Физичка константа (физичка постојана) — физичка величина за која се смета дека е универзална во природата и постојана со низ времето. Како таква се разликува од математичката константа, која е утврдена бројчена вредност но сама по себе не подразбира физички мерења.

Во науката постојат многу физички константи. Меѓу општопознатите спаѓаат брзината на светлината во вакуум c, гравитациската константа G, Планковата константа h, електричната константа ε0 и елементарниот полнеж e. Физичките константи заземаат разни димензионални облици: брзината на светлината ја означува најголемата можна брзина во вселената и се изразува димензионално како должина поделена со изминато време. Од друга страна, константата на фината структура α, која ја карактеризира силата на електромагнетното заемодејство, е бездимензионална величина.

Димензионални и бездимензионални физички константи

уреди

Додека физичката величина што ја означува некоја физичка константа не зависи од мерниот систем што ја изразува, бројчената вредност на дименионалните физички константи зависи од единицата што ја користиме. Затоа овие бројчени вредности (како 299.792.458 за константата брзина на светлината c изразена во метри во секунда) не претставуваат вредности што може да ги предвиди физичката теорија.

Бидејќи нивните единици се поништуваат една со друга, соодносите на сличнодимензионлните физички константи не зависат од мерниот систем на овој начин, па затоа ти се чисти бездимензионални броеви чии вредности би можеле да се предвидат со некоја идна физичка теорија. Покрај ова, сите равенки на законитостите на физиката можат да се изразат без димензионални физички константи со постапка наречена обездимензионирање, но бездимензионалнтие константи и понатаму би останале. Затоа, теоретските физичари ги сметат овие бездимензионални величини за основни физички константи.

Меѓутоа, поимот „основна физичка константа“ се користи и на други начини. На пример, Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST)[1] под ова подразбира било која универзална физичка величина што се смета за постојана, како што е брзината на светлината c и гравитациската константа G.

Константата на фината структура α е веројатно најпознатата бездимензионална основна физичка константа. Направени се многу обиди да се добие нејзината вредност (измерена на 1137,035999) од теоретско гледиште, но досега ниеден не вродил со плод. Истото важи и за бездимензионалниот сооднос на масите на основните честички (најочигледна е mp/me, прибл. 1836,152672). Меѓутоа, со развојот на квантната хемија во XX век, теоријата успешно пресметала огромен број на претходно неописливи бездимензионални физички константи. Затоа некои теоретски физичари и понатаму се надеваат дека ќе дојдат до образложенија за вредностите на другите бездимензионални фички константи.

Познато е дека вселената би била многу поинаква кога овие вредности би биле значително различни од востановените. На пример, замо неколку проценти разлика во вредноста на константата на фината структура би довело до непостоење на ѕвезди како нашето Сонце. Оваа констатација има поттикнато некои антропни (човечки-посветени) објасненија за вредностите на некои бездимензионални основни физички константи.

Табела на универзални константи

уреди
Величина
Симбол Вредност[2][3] Релативна стандардна неодреденост
брзина на светлината во вакуум   299 792 458 m·s−1 утврдена
Њутнова гравитациска константа   (6,67384 ± (80))⋅10-11 м3·kg−1·s−2 1,2 × 10−4
Планкова константа   6,626 069 57(29) × 10−34 J·s 4,4 × 10−8
намалена Планкова константа   1,054 571 726(47) × 10−34 J·s 4,4 × 10−8

Табела на електромагнетни константи

уреди
Величина
Симбол Вредност[2][3] Релативна стандардна неодреденост
магнетна константа (вакуумска пропусност)   4π × 10−7 N·A−2 = 1,256 637 061... × 10−6 N·A−2 утврдена
електрична константа (вакуумска ел. пропусност)   8,854 187 817... × 10−12 F·m−1 утврдена
карактеристичен отпор на вакуумот   376,730 313 461... Ω утврдена
Кулонова константа   8,987 551 787... × 109 N·m²·C−2 утврдена
елементарен полнеж   1,602 176 565(35) × 10−19 C 2,2 × 10−8
Боров магнетон   9,274 009 68(20) × 10−24 J·T−1 2,2 × 10−8
квант на електричен отпор   7,748 091 7346(25) × 10−5 S 3,2 × 10−10
обратен квант на спроводливост   12 906,403 7217(42) Ω 3,2 × 10−10
Џозефсонова константа   4,835 978 70(11) × 1014 Hz·V−1 2,2 × 10−8
квант на магнетен тек   2,067 833 758(46) × 10−15 Wb 2,2 × 10−8
јадрен магнетон   5,050 783 53(11) × 10−27 J·T−1 2,2 × 10−8
фон Клицингова константа   25 812,807 4434(84) Ω 3,2 × 10−10

Табела на атомски и јадрени константи

уреди
Величина
Симбол Вредност[2][3] Релативна стандардна неодреденост
Боров полупречник   5,291 772 1092(17) × 10−11 m 3,2 × 10−9
класичен електронски полупречник   2,817 940 3267(27) × 10−15 m 9,7 × 10−10
електронска маса   9,109 382 91(40) × 10−31 kg 4,4 × 10−8
Фермиева спојна константа   1,166 364(5) × 10−5 GeV−2 4,3 × 10−6
константа на фината структура   7,297 352 5698(24) × 10−3 3,2 × 10−10
Хартриева енергија   4,359 744 34(19) × 10−18 J 4,4 × 10−8
протонска маса   1,672 621 777(74) × 10−27 kg 4,4 × 10−8
квант на кружење   3,636 947 5520(24) × 10−4 m² s−1 6,5 × 10−10
Ридбергова константа   10 973 731,568 539(55) m−1 5,0 × 10−12
Томсонов напречен пресек   6,652 458 734(13) × 10−29 1,9 × 10−9
агол на слабо мешање   0,2223(21) 9,5 × 10−3

