Список на загинати учесници во Евромајдан
Ова е список на загинати учесници во Евромајдан за време на протестите наречени Евромајдан на крајот на 2013-та и почетокот на 2014 година, исто така познати како „Небесните стомина“ или „Небесна сотња“.[1][2] [3][4]. Списоков содржи граѓани на Украина кои имале непосредна поврзаност со идеите и дејствата на Евромајдан. Моментално постојат 101 потврдени жртви. Покрај ова, 16 полицајци исто така загинале, од кои 11 имиња биле потврдени. На 21 февруари 2014 украинските власти законски ги признале загинатите демонстранти на Евромајдан.[5] Според стручната проценка на ситуацијата на Микола Сири, правник и постар научен сорабтник на Институтот за држава и право при Академијата на науките на Украина, украинското „МВР незаконски употребило оружја против демонстрантите“.[6]
Првите смртни случаи настанале на 22 јануари 2014, за време на судири со полицијата на ул. Хрушевски во Киев, каде што 3 активисти на Евромајдан биле застрелани. Истиот ден, телото на уште еден член на Евромајдан било пронајдено надвор од градот. Тој бил киднапиран ден претходно, заедно со Ихор Луценко, кој бил пуштен на слобода. Овие биле првите жртви на демонстрации во Украина од прогласувањето независност во 1991. Овие смртни случаи предизвикале протести ширум земјата.
Уште четири жртви поврзани со Евромајдан биле предизвикани во периодот помеѓу 25 јануари и 13 февруари.
Втората активна фаза почнала на 18 февруари. По кратко примирје на 19 февруари, судирите биле обновени следниот ден. Специјалните сили Беркут и снајпери од Внатрешните единици стрелале луѓе на плоштадот, а други специјалци пукале во протестите со автомати АК-47. Повремено, украинското МВР стрелало по активистите на Евромајдан со огнени оружја од покривот на хотелот Украина и од страните на хотелот Козацки на улицата Михајливска.[7] Според некои извори, помеѓу 40-100 луѓе биле убиени на 20 февруари.[8]
Список на жртвите до 18 февруари
уредиБрој | Презиме/Име/Татково име | Детали | Датум на смрт | Причина за смрт |
---|---|---|---|---|
1 | Мазуренко, Павло | 41 година, посетувал митинг на Евромајдан[9] | 22 декември 2013 | Бил истепан од безбедносни сили на покривот на трговска зграда на улицата Хнат Јури. Умрел на 22 декември при реанимација во одделот за интензивна нега на Киевската градска клинична болница бр. 12 од двострана пневмонија. |
2 | Вербицки, Јуриj Тарасович | Работел во Одделот за сеизмичност на Карпатското одделение на Институтот за геофизика НАН во Лавов.[10] | 21/22 јануари 2014 | Киднапиран од непознати лица од Олександривската болница заедно со активистот Игор Луценко утрото на 21 јануари 2014. Неговото тело било пронајдено на 22 јануари во близина на селото Хнидин во Бориспилскиот реон на Киевската област со знаци на мачење.[11] Според сведочењата на неговиот другар Јури Роман Вербицки, при идентификувањето на телото било очигледно дека нозете му биле скршени со оголени коски, целиот грб му бил модар, скршените ребра биле видливи на неговото торзо, а лицето му било со исекотини.[12] Официјалната причина за смрт според лекарите била хипотермија. |
3 | Нигојан, Сергеј Нахикович | Роден во селото Березнувативка во Днепропетровската област.[13] Семејството Нигојан се преселило од Ерменија во Украина како бегалци од Нагорно-Карабаковата војна.[14] Се занимавал со атлетика и источни боречки вештини.[15] Нигојан дошол на Евромајдан на 8 декември и претежно бил вклучен во одржување безбедност. По неговата смрт, украинскиот композитор Валентин Силвестров посветил две песни во негова чест. | 22 јануари 2014 | Убиен за време на судири со полицијата на улицата Хрушевски. Претрпел три прострелни рани од сачми.[16] [17] |
