48°N 8°E / 48° СГШ; 8° ИГД / 48; 8

Шварцвалд (германски: Schwarzwald [ˈʃvaʁt͡svalt] ( слушнете)) е шумски планински венец во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Се граничи со долината на Рајна на запад и на југ. Највисокиот врв е Фелдберг со надморска височина од 1.493 метри. Регионот е речиси правоаголен со должина од 200 километри и ширина од 60 километри. Оттука има површина од околу 12.000 км2. Името Шварцвалд, т.е. Црна шума, доаѓа од Римјаните, кои густо пошумените планини таму ги нарекле Силва Нигра, т.е. Шварцвалд, поради густото растење на четинари во шумата, блокирајќи го на тој начин најголемиот дел од светлината внатре во шумата.

Шварцвалд
венец
Земја Германија
Регион Баден-Виртемберг
Дел од Јужни германски висорамнин
Координати 48°N 8°E / 48° СГШ; 8° ИГД / 48; 8
Највисока точка Фелдберг
 - височина 1.493 м
Должина 150 км
Геологија гнајс, песочник Бунтер
Орогенија Централни висорамнини
Топографија на Шварцвалд
Топографија на Шварцвалд
Топографија на Шварцвалд
Карта на Германија, покажувајќи го Шварцвалд во зелениот дел.

Геологија уреди

Шварцвалд се состои од обвивка на песочник на врвот на јадрото од гнајс и гранити. Порано, со тектонската еволуција бил одделен од околните планини Вогези. Подоцна, во текот на средниот еоцен, периодот на распепување влијаел на околината и го предизвикал создавањето на долината на Рајна. За време на последната ледена епоха на замрзнувањето на Вирм, Шварцвалд бил покриен со ледници; неколку планински езерца како што е Мумелзе се останати од овој период.

Реки уреди

Реки во Шварцвалд се: Дунав (која потекнува од Шварцвалд со вливањето на реките Бригах и Брег), Енц, Кинцих, Мург, Наголд, Некар, Ренх и Визе. Шварцвалд е дел сливски поделен помеѓу сливот на Атлантскиот Океан (воден од Рајна) и сливот на Црното Море (воден од Дунав).

Список на највисоки планини уреди

Политика уреди

Административно, Шварцвалд припаѓа целосно на покраината Баден-Виртемберг и го вклучува градот Пфорцхајм, како и следниве окрузи. Во северниот дел: Енц, Раштат и Калв; во средишниот дел: Фројденштат, Ортенаукрајс и Ротвајл; во јужниот дел: Емендинген, Шварцвалд-Бар, Брајсгау-Хохшварцвалд, Лерах и Валдсхут.

Екологија и економија уреди

Шумата главно се состои од борови и елки, некои од нив се одгледуваат како комерцијална монокултура. Слично како и други пошумени региони, Шварцвалд има области, кои се десеткувани со масовна сеча. Поради сечата и користењето на земјиштето, се менува шумата и останат е само мал дел од неговата оригинална големина. Бурата Лотар собори дрва на илјадници акри на планинските врвови во 1999. Ова остави некои од високите врвови и сценските ридови да бидат голи, единствено со грмушки и млади иглолисни дрвја.

Главната индустрија е туризмот. Во прилог на долеспоменатите градови и споменици, на Шварцвалд има бројни пешачки патеки со голема километража. Европската патека на долга далечина Е1 минува низ Шварцвалд по патиштата на некои од локалните патеки на долга далечина. Постојат и бројни пократки патеки погодни за дневни прошетки, како и патеки за планински велосипедизам и крос-кантри скијање. Вкупната мрежа на патеки изнесува околу 23.000 километри и е одржувана и надгледувана од страна на волонтерско друштво Schwarzwaldverein (Здружение Шварцвалд), кое има околу 90.000 членови.

Точки на интерес уреди

 
Зима на Шауинсланд: познатите "Windbuchen" буки свиткани од ветрот

Има многу стари градови во Шварцвалд. Популарни туристички одредишта се Фрајбург, Калв (родниот град на Херман Хесе), Генгенбах, Штауфен, Шилтах, Хаслах и Алтенштајг. Други популарни одредишта се и планините, како Фелдберг, Белхен, Кандел и Шауинсланд; езерата Титизе и Шлухзе; водопадите „Сите светци“; водопадот Триберг, не е највисокиот, но е најпознатиот водопад во Германија и клисурата на реката Вутах.

