Стојан Матиќ (19151942) бил учесник во априлската војна, народно-ослободителната борба и народен херој на Југославија.

Стојан Матиќ
Роден 1915
Небљуси кај Долни Лапац
Починал 27 февруари, 1942
Долни Лапац
смртно ранет

Животопис

уреди

Роден е во 1915 година во Небљуси кај Долни Лапац, во сиромашно селско семејство. После завршеното основно училиште, продолжил со гимназија во Бихаќ. Есента 1934 година се запишал на војната академија во Белград. Военото школување го продолжил во воздухопловното училиште за извидници. Тука бил унапреден во поручник. Во априлската војна паднал во германско заробеништво кај Добоја, но после неколку дена успеал да побегне. Учесник во народно-ослободителната борба е од 1941 година. После почетокот на востанието на 27 јули во Србија и Босна, Матиќ организирал напад врз жандармерската станица во „Небљусима“. Се запознал со Марко Орешковиќем Крнтијом кој го предложил за командант на батаљонот герилски одреди за Лику. Командант станал на 23 август. Во ноември 1941, станал заменик командант на групата партизански одреди за Лику, вршејќи истовремено и должност како командант на Лапачковиот батаљон. Во половината на јануари 1942, примен е за член на комунистичката партија на Југославија. Смртно бил ранет во организираниот напад на партизанските единици на италјанскиот гарнизон во Долни Лапац 27 февруари, 1942 година. Наредниот ден, борците на неговите батаљон го погребале на местото на смртта. На 27 ноември, 1953 година прогласен е за народен херој.