Табела на физичко-хемиски константи

уреди
Величина
Симбол Вредност[2][3] Релативна стандардна неодреденост
единица за атомска маса   1,660 538 921(73) × 10−27 kg 4,4 × 10−8
Авогадров број   6,022 141 29(27) × 1023 mol−1 4,4 × 10−8
Болцманова константа   1,380 6488(13) × 10−23 J·K−1 9,1 × 10−7
Фарадеева константа   96 485,3365(21)C·mol−1 2,2 × 10−8
прва константа на зрачењето   3,741 771 53(17) × 10−16 W·m² 4,4 × 10−8
за спектрален блесок   1,191 042 869(53) × 10−16 W·m² sr−1 4,4 × 10−8
Лошмитова константа при  =273,15 K и  =101,325 kPa   2,686 7805(24) × 1025 m−3 9,1 × 10−7
гасна константа   8,314 4621(75) J·K−1·mol−1 9,1 × 10−7
моларна Планкова константа   3,990 312 7176(28) × 10−10 J·s·mol−1 7,0 × 10−10
моларен волумен на идеален гас при  =273,15 K и  =100 kPa   2,271 0953(21) × 10−2 m³·mol−1 9,1 × 10−7
при  =273,15 K и  =101,325 kPa 2,241 3968(20) × 10−2 m³·mol−1 9,1 × 10−7
Закур-Тетродева константа при  =1 K и  =100 kPa  
 
−1,151 7078(23) 2,0 × 10−6
при  =1 K и  =101,325 kPa −1,164 8708(23) 1,9 × 10−6
втора константа на зрачењето   1,438 7770(13) × 10−2 m·K 9,1 × 10−7
Штефан–Болцманова константа   5,670 373(21) × 10−8 W·m−2·K−4 3,6 × 10−6
Константа на Виновиот закон за поместувањето   4.965 114 231... 2,897 7721(26) × 10−3 m·K 9,1 × 10−7

Табела на усвоени вредности

уреди
Величина Симбол Вредност (SI единици) Релативна стандардна неодреденост
договорена вредност на Џозефсонова константа[4]   4,835 979 × 1014 Hz•V−1 утврдена
договорена вредност на фон Клицингова константа[5]   25 812,807 Ω утврдена
моларна маса константа   1 × 10−3 kg•mol−1 утврдена
на јаглерод-12   1,2 × 10−2 kg•mol−1 утврдена
стандардно забрзување на гравитацијата („ге“, слободен пад на Земјата)   9,806 65 m•s−2 утврдена
стандардна атмосфера   101 325 Pa утврдена

Природни единици

уреди

Користејќи димензионална анализа, можеме да ги собереме димензионалните универзални физички константи во еден систем на мерни единици кој не се повикува на ниедна човечка замисла. Зависно од изборот на константи и нивниот распоред, добиените природни единици можат да добијат полезно физичко значење. На пример, долуприкажаните Планкови единици ги користат c, G, ħ, ε0 и kB за изведување на единици на начин што се однесува на обединети теории како што е квантната гравитација.

Име
Димензија Израз Вредност[6] (SI единици)
Планкова должина должина (L)   1,616 255(18) × 10−35 m[7]
Планкова маса маса (M)   2,176 434(24) × 10−8 kg[8]
Планково време време (T)   5,391 247(60) × 10−44 s[9]
Планков полнеж електричен полнеж (Q)   1,875 546 037 78(14) × 10−18 C[10][11][12]
Планкова температура температура (Θ)   1,416 784(16) × 1032 K[13]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Тековни (2010) вредности на константите; NIST, 2011 (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Вредностите се наведени во нивниот т.н. „концизен облик“; бројот на загради во „стандардната несигурност“, што е вредноста помножена со „релативната стандардна неодреденост“.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 P.J. Mohr, B.N. Taylor, and D.B. Newell (2011), "The 2010 CODATA Recommended Values of the Fundamental Physical Constants" (6.0). Подготовка: J. Baker, M. Douma, and S. Kotochigova. Пристап [2 јуни 2011] - Национален институт за стандарди и технологија на САД, Гејтерсбург, MD 20899.
  4. Ова е меѓународно усвоената вредност за реализација на претставите на волтот користејќи го Џозефсоновиот ефект.
  5. Ова е меѓународно усвоената за реализација на претставите на омот користејќи го квантниот Холов ефект.
  6. Фундаментални физички константи - NIST (англиски)
  7. CODATA — Планкова должина (англиски)
  8. CODATA — Планкова маса (англиски)
  9. CODATA — Планково време (англиски)
  10. CODATA — електрична константа (англиски)
  11. CODATA — Планкова константа врз 2 пи (англиски)
  12. CODATA — брзина на светлината во вакуум (англиски)
  13. CODATA — Планкова температура (англиски)

Наводи

уреди
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Barrow, John D. (2002), The Constants of Nature; From Alpha to Omega - The Numbers that Encode the Deepest Secrets of the Universe, Pantheon Books, ISBN 0-375-42221-8.

Надворешни врски

уреди