Етрурска азбука

(Пренасочено од Староиталско писмо)

Етрурска или староиталска азбука се однесува на неколку изумрени азбуки во употреба на Апенинскиот Полуостров во антиката за разни (главно италски) и неиндоевропски (на пр. етрурски) јазици.

Етрурска, староиталска
Тип
азбука
Период
VII до I век п.н.е.
Правец на пишувањеод десно кон лево Уреди на Википодатоците
Јазицииталски јазици, Етрурски, Ретски
Сродни писма
Матични системи
феникиска азбука
Изведени системи
Латиница, Рунска азбука
Сродни системи
малоазиски азбуки
ISO 15924
ISO 15924Ital, , ​Old Italic (Etruscan, Oscan, etc.)
Уникод
Уникоден назив
Old Italic
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).
Забелешка: Оваа статија содржи специјални знаци.


Марсилијанска таблица абецедариум, ц. 700 п.н.е.: ABGDEVZHΘIKLMN[Ξ]OPŚQRSTUXΦΨ, од десно на лево.

Овие азбуки водат потекло од евбејската грчка кисмата азбука, во употреба во Исхија и Кими во Неаполскиот Залив за време на VIII век п.н.е.. Кимската азбука пак, била доста слична на феникиската, заради феникиското влијание за западно-централното Средоземје.

На италскиот огранок му припаѓаат разни индоевропски јазици (фалиски и членови на Сабелијанската група, како оскиот, умбријскиот и јужнопикенскиот, како и други индоевропски ограноци како венетскиот и месапскиот) кои ја користеле оваа азбука. Фалиската, оската, умбријската, севернопикенската и јужнопикенската потекнуваат од етрурската форма на азбуката.

Германската рунска азбука најверојатно води потекло од една од овие азбуки (II век).

Етрурската азбука

уреди
 
Етрурски кипус (надгробник) од некрополата Крочифисо дел Туфо вон Орвјето, Италија, со напис на староиталска (етрурска) азбука

Не се знае дали процесот на прифаќање на грчката азбука се случил во Италија од првата грчка колонија, градот Кими, или пак во Грција/Мала Азија. ВО секој случај ова била западногрчка азбука. Кај азбуките на западот, X имал звучна вредност [ks], Ψ означувал [kʰ]; на етрурски: X = [s], Ψ = [kʰ] или [kχ] (Rix 202-209).

Најраниот етрурски абецедариум, наречен таблица од Марсилијана д'Албења (близу Гросето) која датира од ц. 700 п.н.е., дава 26 букви кои соодвествуваат на современите облици на грчката азбука сан и копа, но кои сѐ уште ја немале буквата омега.

Ψ Φ X U T S R Q Ś P O Ξ N M L K I Θ H Z V E D G B A
Ψ Φ                                                
 
Споредба на западногрчката (евбејска) со архаичната и класичната етрурска азбука и латиницата

Сѐ до околу 600 п.н.е., архаичната етрурска азбука останала непроменета, а правецот на пишување бил по волја на пишувачот. Меѓутоа по ова се случиле еволуции на азбуката, водени од фонологијата на етрурскиот јазик, и буквите за фонеми кои не постоеле во етрурскиот биле изфрлени. Веќе во 400 п.н.е., цела Етрурија ја користела класичната етрурска азбука од 20 букви, која главно се пишувала од десно на лево:

ACEVZHΘILMNPŚRSTUΦΨF

Може да се забележи дека додатен знакл во облик сличен на бројката 8,   транскрибиран како F, постоел во лидиската и етрурската азбука (Jensen 513). Неговото потекло е спорно; ова можеби било променето B или H или новосоздадена буква (Rix 202). Нејзината звучна вредност била /f/ и го заменила етрурското FH. Од друга страна некои букви престанувале да се употребуваат: B и D се сметале за излишни на местото на P и T. K било исфрлено на местото на G (транскрибирано и како C). O исчезнало и било заменето со U. Во текот на поедноставувањето, излишните букви покажуваат тенденција кон слоговник: C, K и Q главно се користеле во контекстите CE, KA, QU.

Оваа класична азбука се употребувала сѐ до II век п.н.е. кога почнала да се контаминира со подемот на латиницата. Наскоро потоа, самиот етрурски јазик изумрел.

Оска азбука

уреди

Оските веројатно ја прифатиле архаичната етрурска азбука за време на VII век п.н.е., меѓутоа препознатлива оска варијанта на азбуката не гледаме пред V век п.н.е. Оските ја прошириле класичната етрурска азбука со додавање на долги варијанти на I и U, транскрибирани како Í и Ú. U го означувало оското o, додека Ú се користело за u.

ABGDEVZHIKLMNPŚRSTUFÚÍ

Азбука од Лугано

уреди

Азбуката од Лугано се користела за запишување на лепонтски написи, како едно од најстарите сведоштва за келтски јазици, во употреба од VI до V век п.н.е. Оваа азбука има 17 букви, изведени од архаичната етрурска азбука:

AEIKLMNOPRSTΘUVXZ

Оваа азбука не разликува звучни од затворени согласки, т.е. P означува /b/ или /p/, T означува /t/ или /d/, K означува /g/ или /k/. Z веројатно означувало /ц/. U /u/ и V /w/ биле засебни. Θ веројатно означувало /t/, а X означувало /g/. ПОостојат тврдења дека сродно писмо е пронајдено во Глозел, Франција.

Ретски азбуки

уреди

Азбуката од Санцено (како и од Болцано), околу 100 ретски написи.

Азбуката од Сондрио, западноретски и камунски написи.

Азбуката од Магре, источноретски написи.

Азбука од Есте

уреди

Слични, но не исти написи како кај Магре, венетски написи.

Латиница

уреди
 
Дуеношки натпис, VI век п.н.е.

21 од 26-те архаични етрурски букви биле прифатени во старолатинскиот јазик од VII век п.н.е., или непосредно од кисмата азбука, или преку архаични етрурски форми, кои, споредени со класичната етрурска азбука, ги задржале буквите B, D, K, O, Q, X, но ги отфрлиле Θ, Ś, Φ, Ψ, F (етрурско U е латинско V, етрурско V е латинско F).

ABCDEFZHIKLMNOPQRSTVX

Уникод

уреди

Уникодната низа U+10300–U+1033F е резервирана за „Староиталски“ без назначение за конкретна азбука (i.e. стаориталските азбуки се сметаат за еквивалентни, а користениот фонт ја одредува варијантата).

Буква Транслит. Име Буква Транслит. Име Буква Транслит. Име
𐌀 a а 𐌁 b бе 𐌂 c ке
𐌃 d де 𐌄 e е 𐌅 v ве
𐌆 z зе 𐌇 h хе 𐌈 þ те (θе)
𐌉 i и 𐌊 k ка 𐌋 l ел
𐌌 m ем 𐌍 n ен 𐌎 š еш
𐌏 o o 𐌐 p пе 𐌑 ś ше
𐌒 q ку 𐌓 r ер 𐌔 s ес
𐌕 t те 𐌖 u у 𐌗 x екс
𐌘 ph фе 𐌙 ch хе 𐌚 f еф
𐌛 ř ерс 𐌜 ç че 𐌝 í ии
𐌞 ú уу 𐌠 I 1 𐌡 V 5
𐌢 X 10 𐌣 D 50

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди