттикната од честото прашање кое го добивал: „Што се случи со Дени? Приказната сега ќе го следи Дени Торенс, кој сега има 40-ти години, живее во Њу Хемпшир, каде што работи како болничар во дом за изнемоштени и ги користи своите моќи за да ги испрати смртно болните пациенти во нивната смрт.[11] Подоцна, на 1 декември, Кинг објавил анкета на неговата официјална веб-страница, прашувајќи ги посетителите да гласаат која книга треба да ја напише следна, Доктор Сон - продолжението на Сјаење или ново продолжение на романот „Темната кула".
Гласањето завршило на 31 декември,со тоа што Доктор Сон добил 5.861 глас, додека Ветерот низ клучалката - продолжението на Темната кула добил 5.812 гласови.[12] Исто така во Доктор Сон, кој е објавен во септември 2013 година, заплетот вклучува патувачка група на вампири кои се хранат од енергијата на децата со натприродни способности.[13][14]
Адаптации
уредиРоманот бил адаптиран во истоимениот игран филм од 1980 година, во режија на Стенли Кјубрик и косценарио со Дајан Џонсон . Самиот Кинг напишал сценарио, кое првично беше многу слично на романот, но било отфрлено од Кјубрик.[15][16] Иако самиот Кинг бил разочаран од адаптацијата, и го критикувал неговото справување со главните теми на книгата и ликот на Венди, тој се смета за еден од најголемите хорор филмови некогаш направени .[17] Презирот на Кинг кон филмот не се намалил во последните години, бидејќи неговиот роман „Аутсајдер“ од 2018 година дури вклучил и навреда за тоа колку лошо е направена интерпретацијата на филмот на Кјубрик.[18] Филмската адаптација „Доктор Сон" e објавена во 2019 година, a била напишана и режирана од Мајк Фланаган и служела како директно продолжение на филмот на Кјубрик, но исто така во голема мера ги користел и адаптирал елементите од романот Сјаење, вклучително и оригиналната приказна за Џек што е инкорпорирана во возрасниот лик на Дени, ефектите од алкохолизмот и заклучокот од приказната се користи за кулминација на филмот, што на крајот доведува до тоа да биде одобрена од Кинг.[19][20][21]
Романот подоцна бил адаптиран и во телевизиска минисерија, која премиерно била прикажана во 1997 година на ABC . Кинг го напишал и внимателно го следел создавањето на серијата за да се осигура дека ќе го следи наративот на романот. Минисеријата стекнала популарност од фановите и филмските критичари, но во последниве години филмските критичари сметаат дека е полоша од филмот на Кјубрик.[22] Романот бил адаптиран и во истоимената опера во 2016 година. Исто така романот бил адаптиран и во сценска претстава во режија на Иво ван Хов, а по сценарио на Сајмон Стивенс .[23] Бен Стилер наводно е во преговори да го игра Џек Торенс во сценската претстава.[24][25] Спин-оф серија насловена Overlook е во развој на Џеј Џеј Абрамс и неговата продукциска компанија Bad Robot . Требало да се емитува на HBO Max и да ги истражува хорор приказните за хотелот Overlook. Сепак, до август 2021 година, немало напредок за серијата да почне да се снима за HBO Max и била понудена на други платформи пред Нетфликс да ја земе наредната година.[26][27]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bruhm, Steven (January 1996). „On Stephen King's Phallus; Or the Postmodern Gothic“. Narrative. 4 (1): 55–73. JSTOR 20107071.
- ↑ Hohne, Karen A. (Fall 1994). „The Power of Spoken Word in the Works of Stephen King“. Journal of Popular Culture. 28 (2): 93–103. doi:10.1111/j.0022-3840.1994.2802_93.x.
- ↑ Martin Alegre, Sara (June 2001). „Nightmares of Childhood: The Child and the Monster in Four Novels by Stephen King“. Atlantis. 23 (1): 105–114.
