Сузан Кахраманер
Сузан Кахраманер (турски: Suzan Kahramaner, 21 мај 1913 – 22 февруари 2006) била една од првите жени математичари во турската академија.[1]
Сузан Кахраманер | |
---|---|
Роден(а) | мај 21, 1913 Истанбул, Турција |
Починал(а) | февруари 22, 2006 Истанбул, Турција | (возр. 92)
Националност | Турска |
Полиња | Математика |
Установи | Истанбулски универзитет |
Образование | Истанбулски универзитет |
Докторски ментор | Керим Ерим |
Поважни награди | Медал од Јовјаскјоланскиот универзитет medal Меч на војната за независност (Ротари клуб) |
Образование
уредиКахраманер е родена во Усќудар во Истанбул. Мајка ѝ била Музејен Ханим, ќерка на благајник за областа Халеп а татко ѝ бил хирург, д-р Рифки Осман Бег. Таа учела во основното училиште Мода Нумуне Инас помеѓу 1919 и 1924 година а потоа се запишала во Нотр Дам Де Сион во 1924 година, каде го завршила средното образование и стекнала француска диплома за помината матура во 1934 година.
По реформите во високото образование спроведени во 1933 година, Истанбул Дарулфунун, кој бил единствената високообразовна институција во земјата бил модернизиран и преименуван во Истанбулски универзитет.[2] Сузан Кахраманер ги започнала своите дипломски студии на Истанбулскиот универзитет во 1934 година, на Одделот за математика и астрономија.[3] Модернизиран и со обновени наставни содржини, на Истанбулскиот универзитет во тоа време предавале познати германски академици кои пред Втората светска војна побегнале од Германија.
За време на нејзините додипломски студии, таа слушала предавања на многу познати математичари, вклучително проф. д-р Али Јар, проф. д-р Керим Ерим, проф. д-р Ричард Вон Мизес, проф. д-р Хилда Герингер и проф. д-р Вилијам Прагер.
Во 1939 година, Сузан Кахраманер дипломирала на одделот за математика и астрономија на Истанбулскиот универзитет. Започнала со истражувачки проекти во областа на физиката помеѓу 1939 и 1940 година.
Во 1943 година, ги започнала своите докторски студии за Коефициентни проблеми во теоријата на комплексни функции кај проф. д-р Керим Ерим, првиот математичар во Турција со завршени докторски студии. Тој докторирал на Универзитетот Фридрих-Александар во Германија кај проф. д-р Адолф Хурвиц и бил првиот научник во Турцијаза докторски студии по математиката. Докторската дисертација на Кахраманер[4] била под наслов, За аналитичките функции кои ја преземаат истата вредност или дадени вредности (француски: Sur les fonctions analytiques qui prennent la même valeur ou des valeurs donnés).
Професионален развој
уредиНа почетокот на академската година 1940-1941, бидејќи наставниците во тоа време не биле именувани во Истанбул туку биле именувани по другите градови во Турција, таа почнала да работи како помошник учител во Женската гимназија во Чамлиџа како наставник по математика до 1943 година.
Во 1943 година, работела како и како асистент за Анализа I и Анализа II, предмети на Одделот за математика на Факултетот за наука на Истанбулскиот универзитет. Откако нејзината докторска теза била одобрена, Сузан Кахраманер ги продолжила своите научни и академски студии на Истанбулскиот универзит како една од првите жени математичари во Турција со докторски студии по математика.
Таа ја напишала тезата, За аргументот на едновалентните функции (француски: Sur l'argument des fonctions univalentes )[5] и стекнала титула Доцент истата таа година откако успешно ги поминала потребните испити. Во јануари 1957 година била испратена на студиски престој во траење од една година кај проф. д-р Ролф Неванлина на Хелсиншкиот универзитет, со цел да направи истражување за Теоријата на комплексни функции. Истата година во август, учествувала на Скандинавскиот конгрес на математичари, на Меѓународниот колоквиум за Теорија на функциите, во Хелсинки, каде имала можност да се запознае со многу познати математичари како Ернст Хелдер, Вилхелм Блашке и др.
Во ноември 1957 година, таа заминала за Цирих за да ги продолжи своите научни истражувања на Универзитетот во Цирих, каде што предавал проф. д-р Ролф Неванлина каде останала една година. Во август 1958 година, учествувала на Меѓународниот конгрес на математичари во Единбург одржан од страна на Меѓународната математичка унија, каде се доделуваат Филдсовиот медал, наградата Невалина, Гаус и Черн медалот. При крајот на 1958 година, се вратила на Истанбулскиот универзитет а есента 1959 година, ја освоила НАТО стипендијата, за која аплицирала со препорака на проф. д-р Ролф Невалина и работела на Универзитетот во Цирих во текот на 1959 -1960.
Потоа, еден месец спроведувала научно истражување во Универзитетот Стенфорд и истата година, во септември, ги продолжила своите истражувања на Хелсиншкиот универзитет. Се вратила на своето работно место на Истанбулскиот универзитет на крајот на октомври 1960 година.
