Стадион Ал Тумама

Стадион Ал Тумама (арапски: ملعب الثمامة, транскрипција: Малеб ет-Тумама) — фудбалски стадион во Доха, Катар, наменет да се користи за натпревари на Светско првенство во фудбал на ФИФА 2022, кое започнало на 20 ноември 2022 година.

Стадион Ал Тумама
Место Доха, Катар
Започнат 2017
Отворен 21 октомври 2021
Сопственик Катар
Подлога трева
Цена на изградбата 282 милиони
Игра Фудбалска репрезентација на Катар
Гледачи 44.400

Историја

уреди

Отворањето на стадионот се одржало на 22 октомври 2021 година, по повод финалето на Купот на Емирот на Катар.[1]

Во мај 2018 година, на стадионот Ал-Тумама му била доделена наградата MIPIM/Architectural Review Future Project Award во категоријата Спорт и стадиони.[2]

Стадионот бил домаќин на шест натпревари за време на Арапскиот куп во 2021 година, вклучително и полуфинален натпревар помеѓу домаќинот Катар и Алжир.[3][4]

Натпревари

уреди

ФИФА Арапски куп 2021

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Гледачи
1 декември 2021 16:00   Египет 1–0   Либан Група Д 11,757
3 декември 2021 13:00   Бахреин 0–0   Ирак Група А 2,576
6 декември 2021 18:00   Тунис 1–0   ОАР Група Б 14,272
7 декември 2021 18:00   Мароко 1–0   Саудиска Арабија Група Ц 8,502
11 декември 2021 22:00   Мароко 2-2 (3–5 п.)   Алжир Четвртфинале 24,823
15 декември 2021 22:00   Катар 1–2   Алжир Полуфинале 42,405

ФИФА Светско првенство 2022

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Attendance
21 ноември 2022 19:00   Сенегал 0–2   Холандија Група А 41,721
23 ноември 2022 16:00   Шпанија 7–0   Костарика Група Е 40,013
25 ноември 2022 16:00   Катар 1–3   Сенегал Група А 41,797
27 ноември 2022 16:00   Белгија 0–2   Мароко Група Ф
29 ноември 2022 22:00   Иран   САД Група Б
1 декември 2022 18:00   Канада   Мароко Група Ф
4 декември 2022 18:00 Победник група Д Второпласиран група Ц Осминафинале
10 декември 2022 18:00 Победник Натпревар 55 Победник Натпревар 56 Четвртфинале

Наводи

уреди
  1. „Al Thumama Stadium - When will the sixth Qatar 2022 World Cup venue be inaugurated? | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-11-26.
  2. Doha (2018-05-20). „Al Thumama Stadium honoured for innovative design“. Gulf Times (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  3. „2021 FIFA Arab Cup: Participating teams, fixtures and all you need to know | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-11-26.
  4. Newspaper, The Peninsula (2021-12-12). „Algeria edge Morocco in penalty thriller to set up Qatar semi-final“. thepeninsulaqatar.com (англиски). Посетено на 2022-11-26.