4 | Жизневски, Михаил | Жизневски ја напуштил Белорусија поради политички причини. Во Украина живеел и работел во Киев а потоа Бела Црква.[18] Бил член на украинската националистичка група УНСО | 22 јануари 2014 | Умрел на 22 јануари за време на нападот на Беркут кога бил застрелан во градите од снајпер. |
5 | Сеник, Роман Федорович | По потекло до Лвовска област, во последните години живеел во Турка. | 25 јануари 2014 | За време на напад на Беркут на улицата Хрушевски, граната му ја откинала раката и го ранила неколкупати во градите и белите дробови. Погоден со метален куршум во дробот, издржал неколку операции и ампутација на раката, но починал по губење повеќе од 3,5 литри крв.[19][20] |
6 | Калињак, Бохдан Михајлович | 52 години, од Коломија, Ивано-Франкивска област | 28 јануари 2014 | Умрел во болница во Ивано-Франкивск. Градоначалникот на Коломија, Ихор Сузар, рекол дека добил пневмонија поради водените топови користени од полицијата во Киев и покрај смрзнувачките температури. И покрај тоа што имал братучетка во Киев, не отишол да се загрее кај неа за да не го напушти плоштадот.[21][22] |
7 | Синенко, Серхиј Петрович | Активист на Автомајдан Запорижја. Татко на четири деца. | 13 февруари 2014 | Непознати лица стрелале во неговиот резервоарот за бензин на неговиот автомобил, предизвикувајќи експлозија и горејќи го Серхиј жив.[23][24] Неговото тело било идентификувано на основа на ДНК-анализа. Во снимено обраќање одговорноста за чинот ја преземале т.н. Привиди Севастопоља.[25] |
8 | Хомјак, Виктор Борисович | р. 1958, с. Холишив, Волинска област | 27 јануари | Активен учесник на Евромајдан, утрото на 27 јануари бил најден обесен на елката на Плоштадот на независноста.[26][27] Неговите блиски и роднини биле уверени дека човекот не би се самоубил. Од неразбирливи причини, многу фактори околу неговата смрт не биле земени предвид од полицијата, а кои укажуваат на насилна смрт.[28] |
Список на жртвите од 18 до 21 февруари
уредиБрој | Презиме/Име/Татково име | Детали | Датум на смрт | Причина за смрт |
---|---|---|---|---|
1 | Дидич, Серхиј Васиљович | Член на реонскиот парламент на Хороденка од партијата Свобода, 44 години | 18 февруари 2014 | Починал во Киев при судирите со силите на Беркут. Според негов пријател, граната експлодирала близу него и ја раскинала неговата вратна артерија. |
2 | Кишчук, Володимир Јуријович | 58 години, од Запоришката област | 18 февруари | Застрелан за време на судирите со Беркут. |
3 | Шаповал, Серхиј Борисович | 45 години, од Киев | 45 години, од Киев | Пронајден мртов во зградата на офицерите. |
4 | Сердјук, Ихор | 40 години, од Кременчук | 18 февруари | Нападнат од Беркут и „титушки“ додека градел барикади и застрелан во лицето. |
5 | Хурција, Зураб | 53 години, од Грузија | 18 февруари | Починал од срцев напад за време на судирите. |
6 | Веремиј, Вјачеслав Васиљович | Новинар за весникот „Вести“, изгубил едно око за време на судирите на улица Хрушевски, татко на 4-годишен син | 18 февруари | Извлечен од такси од разбојници платени од владата и претепан, а потоа застрелан во градите. |
7 | Брездењук, Валериј Олександрович | Украински уметник, познат по своите слики на вода, од Жмеринка | 18 февруари | Застрелан во грбот. |
8 | Дворјанец, Антонина | 62 години, од Броварив | 18 февруари | Претепана до смрт со палки за време на судирите на улица Институтска. |
9 | Корчак, Андриј | 49 години, од Стриј | 18 февруари | Бил на Мајдан од ноември. Умрел во болница по откажување на внатрешните органи откако бил претепан од силите на Беркут. |
10 | Наумов, Володимир Григорович | 44 години, од Донечката област | 18 февруари 2014 | Телото му било пронајдено на островот Труханив близу Днепар. Носел марама од Самоодбрана на Мајдан. Полицијата рекла дека е чин на самоубиство. |
11 | Капинос, Олександр Анатолијович | 29-30 години, активист на партијата „Свобода“, село Дунајив, Тернопилска област | 18 февруари 2014 | Во 2012-та, протестирал со глад 12 дена против јазичниот закон. Починал од пробиена артерија поради експлодирана граната. |
12 | Плеханов, Олександр Викторович | 22 години, студент на архитектонскиот факултет КНУБиА, следниот ден требал да ја добие неговата диплома | 18 февруари 2014 | |
13 | Зајко, Јакив Јакович | 73 години, Житомир. Член на првиот украински парламент | 18 февруари 2014 | Умрел од инфаркт, бегајќи од Беркут на ул. Институтска. |
14 | Куљчицкиј, Володимир Станиславович | 65 години, од Киев | 18 февруари 2014 | Првиот куршум поминал низ срцето и останал во облеката. Вториот го погодил во стомакот. |
15 | Черненко, Андриј | 35 години. Од Полтавската област. Оставил 7-месечно дете. | 19 февруари 2014 | Идентификувањето на телото било извршено од сестра му. |
16 | Пасхалин, Јуриј Олександрович | 30 години. Од Черкаската област. | 19 февруари 2014 | Се здобил со три прострелни рани во грбот и пневматична повреда. Прва помош била дадена во Зградата на синдикатите. По палењето на зградата бил евакуиран до 18-тата болница на булеварот Шевченко каде што не успеале да го спасат. |
17 | Васиљцов, Виталиј Валеријович | 36 години, од Бела Црква, имал две деца | 18 февруари 2014 | Застрелан на улицата Велики Житомир. Починал во Олександривската болница на ул. Шовкович. |
18 | Пантелејев, Иван Миколајович | Роден 1981, Краматорск | 20 февруари 2014 | Загинал на ул. Институтска. Телото му било идентификувано во хотелот Украина. |
19 | Точин, Роман Петрович | Роден 1969, Ходорив, Лвовска област | 20 февруари 2014 | Загинал од прострелна рана во главата. Телото му било идентификувано во хотелот Украина. |
20 | Чмиленко, Виктор Иванович | 1961, Кировоградска област | 20 февруари 2014 | Земјоделец, застрелан од снајпер. |
21 | Ушневич, Олех Михајлович | 31 година, р. Дрогобич | 20 февруари 2014 | Застрелан од снајпер на ул. Институтска. Телото му било идентификувано во хотелот Украина. |
22 | Ткачук, Игор Михајлович | Украинец, руски граѓанин, р. 1975, живеел во Коломијскиот реон | 20 февруари 2014 | Пристигнал во Киев на 18 февруари, а загинал на 20-ти. Телото идентификувано во хотелот Украина. |
23 | Царјок, Олександр Миколајович | с. Калинивка | 20 февруари 2014 | Загинал близу Октомвриската палата. Телото идентификувано во хотелот Украина. |
24 | Холодњук, Устим Володимирович | Роден на 8 декември 1994 во Збараж, Тернопилска област | 20 февруари | Умрел во хотелот Украина како последица од прострелна рана во главата. Татко му е полицаец кој исто така бил на Мајдан. |
25 | Шчербањук, Олександр Миколајович | 2 јануари 1968, г. Черновци, евреин, воен ветеран од Авганистан | 20 февруари 2014 | Убиен од полициски снајпер. |
26 | Костенко, Ихор Ихорович | 31 декември 1991, студент по географија, од Лавов, уредник на украинската Википедија | 20 февруари | Бил убиено околу Октомвриската палата. Според неговиот другар Володимир, кој го пренесол телото на Ихор, неговите нозе биле толку искршени што „можеле да се врзат во јазол“. |
27 | Шилинх, Јосип Михајлович | 14 март 1952, пензионер, од Дрохобич | 20 февруари 2014 | Загинал од прострелна рана во главата близу Октомвриската палата. Телото му било идентификувано во хотелот Украина. |
28 | Парашчук, Јуриј Хрихорович | 1 јули 1966, г. Таљне, Черкаска област. Имал син од првиот брак и две посвоени ќерки. За време на настаните на Евромајдан, работел како столар во Харков. Закопан во родниот град. | 20 февруари 2014 | Застрелан во главата од снајпер на ул. Институтска. |
29 | Ѕјавуљски, Микола Степанович | р. 1958, од Шепетивка. Учител по географија и биологија. Член на партијата Свобода. | 20 февруари 2014 | Застрелан на ул. Институтска. |
30 | Сољчаник, Бохдан Зиновијович | 25 јули 1985, Стариј Самбир, Лавовска област. Имал докторат од полски универзитет и предавал на УКУ (Украински католички универзитет) | 20 февруари 2014 | Телото му било донесено во дворот на манастирот Свети Михаил. |
31 | Бондарчук, Серхиј Миколајович | 9 септември 1961, од Старокостјантинив, Хмелницка област. Учител по физика, претседател на Старокостјантинивската месна организација на партијата Свобода. | 20 февруари 2014 | Убиен на ул. Институтска. |
32 | Захаров, Володимир Константинович | 57 години, информатички специјалист | 18 февруари 2014 | Загинал за време на пожарот во канцеларијата на Партијата на регионите. Според ПР, Володимир починал од чадот откако активисти го претепале со палки. Според останатите извори, активистот бил застрелан во главата. |
33 | Мојсеј, Васиљ Михајлович | 23 март 1992. 21 година. Киверци, Волинска област. Дошол на Мајдан со неговиот брат-близнак ноќта на 18 февруари. Студирал на Универзитетот за човечки развиток „Украина“ во Луцк. | 20 февруари 2014 | Утрото на 20 февруари на ул. Институтска бил погоден од снајпер. Иако носел цивилен панцир, сепак куршумот оштетил важни крвни садови. |
34 | Бајдовскиј, Серхиј Романович | 24 години, г. Нововолинск. | 20 февруари 2014 | Застрелан. |
35 | Артјуњан, Хеорхиј Вахаршакович | Ерменец, граѓанин на Грузија, 50 години. Од Ровно. Член на партијата Свобода. Оставил 2 ќерки. | 20 февруари 2014 | Бил застрелан од снајпер близу Споменикот на независноста во Киев. Телото му било пренесено до Св. Михаил. |
36 | Војтович, Назар Јуријович | 17-годишно момче од с. Травневе, Тернопилска област. | 20 февруари 2014 | Според директорот на Тернопилскиот кооперативен факултет Васиљ Макарчук, бил известен дека телото на Назар се наоѓа во Св. Михаил од сопругата. Назар учел за дизајнер. Денес факултетот го носи неговото име. |
37 | Хриневич, Едуард Миколајович | 28 години. Од Волинската област. | 20 февруари 2014 | Застрелан од снајпер во главата. |
38 | Жаловаха, Анатолиј Хрихорович | 34 години. Од Лавов. | 20 февруари 2014 | Телото му било донесено во дворот на Св. Михаил. |
39 | Жеребниј, Володимир Миколајович | 29 години, од с. Рудки, Лвовска област. Работел во Лвовскиот национален земјоделски универзитет. | 20 февруари 2014 | Загинал на ул. Институтска, откако снајпер го застрелал во вратот и главата. Закопан во родното Рудки. |
40 | Кемскиј, Серхиј Олександрович | 34 години. Од Керч, Крим. Експерт при Институтот за политички и економски ризици и перспективи. | 20 февруари 2014 | Телото му било донесено во дворот на Св. Михаил. |
41 | Мовчан, Андриј Серхијович | 34 години. Од Киев. Работел во театарот „Иван Франко“. Член на Демократската алијанса. | 20 февруари 2014 | Убиен од полициски снајпер. Според сведоштвата на пријател, Андриј носел храна на Мајдан кога бил убиен. |
42 | Смоленскиј, Виталиј Виталијович | Од Уманскиот реон, с. Фурманка. Живеел и работел во Киев. Оставил зад себе две мали деца. Закопан во родното село. | 20 февруари 2014 | Телото му било донесено во дворот на Михајливскиот соборен храм. |
43 | Чернец, Виктор Хрихорович | Роден во 1977. Од с. Подибна, Черкаска област. Имал две деца. | 19 февруари 2014 | На потегот Одеса-Киев, жителите на Манкивка и Уман близу селото Подибна поставиле блокада на патот за да ги спречат „титушките“ и специјалните сили да стигнат до престолнината. Возач на неидентификуван џип ја пробил блокадата и го прегазил Виктор. |
44 | Пахор, Дмитриј Олексијович | 21 година, с. Хропотова, Хмелницка област. | 19 февруари 2014 | Загинал навечер во Хмелницки, близу зградата на безбедносните сили откаде што бил отворен оган. Бил ранет во главата и наскоро починал во болница. Чичкото на починатиот изјавил дека во мртовечницата му кажале дека бил застрелан со куршуми од Калашников, меѓутоа не им ги покажале куршумите. Дмитриј штител девојка додека стрелале. |
45 | Дихдалович, Андриј Иванович | 3 јуни 1973, Лавовска област, с. Сокиљники | 20 февруари 2014 | Застрелан од снајпер додека штител другар. |
46 | Вајда, Бохдан Иванович | 48 години, с. Летња, Лавовска област | 20 февруари 2014 | Застрелан од снајпер во градите. |
47 | Кипиани, Давид | Грузиец, имал едногодишен син. | 21 февруари 2014 | Телото му било пронајдено ноќта на 20 февруари на барикадите близу ЦУМ во униформа на Самоодбраната на Мајдан со две прострелни рани. Умрел бргу. Според информациите на вештаците, умрел од остра исхемија и откажување на срцето. |
48 | Бондарјев, Серхиј Анатолијович | Програмер за GlobalLogic од Киев. По потекло од Краматорск, Донечка област | 18 февруари 2014 | Загинал од четири прострелни рани за време на првиот напад близу Зградата на синдикатите. Препознаен од роднините во мртовечницата. |
49 | Хурик, Роман Ихорович | 20 години, г. Ивано-Франкивск, студент на филозофскиот факултет при Прикарпатскиот универзитет | 19 февруари 2014 | Загинал близу пладне во првите редови од снајперски куршум во слепоочницата. |
50 | Дмитрив, Ихор Федорович | 30 години, с. Копанки, Ивано-Франкoвска област | 20 февруари 2014 | Го барале неколку часа безуспешно. Близу 17.00 часот стигнала информација од 17-тата болница на Киев дека починал. |
51 | Корнејев, Анатолиј Петрович | 53 години, с. Хавриливци | 20 февруари 2014 | Информацијата за неговата смрт се појавила рано на 20 февруари. Пред пладне, неговата жена заминала за Киев. Неговиот другар се обидел да го добие на телефон, но непознат глас одговорил: „Го нема повеќе вашиот Анатолиј Петрович. Снајпер го застрела во срцето.“ |
52 | Коцјуба, Виталиј Миколајович | 7 јули 1982, г. Лавов | 20 февруари 2014 | |
53 | Опанасјук, Валериј Адамович | 20 мај 1971, г. Ровно, имал 4 деца | 20 февруари 2014 | Не бил достапен два дена пред да стигне информацијата за неговата смрт. |
54 | Пављук, Володимир | 40 години, од Коломија, Ивано-Франковска област | 20 февруари 2014 | Застрелан 4 пати. Трипати во ногата и еднаш во левото око. |
55 | Пањкив, Микола Олександрович | 39 години, с. Лапајивка, Лавовска област | 20 февруари 2014 | Убиен од куршум во градите. |
56 | Храпаченко, Олександр Володимирович | 26 години, Здолубнив. Бил театарски режисер. | 20 февруари 2014 | Снајпер го застрелал право во око. Смртта настапила веднаш. |
57 | Шимко, Максим Миколајович | 33 години, Винницја, учесник во клубот за историска реконструкција „Бел волк“ | 20 февруари 2014 | Тернопилски известувач нашол непознат човек без документи меѓу загинатите. За да го пронајдат роднините, фотографија од човекот била поставена на Интернет и за неколку часа се открило дека човекот е 33-годишниот Максим Шимко со прострелни рана во главата. |
58 | Бљок, Иван Иванович | 40 години, Хородок, Лавовска област | 20 февруари 2014 | Умрел од снајперски куршум во срцето, утрото на 20 февруари, на ул. Институтска. Моминското презиме на жена му било Тур и понекогаш така го нарекувале и човекот поради што бил заведен во списокот на загинати како Иван Иванович Тур. |
59 | Тарасјук, Иван Миколајович | 21 година, с. Олика, Волинска област | 20 февруари 2014 | Убиен од снајпер. |
60 | Пољански, Леонид Петрович | Полјак, граѓанин на Украина, 35 години. | Телото му било пронајдено во мртовечницата бр. 1 (Киев, ул. Оранжерејна-9). | |
61 | Сајенко, Андриј Степанович | 42 години, од Фастив | 20 февруари 2014 | 7 сотња на Самоодбраната на Мајдан. Убиен од снајпер. |
62 | Котљар, Јевхен Миколајович | 34 години, од Харков. Дипломирал на Харковскиот институт за радиоелектроника (ХИРЕ). Алпинист и активист во еколошката организација „Зелен фронт“ | 20 февруари 2014 | Бил на Мајдан од почетокот на декември со неколкудневни паузи. Припаѓал на третата сотња. Скоро сите ноќи ги поминал на плоштадот. Бил на барикадите, бранел луѓе од полициските сили со штит, пренесувал ранети. По почетокот на „мирниот настап“ на Беркут, се вратил од Харков, каде што бил во посета на татка си неколку дена, пристигнал во Киев на 18 февруари и повторно се придружил на третата сотња, иако планирал да се придружи на новосоздадената харковска сотња. Последен пат, Жења бил виден на ул. Институтска како пренесува ранети и загинати за време на престрелките. Има и информација дека загинал близу 11 часот кога отишол во напад. Бил закопан во Харков на 23 февруари. Оставил зад себе татко и помлада сестра. |
63 | Шеремета, Људмила Даниливна | 22 февруари 1939, Хмељницки | 22 февруари 2014 | Работела како лекар-анестезиолог. Ранета на 19 февруари во главата близу зградата на безбедносните сили откако била застрелана со автомат. Умрела во болницата. |
64 | Максимов, Дмитро Вјачеславович | 19 години. Добитник на сребрен и бронзен медал во џудо од Дефлимписките игри (Олимпијада за глуви) во Софија во 2013-та. Кавалер на Орденот за заслуги од III степен. | 18 февруари 2014 | Дошол во Киев за поддршка на демократска украинска држава на мирен митинг на Плоштадот на независноста. За време на стрелањето, граната му ја откинала раката и починал во Зградата на синдикатите од прекумерно крварење. Неговото тело останало неколку дена во Михајливскиот храм. |
65 | Швец, Виктор Миколајович | р. 1957, од с. Хатное, Киев. | 19 февруари 2014 | Бивш полицаец во пензија. На 18 февруари отишол на Мајдан, како што рекол, да ги брани младите. Околу 23:00 му се јавил на семејството и рекол дека е во ред. Околу 4:00 утрото, преку телефон ја известиле неговата сопруга дека загинал. |
66 | Цепун, Андриј Михајлович | 35 години, од Киев. | 21 февруари 2014 | Дури на 23 февруари се дознало за смртта на Андриј. Бил меѓу активистите кои го блокирале влезот во Киев од Хостомељскиот правец. Околу полноќ, Андриј сам тргнал накај дома и бил убиен на патот. Неговото тело било пронајдено на ул. Верболозниј со траги на тепање и мозочна траума. |
67 | Машков, Максим | 21 февруари 2014 | Умрел во 17-тата болница во Киев. | |
68 | Хорошин, Максим Максимович | 25 години, с. Хрушкивка, Камјански реон во Черкаската област. Закопан во родното село. | 18 февруари 2014 | Загинал на 18 февруари за време на судирите на ул. Институтска близу Владиниот кварт. Бил отруен од гасот од ескплодирана граната. Умрел во болница. |
69 | Мељничук, Володимир Валеријович | 39 години | 20 февруари 2014 | Умрел во 17-тата болница од прострелни рани во градите. |
70 | Пехењко, Ихор Олександрович | Киевска област | ||
71 | Чаплинскиј, Володимир Володимирович (Влад) | р. 1970, татко на две деца, г. Обухив, Киевска област. | 20 февруари 2014 | Застрелан во вратот од снајпер. |
72 | Семисјук, Микола Миколајович | р. 1986, г. Хмељницки | 20 февруари 2014 | Прострелна рана во главата. |
73 | Таршчук, Микола | р. 1975 | 20 февруари 2014 | Прострелна рана во вратот. |
74 | Братушко, Олексиј Серхијович | р. 1975, Суми | 20 февруари 2014 | Прострелна рана во главата. |
75 | Линијчук, Олех | р. 1988 во Винница. Живеел во Иличивск. | 20 февруари 2014 | Дипломира со почести од Винницкиот политехнички универзитет. Починал од мозочен удар откако черепот му бил скршен од силите на Беркут. |
