Средно Каласлари
Средно Каласлари — историско село, во околината на градот Велес.
Средно Каласлари | |
Средно Каласлари на карта | |
Координати 41°41′33.11″N 21°50′12.40″E / 41.6925306° СГШ; 21.8367778° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во источниот дел на денешната Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75, помеѓу Горно и Долно Каласлари. Селото било рамничарско на надморска височина од 217 метри и било оддалечено 6 километри југоисточно од Велес, 31 километар северно од Неготино и 32 километри северно од Кавадарци. Било дел од областа Ќучук Кол.
Историја
уредиСелото во XIX век било дел од Велешката Каза, односно нахијата Ќучук Кол. По Првата балканска војна, потпаѓа во рамките на Кралството Србија и било дел од општина Каласлари. Потоа за време на Првата светска војна потпаѓа под бугарска контрола, каде било дел од новата бугарска општина Каласлари. По враќањето на српската контрола во селото, било сместено во рамктие на општина Томислављево.
Население
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1857 | 236 | — |
1900 | 90 | −61.9% |
1913 | 175 | +94.4% |
1931 | 250 | +42.9% |
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средо Каласлари живееле 90 жители, сите Турци.[3]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е дел од општина Каласлари и имало 175 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[5]
Поврзано
уредиИселеништво
уредиОд селото иселеништво има во Турција, каде се иселило турското население.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.