Шварцвелдигер Фрајлихтмузеум Фогтсбауернхоф музејот е отворен музеј во кој се прикажува животот на земјоделците во шеснаесеттиот или седумнаесеттиот век во тој регион, во кој има голем број на реконструирани шварцвалдски фарми. Германскиот Саат-музеј во Фуртванген ја покажува историјата часовничарската индустрија и изработувачите на часовници.

За возачите, главниот пат низ регионот е брзиот А5 (Е35) автопат, но разни обележани сценски патишта, како што се Шварцвалд-Хохштрасе (60 км, Баден-Баден до Фројденштат), Шварцвалд Телерштрасе (100 км, низ долините Мург и Кинцих) или Баденскиот вински пат (160 км, од Баден-Баден до Вајл на Рајна) нудат посмирено возење, наместо брзите патишта[1]. Последниот е живописно патување, кое започнува во јужниот дел на Шварцвалд, а потоа оди на север и вклучува бројни стари винарии и мали села. Друг, поспецијализиран пат е „Deutsche Uhrenstraße“ (Германските Саат-пат)[2], кружен пат кој ја следи хоролошката историја на регионот.

Поради богатата рударска историја, која датира од средниот век (Шварцвалд бил еден од најважните рударски региони на Европа, околу 1100 година), постојат многу рудници кои повторно се отворени за јавноста. Таквите рудници може да бидат посетени во долините Кинцих, Суген, Минстер и околу Тодмос.

Шварцвалд бил посетен во неколку наврати од страна на грофот Ото фон Бизмарк во текот на неговото владеење 1873-1890. Наводно, тој особено се интересирал за водопадот Триберг[3]. Сега, таму во Триберг има споменик посветен на Бизмарк, кој очигледно уживал во тишината на регионот, кој му недостигал во неговата резиденција во Берлин.

Фауна уреди

Во прилог на очекуваните видови на флора и фауна, што може да се најдат во европските шумски региони, следниве видови на животни може да се набљудуваат во Шварцвалд[4]. Некои од овие животни се:

  • Говедо: Шварцвалдските говеда припаѓаат на реткиот вид на "Хинтервелдерберг" говеда
  • Џиновскиот дождовен црв Лумбрикус бадензис се наоѓа единствено во регионот на Шварцвалд[5]
  • Шварцвалдските лисици се раса на коњи, претходно неопходен за тешката полска работа
  • Орли и буфови може да се видат одблизу

Култура уреди

 
Кукавица-саат, симбол на Шварцвалд и Германија.

Дијалекти во областа Шварцвалд се алеманскиот и швапскиот.

Фаснет уреди

На германскиот празник Фастнахт, или Фаснет, како што е познат во регионот на Шварцвалд, се јавува во време на одржување на големиот пост. На Розенмонтаг, или понеделникот пред чиста среда, толпи луѓе одат по улиците, носејќи маски. Еден познат вид на маска се нарекува шварцвалдски стил, по потекло од регионот на Шварцвалд.

Занаети уреди

Резбарството е традиционална дрвна индустрија во регионот и сега изрезбани орнаменти се произведуваат во значителен број како сувенири за туристите. Кукавица часовниците се популарен пример; тие се направени во регионот во почетокот на 18 век и многу од нивниот развој се случил таму.

Кулинарство уреди

Шварцвалдската шунка потекнува од овој регион, па така, името и угледот во најмала рака, ја направило и шварцвалдската торта. Таа, исто така, е позната како „шварцвалдска торта со цреши“ и „шварцвалдски гато“ и е направена со чоколадна торта, крем, вишни и кирш[6]. Шварцвалдска варијација на фламкухен е бадски специјалитет со шунка, сирење и крем. Фанкухен, една палачинка или како палачинка се исто така познати.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-06-29. Посетено на 2011-06-07.
  2. [1]
  3. [2]
  4. Enjoy nature with all the senses / Nature / Home / Inhalte - Schwarzwald Tourismus GmbH
  5. Lamparski, 1985
  6. http://www.europeancuisines.com/German-Schwarzwalder-Kirschtorte-Recipe-Black-Forest-Cake-Cherry-Kirsch

Додатна литература уреди

  • Bremke, N. (1999). Schwarzwald quer. Karlsruhe: Braun. ISBN 3-7650-8228-7
  • Lamparski, F. (1985). Der Einfluß der Regenwurmart Lumbricus badensis auf Waldböden im Südschwarzwald. Schriftenreihe des Institut für Bodenkunde und Waldernährungslehre der Albert-Ludwigs-Universität Freiburg i. Br., 15. ISSN 0344-2691. English summary
  • German Wikipedia "Pfannkuchen" disambiguation
  • Barnes, K. J. (2007). A Rough Passage: Memories of an Empire

Надворешни врски уреди