76 | Бојкив, Володимир Васиљович | 5 февруари 1955, Лавов | 19 февруари 2014 | Последен пат зборел на телефон со жена си додека бил на ул. Хрушевска. Ноќта на 19 февруари бил ранет во главата, ’рбетот, црниот дроб и слезинката. Неговото тело не можело да биде идентификувано до 24 февруари, кога неговата жена го препознала во мртовечницата. Бил закопан во Лавов на Личаковските гробишта во Алејата на хероите. |
77 | Хородњук, Иван | 29 години, с. Березне, Ровненска област | 20 февруари 2014 | Умрел во Ровно од болест добиена откако бил полиен од полициски водомет при смрзнувачки температури. |
78 | Жановачиј, Андриј Бохданович | р. 1964 | ||
79 | Прохорскиј, Васиљ Петрович | 4 мај 1980, с. Шчуча Хребља, Бахмацки реон, Черниговска област. Работел во Киев. | 18 февруари 2014 | Загинал од снајперски куршум додека им помагал на медицински лица. Роднините го барале долго време и го нашле во мртовечница на 22 февруари. |
80 | Прохорчук, Виктор Олександрович | р. 1975 | ||
81 | Зубок, Володимир Валеријович | р. 1985, Чернихивска област | 20 февруари 2014 | |
82 | Топиј, Володимир Петрович | 57 години, с. Вишња, Лавовска област | 18 февруари 2014 | Го барале од 18 февруари. Син му го нашол во Зградата на синдикатите. Загинал при пожарот на зградата. |
83 | Нечипорук, Јуриј | 40 години, Хмиљник | 18 февруари 2014 | Убиен од „титушки“ откако бил однесен 30 км од Киев, близу селото Хлеваха. На телото имал 20 убоди од нож од кои два во вратот и девет во пределот на срцето. |
Список на жртвите по 21 февруари
уредиБрој | Презиме/Име/Татково име | Детали | Датум на смрт | Причина за смрт |
---|---|---|---|---|
1 | Бачински, Ихор | 30 години | 25 февруари 2014 | Бил сирак кој имал само баба и дедо кои живеат во с. Бојарци. Изјавиле дека Ихор се здобил со повреди на Мајдан, за кои бил згрижен, но потоа починал. Според документите, причината за смрт има некриминален карактер. |
2 | Костишин, Михајло Јосипович | р. 1971, с. Нижниј Струтињ, Рожњатовски реон, Ивано-Франкивска област. | 26 февруари 2014 | Отишол на Мајдан веднаш по тепањето на студентите. Тој исто така бил сурово истепан. На 27 февруари сè уште бил во болница, но не успеале да му го спасат животот. |
3 | Олех? | Борец на 1-та сотња на Мајдан, од Кремечуцкиот реон во Полтавската област | 23 февруари 2014 | Причината за смртта била рани здобиени ден претходно. Вратната артерија му била зашиена и ги отстраниле шрапнелите, меѓутоа неколку делчиња преостанале кои не биле забележани. |
4 | Иљкив, Бохдан Иванович | 51 година, од Лвовската област. Оставил две ќерки. | 22 февруари 2014 | Бил ранет двапати во стомакот додека стрелале на Мајдан. Умрел во болница на 22 февруари. |
5 | Зубенко, Владислав Виталијович | 22 април 1991, Харков | 28 февруари | Починал од раните здобиени на 20 февруари. |
Загинати припадници на безбедносните сили
уредиМинистерството за внатрешни работи на Украина изјавило дека два случаи на смрт не се поврзани со Евромајдан ниту некакви граѓански протести.
На 30 јануари 2014, министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко официјално објавил дека 30-годишниот капетан на Внатрешните единици на Украина Дмитро Донец починал од срцев напад како последица на секојдневен стрес поради судирите на ул. Хрушевски. Подоцна во денот се дознало дека Донец бил веќе мртов кога неговата единица била известена за немирите и се наоѓал во селото Старе (Бориспилски реон). На 18 февруари, шест полицајци биле убиени за време на нападот на камповите на демонстрантите во Киев.
Од февруари 18-21, 11 припадници на безбедносните сили загинале како последица од конфликтот.
