Фудбалски куп на Хрватска

Фудбалски куп на Хрватска е фудбалско натпреварување во Хрватска кое се одржува секоја година.

Куп на Хрватска
ЗемјаХрватска Хрватска
Основана1992
Број на клубови48
Тековен првакРиека Риека (5-та титула)
(2018–2019)
Најмногу титулиДинамо Загреб Динамо Загреб
(15 титули)
Мрежно местоКуп на Хрватска
Фудбалски куп на Хрватска 2019-2020

Формат на натпреварување уреди

Во купот се натпреваруваат 48 клубови:

  • 16 најдобро рангирани клубови според коефициентот на ХНС во претходните пет сезони
  • 21 победник на жупанијскиот куп кое го организирале жупанијските фудбалски сојузи
  • 11 поразени во финалето на жупанијскиот куп

32 клуба кои се квалификувале преку жупанијските купови играат во претколото на купот, додека преостанатите 16 ги чекаат победниците во шеснаесттина финалето.

Во завршниот дел на хрватскиот куп учествуваат 16 најдобри клубови според коефициентот на успешност во натпреварувањето во последните пет години, 21 освојувач на Жупанијскиот куп и 11 финалист од жупанијските сојузи со најголем број на регистрирани фудбалски клубови.[1]

Купот се игра на претколо, шеснаесттинафинале, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале. Претколото, шеснаесттинафиналето и осминафиналето се играат на еден натпревар, во кој домаќин е послабата екипа по коефициентот. Во четвртфиналето и полуфиналето се игра на два натпревари, а паровите се одредуваат со извлекување независно од коефициентот на клубовите. Финалето од сезоната 2014-2015, се игра на еден натпревар и тоа на неутрален терен. Во случај да натпреварот заврши нерешено, се играат две продолженија од 15 минути, а ако ни тогаш нема победник, се шутираат пенали. Освојувачот на купот го добива пехарот Рабузиново сонце и стекнува право да учествува во УЕФА Лига Европа.

Победници и финалисти уреди

Сезона Победник Резултат Финалист Стадион и град
1992   Инкер Запрешич 1 - 1   ХАШК Граѓански Инкер, Запрешиќ
1 - 0 Максимир, Загреб
1992-93   Хајдук Сплит 4 - 1   Кроација Загреб Пољуд, Сплит
1 - 2 Максимир, Загреб
1993-94   Кроација Загреб 2 - 0   Риека Максимир, Загреб
0 - 1 Кантрида, Риека
1994-95   Хајдук Сплит 3 - 2   Кроација Загреб Пољуд, Сплит
1 - 0 Максимир, Загреб
1995-96   Кроација Загреб 2 - 0   Вартекс Вараждин Вартекс, Вараждин
1 - 0 Максимир, Загреб
1996-97   Кроација Загреб 2 - 1   НК Загреб Максимир, Загреб
1997-98   Кроација Загреб 1 - 0   Вартекс Вараждин Вартекс, Вараждин
2 - 1 Максимир, Загреб
1998-99   Осиек 2 - 1 зг   Цибалија Максимир, Загреб
1999-00   Хајдук Сплит 2 - 0   Кроација Загреб Пољуд, Сплит
0 - 1 Максимир, Загреб
2000-01   Динамо Загреб 2 - 0   Хајдук Сплит Пољуд, Сплит
1 - 0 Максимир, Загреб
2001-02   Динамо Загреб 1 - 1   Вартекс Вараждин Максимир, Загреб
1 - 0 Вартекс, Вараждин
2002-03   Хајдук Сплит 1 - 0   Уљаник Пула Алдо Дросина, Пула
4 - 0 Пољуд, Сплит
2003-04   Динамо Загреб 1 - 1   Вартекс Вараждин Вартекс, Вараждин
0 - 0 гг Максимир, Загреб
2004-05   Риека 2 - 1   Хајдук Сплит Кантрида, Риека
1 - 0 Пољуд, Сплит
2005-06   Риека 4 - 0   Вартекс Вараждин Кантрида, Риека
1 - 5 гг Вартекс, Вараждин
2006-07   Динамо Загреб 1 - 0   Славен Белупо Максимир, Загреб
1 - 1 Градски, Копривница
2007-08   Динамо Загреб 3 - 0   Хајдук Сплит Максимир, Загреб
0 - 0 Пољуд, Сплит
2008-09   Динамо Загреб 3 - 0   Хајдук Сплит Максимир, Загреб
0 - 3 прод. (4-3 пен.) Пољуд, Сплит
2009-10   Хајдук Сплит 2 - 1   Шибеник Пољуд, Сплит
2 - 0 Шубичевац, Шибеник
2010-11   Динамо Загреб 5 - 1   Вараждин Максимир, Загреб
3 - 1 Градски, Вараждин
2011-12   Динамо Загреб 0 - 0   Осиек Градски врт, Осиек
3 - 1 Максимир, Загреб
2012-13   Хајдук Сплит 2 - 1   Локомотива Пољуд, Сплит
3 - 3 Максимир, Загреб
2013-14   Риека 1 - 0   Динамо Загреб Максимир, Загреб
2 - 0 Кантрида, Риека
2014-15   Динамо Загреб 0 - 0 прод. (4-2 пен.)   РНК Сплит Максимир, Загреб
2015-16   Динамо Загреб 2 - 1   Славен Белупо Градски врт, Осиек
2016-17   Риека 3 - 1   Динамо Загреб НК Вараждин, Вараждин
2017-18   Динамо Загреб 1 - 0   Хајдук Сплит Цибалија, Винковци
2018-19   Риека 3 - 1   Динамо Загреб Алдо Дросина, Пула

Титули по клуб уреди

Екипа Титули Години на освојување на титулите
  Динамо Загреб 15 1994, 1996, 1997, 1998, 2001, 2002, 2004, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2015, 2016, 2018
  Хајдук Сплит 6 1993, 1995, 2000, 2003, 2010, 2013
  Риека 5 2005, 2006, 2014, 2017, 2019
  Интер Запрешич 1 1992
  Осиек 1 1999

Повзрано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди