Ферџани Саси (роден на 18 март 1992 во Аријана) — туниски фудбалер, играч од средниот ред на Замалек и на туниската репрезентација.

Ферџани Саси
Лични податоци
Роден на 18 март 1992(1992-03-18)(32 г.)
Роден во Аријана, Тунис
Држава Тунис Тунис
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Замалек Замалек
Број 13
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2015 КС Сфаксен КС Сфаксен 83 (10)
2015-2016 Мец Мец 39 (1)
2016-2018 Есперанс Тунис Есперанс Тунис 22 (7)
2018 Ал-Наср Ал-Наср 8 (0)
2018- Замалек Замалек 62 (11)
Репрезентација
2013- Тунис Тунис 41 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Клупска кариера уреди

Кариерата ја започнал во својот роден Тунис, во екипата на КС Сфаксен за која дебитирал во 2010 година. Во 2013 година со оваа екипа го освоил туниското првенство како и КАФ Купот на Конфедерации.

По пет поминати сезони во клубот, во јануари 2015 го напуштил Сфаксен и потпишал за францускиот клуб од Лига 1, Мец. На своето деби за Мец чекал до следниот месец поради обврските со репрезентацијата на Африканскиот куп на нации. Конечно, своето деби го направил на 12 февруари 2015, играјќи го целиот натпреварот против Брест во Купот на Франција во кој неговиот тим бил елиминиран по поразот на пенали со 3-4. Три дена подоцна, дебитирал во франуското првенство во поразот на домашен терен од Генгамп со 0-2. Својот прв погодок за Мец го постигнал на 25 април 2015, во ремито 1-1 на гостувањето кај Бордо. Сезоната ја завршил со 13 настапи и еден гол во Лига 1, но сезоната за неговиот Мец завршила со испаѓање откако го освоиле предпоследното 19-то место во лигата.

Следната сезона во Лига 2, Саси одиграл 26 натпревари за клубот и им помогнал да се вратат во највисоката лига на францускиот фудбал по само една сезона отсуство. Сепак, во јули 2016 тој одлучил да се врати назад во својата татковина потпишувајќи договор со најтрофејната екипа од оваа земја, Есперанс де Тунис.

На 28 јануари 2018, се преселил во екипата на Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Репрезентативна кариера уреди

Саси дебитирал за сениорската репрезентација на Тунис на 8 јуни 2013 година во натпревар против Сиера Леоне што завршил 2-2.[1] Тој бил дел од репрезентацијата што настапила на Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017 година.

Во мај 2018, бил повикан за Светското првенство 2018. Во првото коло на турнирот, Саси постигнал гол од пенал во поразот со 1-2 од Англија.[2]

Титули уреди

  КС Сфаксен уреди

Наводи уреди

  1. „Sierra Leone vs. Tunisia (2:2)“. National Football Teams. Посетено на 16 August 2014.
  2. „Kejn u 91. minutu spasao Engleze očajnog starta Mundijala!“. b92. 18 јуни 2018. Посетено на 18 јуни 2018.

Надворешни врски уреди