Нивичино

село во Општина Василево

Нивичино — раселено село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Денес е раселено и од него остануваат мошне малку градби.

Нивичино
Нивичино во рамките на Македонија
Нивичино
Местоположба на Нивичино во Македонија
Нивичино на карта

Карта

Координати 41°36′0″N 22°40′28″E / 41.60000° СГШ; 22.67444° ИГД / 41.60000; 22.67444
Општина Василево
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27044
Надм. вис. 650 м
Нивичино на општинската карта

Атарот на Нивичино во рамките на општината
Нивичино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа северно од Струмица, на планината Готен.

Историја уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивичин (Nivitchine) е село сп 35 домаќинства сочинети од 124 Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Нивичено има 165 жители, сите Македонци христијани.[4]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Нивичино имало 224 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија.[2][5]

Во селото и неговата околина дејствувала Нивичанската чета предводена од револуционерот Атанас Цонев. Освен против отоманските власти, таа се борела и против врховистите кои минувале низ селото. Попозната акција во која учествувала четата е аферата „Мис Стон“.[6]

Стопанство уреди

Демографија уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Од 1994 година, селото е наполно раселено и нема жители. Најголем број на население било забележано во 1953 година, за понатаму да почне постепено да опаѓа. На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165[4] 224[5] 353 380 341 302 61 5

Родови уреди

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Николовци со Пецовци, Василевци, Аврамовци, Витановци, Рујковци и Стоиловци (15 к.), Цоневци (5 к.), Масларци со Костадиновци (7 к.), Цековци со Јовановци, Трајановци и Димитријевци (5 к.)
  • Доселеници: Гоцевци (4 к.), Малиновци (3 к.) и Ристовци (2 к.) доселени се во 1913 година од раселеното село Рајанци, се наоѓало помеѓу Струмичко и Радовишко.[8]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Висока Маала.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 186–187. ISBN 954-8187-21-3.
  4. 4,0 4,1 Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. pp. 106-107
  6. Костадин Кајдамов, „Илинденски настани во Струмичко“, Скопје, 2003.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски уреди