Стојан Бунгуроски

Стојан Ванчов Бунгуроски ( 1923 во Кичево1944 во Сарандиново, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Стојан Бунгуроски
Роден 1923 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Сарандиново, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација
Починал од претепувањето од страна на Бугарите
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил шивач. Уште за време на окупацијата се определил за борба против окупаторот. Посебно била забележлива неговата активност околу организирањето млади луѓе за борба против окупаторот. Во почетокот на 1943 година, сакајќи да се поврзе со единиците на НОВ на Македонија, заедно со својот другар Методија Стефаноски, се упатиле кон Дебарца и преку селото Мраморец упаднале на територијата окупирана од фашистичка Бугарија. По неколку денови, стигнале во Битола каде се поврзале со тамошната партиска организација. За време на зимата 1944 година работеле во Битола, но во пролетта биле откриени од бугарските фашисти. Биле фатени, малтретирани и осудени на смрт. На пат за Македонски Брод, кај селото Сарандиново, поради тепањето од страна на Бугарите, Стојан починал.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 47.