Логодаж
Логодаж или Логодаш (бугарски: Логодаж/Логодаш) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја (Благоевград) на истоимената област, југозападна Бугарија. Лежи недалеку од државната граница со Р Македонија.
Логодаж Логодаж | |
---|---|
Логодаж | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Горна Џумаја |
Управа | |
• Кмет | Пламен Червенков (БСП) |
Површина | |
• Вкупна | 31,155 км2 (12,029 ми2) |
Надм. вис. | 628 м |
Население (2010 [1]) | |
• Вкупно | 303 |
GRAO | |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2737 |
Повик. бр. | 07415 |
Географија
уредиСелото е сместено во планински предел, 15 км западно од Горна Џумаја, по патот за границата со Р Македонија. Кај селото се наоѓа граничниот премин „Логодаж“ (порано „Станке Лисичково“) преку кој се преоѓа во Општина Делчево. На растојание од 1 км е вештачкото езеро Стојковци.
Историја
уредиВо 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Логодаш, лежи 3 часа западно од Џумаја; почвата е задоволителна за прехрана на селаните. Имаат една црква, во која се служи на бугарски. 200 македонски куќи.[2][3] | “ |
Во 1955 г. Долното Маало на Логодаж е прогласено за посебно село и преименувано во Станке Лисичково, во чест на месниот комунистички деец Станке Лисичков. Во 1959 г. кон Станке Лисичково е присоединето и Горното Маало.[4] Во 1993 г. е повратено изворното име на селото.[5]
Население
уредиСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 540 жители, сите Македонци-христијани.[2][6]
Ова е бројноста на населението според пописите низ минатите десетлетија:[7][8]
Попис | Жители | Графички приказ |
1934 | 1.217 | |
1946 | 1.296 | |
1956 | 1.289 | |
1965 | 972 | |
1975 | 678 | |
1985 | 467 | |
1992 | 442 | |
2001 | 291 | |
2011 | 274 | |
2021 | - |
Стопанство и општествени установи
уредиВо селото работи претпријатието „Винпром Логодаж“. Селото се одликува со висок стопански развој, со развиена инфраструктура, зачувана природна околина и ниски стапки на престапност меѓу населението. Народното читалиште „Иван Чаушки“ важи за главен културен центар на пограничните села, меѓу кои Клисура и Лешница (Обел).
Природозаштита
уредиВо 2012 г. во атарот на Логодаж е прогласено заштитеното подрачје „Наоѓалиште на балканското часовниче“ со цел да се запази живеалиштето на растението балканско часовниче (Erodium absinthoides).[9][10]
Личности
уреди- Димитар Стојанов — учител во Селиште (1870) и Клисура (1871 – 1876)[11]
- Иван Божинов — доброволец во Руско-турската војна (1877-78); починал пред 1918 г.[12]
- Станке Лисичков (1913 – 1942) — комунистички деец
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ [1]
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 20.
- ↑ Николай Мичев, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 511.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 191. ISBN 954430424X.
- ↑ „„Справка за населението на село Логодаж, община Благоевград, област Благоевград, НСИ"“. nsi.bg. Архивирано од изворникот на 2022-06-23. Посетено на 22 октомври 2017.
- ↑ „The population of all towns and villages in Blagoevgrad Province with 50 inhabitants or more according to census results and latest official estimates“. citypopulation.de. Посетено на 22 октомври 2017.
- ↑ „Три нови защитени територии ще опазват редки растителни видове“. Дневник. 11 јуни 2012. Посетено на 16 јули 2018.
- ↑ „Заповед № РД-451 от 8 юни 2012 година“ (PDF). Министерство на околната среда и водите. Посетено на 16 јули 2018.
- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.629.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 35.