Методија Стефаноски

Методија Лазев Стефаноски (прекар:Митуш) ( 1922 во Кичево1944во Сарандиново, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Методија Стефаноски
Роден 1922 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Сарандиново, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште му помагал на својот татко во меаната како работник, но не го прекинал школувањето. Учел гимназија во Охрид. Окупацијата го затекнала во седми клас. Уште од првите денови на окупацијата, се определил за борба против окупаторот, така што при крајот на 1941 година бил опфатен во воспитната група. Активно работел во Младинската организација и растурал илегален материја со што станал кандидат за прием во партијата во август 1943 година. Во слободно Кичево работел на организирање и прифаќање на нови младинци, а активен бил и на состаноците. Кон крајот на ноември 1943 година, поради големиот терор на окупаторот, Методија заедно со Стојан Бунгуроски, тргнале да се поврзат со единиците на НОВ. Преку селото Мраморец - Охридско, навлегле на територија окупирана од Бугарија и во Битола се вработил како угостителски работник, вклучувајќи се во тамошната партиска организација. При една провала бил фатен од бугарските фашисти, затворен и ѕверски мачен, а потоа биле осудени на смрт, но на пат за Македонски Брод, кај селото Сарандиново починале поради тешките повреди и рани, заедно со Стојан Бунгуроски.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 123.