Стара градска куќа (Скопје)
Стара градска куќа — стара куќа во Скопје, редок пример за скопската народна архитектура од XIX век. Претставува една од најстарите зачувани куќи во градот и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија. Во неа е сместен национален ресторан со истото име.[1]
Куќа на Стружанови | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Адреса | ул. „Пајко Маало“ бр. 14 |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 1836 |
Технички податоци | |
Катови | 2-3 |
Местоположба
уредиКуќата се наоѓа на улица „Пајко Маало“ бр. 14 во истоименото Пајко Маало во градскиот центар, спроти Македонската опера и балет.[2]
Историја
уредиГрадбата е подигната во 1836 година, а во 2000 г. е реновирана.[2]
Архитектура
уредиВо архитектонски поглед, ова е едносемејна традиционална куќа со двор. Градена е во лесна бондручна конструкција (дрвен скелет со полнетица од плитар), поставена врз масивни камени ѕидови. Станбените простории се на три нивоа. Двете главни нивоа имаат ист распоред на простории, а разлики има во просториите за поврзување — тремот на приземјето, застаклен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот.[2]
Внатрешноста е впечатлива. Просториите се светли и пространи, опремени со долапи, миндери и дивани (вградена гарнитура), со малку подвижен мебел и богато украсени тавани и мноштво резбани детаљи.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Стара куќа – Скопје / 1836 год“. Македонска АРХитектура. Занемарен непознатиот параметар
|уеб_адрес=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help)
Надворешни врски
уреди- Стара градска куќа (Скопје) на Ризницата ?
- Страница на ресторанот Архивирано на 23 февруари 2022 г. (англиски)