- ↑ Holland-Toll, Linda J. (Fall 1999). „Bakhtin's Carnival Reversed:King's The Shining as Dark Carnival“. Journal of Popular Culture. 33 (2): 131–146. doi:10.1111/j.0022-3840.1999.3302_131.x.
- ↑ 5,0 5,1 "The Stephen King Companion" Beahm, George Andrews McMeel press 1989
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 "Stephen King: America's Best-Loved Boogeyman" Beahm, George Andrews McMeel Press 1998
- ↑ 7,0 7,1 "Stephen King Country" Beahm, George Running Press 1999
- ↑ "Stephen King: The Art of Darkness" Winter, Douglas E. Plume 1984
- ↑ Vvdailypress.com Архивирано на 18 октомври 2006 г.
- ↑ King discusses this in Underwood, Tim; Chuck Miller (1988). Bare Bones: Conversations in Terror with Stephen King'. McGraw-Hill. стр. 125. ISBN 9780446390576.
- ↑ „Stephen King planning possible sequel to The Shining“.
- ↑ „Doctor Sleep wins?“. Stephenking.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-07. Посетено на 2011-09-20.
- ↑ „Dr. Sleep Sequel Confirmed“. Архивирано од изворникот на 2017-11-04. Посетено на 2011-09-27.
- ↑ „Stephen King Officially Announces 'The Shining' Sequel, 'Dr. Sleep'“. 2011-09-26.
- ↑ „First page of "The Shining" screenplay as written by Stephen King“. June 22, 2015. Архивирано од изворникот на August 4, 2021. Посетено на August 4, 2021.
- ↑ „The Shining's Original Script DIDN'T Kill Dick Hallorann (Why It Changed)“. ScreenRant. September 9, 2020. Архивирано од изворникот на July 9, 2021. Посетено на July 5, 2021.
- ↑ Lagassé, Paul (September 2013). Columbia Electronic Encyclopedia, 6th Edition. Columbia University Press. стр. 1. ISBN 9780787650155.
- ↑ Nordine, Michael (2018-05-21). „'The Outsider': Stephen King Reaffirms His Hatred of Stanley Kubrick's 'The Shining' in New Novel“. IndieWire (англиски). Посетено на 2021-11-28.
- ↑ Tyler, Adrienne (November 11, 2019). „Doctor Sleep Definitively Explains (& Rewrites) The Shining's Ending“. Screen Rant. Посетено на December 15, 2019.
- ↑ Lopez, Kristen (November 4, 2019). „Director Mike Flanagan Discusses Returning To The Overlook For 'Doctor Sleep'“. Forbes. Посетено на December 18, 2019.
- ↑ Anderson, Kyle (November 8, 2019). „Mike Flanagan on Changing King's Doctor Sleep Ending“. Nerdist. Посетено на September 27, 2022.
- ↑ Smith, Greg (Summer 2002). „The Literary Equivalent of a Big Mac and Fries?: Academics, Moralists, and the Stephen King Phenomenon“. Midwest Quarterly. 43 (4): 329–345.
- ↑ Hershberg, Marc. „'The Shining' Could Be Coming to Broadway“. Forbes (англиски). Посетено на 2019-08-23.
- ↑ Ben Stiller in talks to star as Jack Torrance in 'The Shining' play – NME
- ↑ Ben Stiller to Play Jack Torrance in a Stage Adaptation of Stephen King's THE SHINING – GeekTyrant
- ↑ Andreeva, Nellie (2021-08-04). „'The Shining' Offshoot Series 'Overlook' From Bad Robot Not Going Forward At HBO Max, Closing In On New Home“. Deadline (англиски). Посетено на 2021-08-04.
- ↑ Andreeva, Nellie; Fleming, Mike Jr. (25 May 2022). „J.J. Abrams' 'Demimonde' In Jeopardy Over Budget Drama As Bad Robot's Overall Deal Faces Scrutiny By Warner Bros. Discovery“. Deadline.
Надворешни врски
уреди- Сјаење title listing at the Internet Speculative Fiction Database
- Bookpoi - How to identify first edition copies of Сјаење by Stephen King.