Сталкер
Сталкер — советски филм од 1979 година во режија на Андреј Тарковски. Автори на сценариото се Борис и Аркадиј Стругацки и Андреј Тарковски, според новелата „Крајпатниот пикник“ на Борис и Аркадиј Стругатски. Главните улоги ги толкуваат: Анатолиј Солоницин, Александар Кајдановски, Николај Гринко и Алиса Фреиндлих. Филот трае 163 минути, а премиерата се одржала во август 1979 година, во Москва. Во 1980 година, филмот ја освоил наградата на Екуменското жири на Канскиот филмски фестивал.[5][6] Исто така, во анкетата на Британскиот филмски институт, „Сталкер“ бил поставен на 29. место на списокот на 50 најдобри филмови на сите времиња.[7] Во кино-салите во Советскиот Сојуз биле продадени 4,3 милиони билети на претставите на „Сталкер“.[8]
„Сталкер“ | |
---|---|
Режисер | Андреј Тарковски |
Продуцент | Александра Демидова [2] |
Главни улоги | |
Музика | Едуард Артемјев |
Кинематографија | Александар Књажински |
Монтажа | Људмила Феигинова |
Студио | Мосфилм |
Дистрибутер | Госкино |
Премиера | 25 мај 1979 |
Времетраење | 161 минути[3] |
Земја | Советски Сојуз |
Јазик | Руски |
Буџет | 1 милион рубљи[4] |
Бруто заработка | 4,3 милиони карти |
Синопсис
уредиЕдна област, позната како „Зона“ е целосно заградена и под строга контрола на полицијата, така што во неа е забранет пристапот. Меѓу луѓето се шират гласови дека на тоа место паднал метеор и дека луѓето што влегле во неа никогаш не се вратиле. Еден човек (го игра Кајдановски), кој штотуку излегол од затвор, живее во сиромашен стан со својата жена и ќерката. Тој е Сталкер, т.е. човек кој веќе бил во зоната и кој знае како сигурно да се дојде во нејзиното централно место. Сталкерот се нафаќа да однесе двајца луѓе, Професорот (го игра Гринко) и Писателот (го игра Солоницин) во Зоната. Во продолжение на филмот се прикажува нивното патување низ пустата, напуштена област во која тие среќаваат уништена воена опрема и неколку стари трупови на луѓето кои во минатото влегле во Зоната. За време на патувањето, Сталкерот постојано ги предупредува сопатниците на скриените опасности во Зоната, иако тие не го сфаќаат секогаш сериозно. Патем, ним им се придружува и едно црно куче. Најпосле, тројцата пристигаат во една напуштена и разурната зграда во која се наоѓа „Собата“, централното место во Зоната во која се исполнуваат сите желби на човекот. Таму наоѓаат телефон и Професорот се јавува кај своите колеги во лабораторијата, а потоа од својот ранец вади бомба со моќност од 10 килотони, со намера да ја уништи Зоната и така да спречи во неа да дојдат злонамерни луѓе. Сталкерот се обидува да му се спротивстави, но Писателот му помага на Професорот да го совладаат. Сепак, кога Сталкерот ќе каже дека Зоната е последната надеж за очајните луѓе и дека таа е смислата на неговиот живот, Професорот се откажува од својата намера и ја демонтира бомбата. На крајот од филмот, тројцата се враќаат во кафеаната од која го започнале патувањето, а во нивната придружба се наоѓа и црното куче. Таму, доаѓа сопругата на Сталкерот (ја игра Фреиндлих), заедно со ќерката, и тројцата одат во својот дом, каде Сталкерот се жали на однесувањето на неговите двајца сопатници.[9]
Наводи
уреди- ↑ Johnson, Vida T.; Graham Petrie (1994), The Films of Andrei Tarkovsky: A Visual Fugue, Indiana University Press, стр. 57–58, ISBN 0-253-20887-4
- ↑ In the Soviet Union the role of a producer was different from that in Western countries and more similar to the role of a line producer or a unit production manager.[1]
- ↑ „STALKER (PG)“. British Board of Film Classification. 2 December 1980. Посетено на 7 November 2022.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеjohnson-139-140
. - ↑ IMDb, Stalker (1979) Awards (пристапено на 8.2.2019)
- ↑ IMDb, Andrei Rublev (1966) (пристапено на 18.6.2015)
- ↑ Christie, Ian (29 July 2015) [2012]. „The 50 Greatest Films of All Time“. Sight & Sound. Contributors to Sight & Sound magazine. Посетено на 19 December 2015 – преку British Film Institute.
- ↑ Segida, Miroslava; Sergei Zemlianukhin (1996), Domashniaia sinemateka: Otechestvennoe kino 1918–1996 (руски), Dubl-D
- ↑ IMDb, Stalker (1979) (пристапено на 8.2.2019)