Дејан Стојаноски
Дејан Стојанов Стојаноски ( 1919 во Малкоец, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис уреди
Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Како напреден младинец, уште од почетокот станал симпатизер на народно ослободителното движење. Во текот на 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во селото Извор, а во пролетта 1943 година заминал партизан со својот татко Стојан. Со Одредот влегол во слободно Кичево во септември 1943 година. Од Кичево, заедно со повеќе свои другари ѝ својот татко, заминале со четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија на Буковиќ каде загинале во борба со германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]