Чин | Презиме/Име/Татково име | Детали | Датум на смрт |
---|---|---|---|
Поручник | Дмитро Власенко | р. 1982, Внатрешни единици (Крим) | 18 февруари 2014 |
Поручник | Виталиј Хончаров | р. 1989, Внатрешни единици (Крим) | 18 февруари 2014 |
Поручник | Володимир Јевтушко | р. 1971, Патролна служба (Киев) | 18 февруари 2014 |
Постар поручник | Андриј Федјук | р. 1972, Беркут (Крим) | 18 февруари 2014 |
Олексиј Иваненко | р. 1977, Внатрешни единици (Харков) | 18 февруари 2014 | |
Поручник | Павло Савицкиј | р. 1972, Патролна служба (Киев) | 18 февруари 2014 |
Наредник | Василиј Булитко | р. 1986, Беркут (Киев) | 18 февруари 2014 |
Наредник | Серхиј Цвихун | р. 1990, Беркут (Запорижја) | 18 февруари 2014 |
Иван Тепљук | Р. 1993, Внатрешни единиц (Киев) | 18 февруари 2014 | |
Максим Третјак | Р. 1993, Внатрешни единици (Киев) | 18 февруари 2014 | |
Серхиј Спичак | Берѓанск (Запоришка област) | 19 февруари 2014 |
Галерија
уреди-
Мртви тела во импровизирана болница и мртовечница во фоајето на хотелот Украина
-
Привремен споменик во знак на загинатите херои на Евромајданот
-
Молитва покрај привремениот споменик за време на Евромајдан
-
Молитва на 20 февруари во Дрохобич за загинатите
Извори
уреди- ↑ «Небесна Сотня» (на «youtube»)
- ↑ «Небесная сотня Майдана: в Киеве попрощались с погибшими» — сайт ООО «ДИДЖИТАЛ ВЕНЧЕЗ»
- ↑ „19.30. на «5 канале» телемарафон «Небесная сотня»“. Архивирано од изворникот на 2014-02-27. Посетено на 2014-03-02.
- ↑ 5 канал проведет телемарафон памяти «Небесной сотни»
- ↑ Рада установила помощь семьям погибших активистов (21 февраля 2014, 18:27) — сайт «LB.ua» (руски)
- ↑ МВС застосовувало зброю проти протестувальників незаконно — юрист (21.02.2014) — сайт «Радіо Свобода» (руски)
- ↑ Video of snipers shooting people, Ukrpravda, In Ukrainian
- ↑ http://www.radiosvoboda.org/media/video/25270710.html
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2014-03-02.
- ↑ Вербицький, якого викрадали разом з Луценком, мертвий Архивирано на 25 јануари 2014 г., Високий Замок (22 січня 2014)
- ↑ Брат Юрія Вербицького упізнав тіло, знайдене у лісосмузі, Радіо Свобода (22 січня 2014)
- ↑ У Бориспільському районі виявлено два трупи зі слідами тортур, Українська правда (22 січня 2014)
- ↑ ВІДОМО ІМ'Я ЛЮДИНИ, ЯКУ ЗАСТРЕЛИЛИ НА ГРУШЕВСЬКОГО, Українська правда (22 січня 2014)
- ↑ Семья погибшего в Киеве активиста Нигояна переехала в Украину, спасаясь от войны в Нагорном Карабахе, Интерфакс-Украина (22 грудня 2014)
- ↑ Бывший каратист Сергей Нигоян до гибели охранял Евромайдан Архивирано на 3 февруари 2014 г., «Комсомольская правда» в Украине (22 грудня 2014)
- ↑ „Слідству стали відомі результати експертиз тіл загиблих мітингувальників — керівництво ГСУ, МВС (23 січня 2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 2014-03-02. no-break space character во
|title=
во положба 73 (help) - ↑ Ексклюзив ТВі. Тіла вбитих Жизневського та Нігояна (увага, шокуюче відео), ТВі (22 січня 2014)
- ↑ ЗМІ: Один з убитих на Грушевського — білорус, Українська правда (22 січня 2014)
- ↑ Помер ще один активіст, підстрелений на Грушевського. Українська правда. 25.01.2014
- ↑ Более 200 киевлян уже сдали кровь для пострадавшего на Грушевского, Газета День (24 січня 2014)
- ↑ [1]. В обласній лікарні Іфано-Франківська помер активіст Богдан Каліняк, ТСН. 1+1. 30.01.2014
- ↑ Підтвердилася інформація про ще одного загиблого майданівця, Українська правда, 31 січня 2014
- ↑ У Запоріжжі в автомобілі заживо спалили активіста Автомайдану
- ↑ „– Інформаційне агентство Сім'я спаленого запорізького автомайданівця: Над вбивством попрацювали професіонали » Galnet - Інформаційне агентство Galnet – Інформаційне агентство“. Galnet. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 2014-02-20.
- ↑ http://www.pravda.com.ua/news/2014/02/16/7014042/ відповідальність за спаленого активіста у Запоріжжі взяли на себе «Привиди Севастополя»
- ↑ „Всередині «ялинки» на Майдані знайшли повішеного чоловіка“. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 2014-03-02.
- ↑ На каркасі ялинки на Майдані знайшли труп чоловіка. ТСН. 27.01.2014
- ↑ Загадкова смерть на Майдані