Старово Село
Старово Село — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Старово Село | |
---|---|
Координати: 40°34′N 21°7′E / 40.567° СГШ; 21.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Костур |
Општ. единица | Кастраки |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало југоисточно од Косинец и југозападно од Д’мбени.[1]
Историја
уредиСтарово Село било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Косинец.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.