Ставре Гогов
Ставре Матеев Гогов е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Ставре Матеев Гогов | ||
Роден | 1884 Вевчани, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 10 април 1907 (на 22–23 г.) Вевчани, Македонија |
Животопис
уредиСтавре Матеев Гогов е роден во селото Вевчани во 1884 година. Нема образование. По занимање бил ѕидар. Работи на Косово - Ѓаковица и на други места. Околу 1898 година извршува убиство во Вевчани и е гонет од турските власти. Се одметнал и од 1900 година е четник на ВМОРО [1]. Од 1901 година е во четата на прилепскиот војвода Тале Горанов Бојаџиев, првата револуционерна чета која влегла во Струга. Ставре Гогов учествува и во Илинденското востание, во четата на охридскиот војвода Лука Групчев[2]. Од летото, 1904 година, по убиството на Јаким Алулов, е војвода на струшката чета на ВМОРО. Во 1906 година е ранет од четник поткупен од српската пропаганда. Во април 1907 година, Ставре престојува во куќата на вујко си Трпе Шекутков во родното село Вевчани. Турците дознаваат за ова и редовна војска заедно со башибозук од соседните села Октиси, Лабуништа и Подгорци ја опколува куќата. Ставре Гогов заедно со домаќините издржува над 20 часа во нерамната битка, додека неговата свршеница Кота Христова успева да ја помине опсадата и им носи бомби и патрони. По завршувањето на куршумите, Ставре Гогов се самоубива. Со него загинуваат и Трпе Шекутков и брат му Кузман Шекутков. Снаата Андрица и трите внуци на Кузман Шекутков се ранети. Од нападот на аскерот и башибозукот загинуваат 27 души. Турците ќе ја запалат куќата. По убиството на Ставре Гогов, неговата свршеница Кота Христова го убива предавникот и се вклучува во една од четите на ВМОРО. На влезот на возобновената спомен-куќа денес стои натписот:
„ | Во април 1907 година на ова место во нерамна борба со многуброен турски аскер херојски загина Војводата Ставре Гогов | “ |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- [1] - народната песна „Од Битола до Вевчани“, посветена на Ставре Гогов