Стојан Стојаноски (Малкоец)
Стојан Дејан Стојаноски ( 1923во Иванчишта, Кичевско — 1 октомври 1943во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил сточар. Определен за борба со фашистичкиот окупатор, во текот на 1942 година почнал активно да го помага народно-ослободителното движење, која активност ја продолжил ѝ во текот на 1943 година кога бил осомничен од балистите кои го барале за да го стрелаат, но во летото 1943 година Стојан се приклучил на Кичевскиот партизански одред заедно со својот син Дејан. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, се упатиле со комесарот Мирко Милески на Буковиќ во одбрана на слободната територија, каде загинал во борба со германците и балистите на 1 октомври 1943 година - загинале заедно ѝ таткото ѝ синот.[1]