Учествувала на Меѓународниот конгрес на математичари кој се одржал во Стокхолм во август 1962 година. Во август 1966 година, се приклучила на Меѓународниот конгрес на математичари (ICM) во Москва а по конгресот, спровела студии на Хелсиншкиот Универзитет во септември и октомври, со цел да ја комплетира нејзината професорска теза.
Професорската теза, под наслов За особеностите на диференцијабилна примена (француски: Sur les singularités d'une application différentiable) била прифатена во 1968 година и таа ја стекнала титулата Професор. Во 1970 година, таа спроведувала научни истражувања на различни универзитети во Лондон, Париз, Цирих и Ница и учествувала на Меѓународниот конгрес на математичари во Ница во 1970 година.
Истата година, го дала својот придонес за основањето на Балканскиот сојуз на математичари, реализиран со учество на Романија, Југославија, Грција, Бугарија и Турција и во 1971 учествувала на Балканската унија на математичари во Атина и на Конгресот организиран од страна на Балканскиот сојуз на математичари во септември 1971 година.
Во 1976 учествувала на Меѓународниот симпозиум за теорија на функции на Институтот Силиври за математичко истражување. На овој симпозиум, проф. д-р Ролф Невалина ѝ ја доделил титулата за почесен член а истата година ѝ бил доделен медал на Финскиот универзитет Јовјасколан. Сузан Кахраманер била раководител на Одделот за математика на Истанбулскиот Универзитет во 1978 и 1979 година и била ментор за докторската дисертација на Ахмет Дернет, Рифки Кахраманер и др.
Во почетокот на 1983 година, по 40 години поминати на Истанбулскиот универзитет, Сузан Кахраманер се пензионирала. Иако во пензија, таа сепак продолжила со своето научно истражување и во август 1987 година, присуствувала на Симпозиумот Полф Невалина одржан во Ленинград.
Сузан Кахраманер починала во Истанбул, на 22 февруари 2006 година.
Награди и признанија
уреди- Меч на војната за независност, доделен од страна на Халик Ротари клубот на 75-тата прослава на Турската република.
- Почесен медал од Универзитетот Јовјасколан, Финска.
Публикации
уредиКахраманер, која зборувала англиски, француски, германски и арапски јазик, напишала бројни научни истражувања, од кои некои се:
- За аналитичките функции кои имаат иста вредност или дадени вредности во две дадени точки (Sur les fonctions analytiques qui prennent la même valeur ou des valeurs données en deux points donnés (ou en m points donnés), Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 20, 1955.
- Една верзија на аргументите на функциите (Ein verzerrungssatz des argumentes der schlichten funktionen, (заедно со Назим Терзиоглу) Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 20, 1955.
- За аргументите на аналитичките функции (Über das argument der anlytischen funktionen, (заедно со Назим Терзиоглу) Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 21, 1956.
- За однесувањето на речиси единечна репрезентација близу до некоја единствена точка (Sur le comportement d'une représentation presque-conforme dans le voisinage d'un point singulier), Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 22, 1957.
- За диференцијабилни примени на комплексен план (Sur les applications différentiables du plan complexe), Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 26, 1961.
- За коефициентите на унивалентни функции (Sur les coefficients des fonctions univalents), Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 28, 1962.
- Модерни математички методи и модели (Modern Mathematical Methods and Models Volume I: Multicomponent Methods (A Book of Experimental Text Materials), (Translation from The Dartmouth College Writing Group; E.J. Cogan, R.L. Davis, J. G. Kemeny, R.Z. Norman, J.L. Snell and G.L. Thompson) Malloy Inc., Ann Arbor, Michigan, ABD, 1958.
- За аргументот на едновалентните функции (Sur l'argument des fonctions univalentes), Revue de la faculté des sciences de l'université d'Istanbul, Série A, Vol. 32, 1967.
Извори
уреди- Сузан К ахраманер - Математички генеалошки проектот
- 9-ти Меѓународен симпозиум за Теорија на геометриски функции и примени Симпозиум, GFTA2013 (Посветен на Сузан Кахраманер) Апстракт.
Наводи
уреди- ↑ „Suzan Kahramaner, matemática | Efemérides | Mujeres con ciencia“. Mujeres con ciencia (шпански). Посетено на 2018-03-25.
- ↑ LLC, Revolvy. „"Istanbul University" on Revolvy.com“. www.revolvy.com (англиски). Посетено на 2018-03-25.
- ↑ „Dünya Matematik Tarihindeki 5 Kadın Dehamız - Matematiksel“. www.matematiksel.org (турски). Архивирано од изворникот на 2018-04-03. Посетено на 2018-03-25.
- ↑ Kahramaner, Suzan (1962). „Sur les applications différentiables du plan complexe“. Istanbul University Science Faculty the Journal of Mathematics, Physics and Astronomy (англиски). 26 (0): 25–36. ISSN 1300-0713.[мртва врска]
- ↑ Kahramaner, Suzan (1971). „SUR L' ARGUMENT DES FONCTIONS UNIVALENTES“. Istanbul University Science Faculty the Journal of Mathematics, Physics and Astronomy (англиски). 32 (0): 1–22. ISSN 1300-0713.[мртва врска]