Стојан Тасески
Стојан Китанов Тасески ( 1922 во Лавчани, Кичевско — 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојан Тасески | ||
Роден | 1922 година Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Винковци, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со сточарство и земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во септември 1944 година во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Кичево и Гостивар, а потоа во составот на Четириесет и осмата дивизија. Загинал на Сремскиот Фронт во борба со германците во близината на Винковци во април 1945 година.[1]