Бешичка Планина

планина во Лагадинско, Егејска Македонија

Бешичка Планина (грчки: Βόλβης Όρη, Όρη Βόλβης, Όρη Μπεσικίων; турски: Beşikdağ, Бешикдаг) — ниска планина во Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е северно од Бешичкото Езеро.

Бешичка Планина
Βόλβης Όρη
Бешичка Планина на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.668 м
Координати40°43′30″N 23°28′03″E / 40.7251° СГШ; 23.4674° ИГД / 40.7251; 23.4674
Географија
МестоЛагадинско, Егејска Македонија
Карта
Мал Бешик, Бешичкото Езеро и Бешичка Планина (десно) на гравура од 1813 г.

Планината е наречена по селата Голем Бешик и Мал Бешик, по кои а наречено и езерото. На север одвоена е од Богданска Планина и Орсова Планина со долината на пресушените Мавровско и Ланџанско Езеро.[1] Понекогаш оваа планина се смета за дел од Богданска Планина (Бешикдаг)

Езерата на јужната граница (Бешичкото и Лагадинското) се заведени во Рамсарската конвенција во 1974 г. и членки на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1220001 и 1220009), како и прогласени за места од орнитолошка важност (032). Поширокото подрачје е национален парк под името „Лагадинско Езеро - Бешичко Езеро и Македонски Темпи“ во 2003 г. Три повеќевековни чинари во околината на селата Сарај и Пазаруда, во кои се гнездат чапји и бели штркови, се прогласени за заштитени споменици на природата.[1]

Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.[1]

До врвот се стасува преку селото Ѓувелци (420 м) за околу час и половина.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Πετρωτό 668[1] Ј од Ѓувелци
Αγριόβικος 625[1] СЗ од Мал Бешик, Ј од Кавак
Картал Αετορράχη, Καρτάλ Λόφος 661[1] ЈЗ од Ѓувелци, Ј од Канџа
Кури Хоџа Κορυφή Αβραάμ, Κουρή Χότζα 5573[1] ЈИ од Јакина, СИ од Ваисли
Бешик Κούνια, Μπεσίκια 660[1] ЈЗ од Ѓувелци, Ј од Канџа и ЈИ од Јакина
Κριτσελή 606[1] СЗ од Мал Бешик, Ј од Кавак
Карабунар Μαυροπούρναρο, Καρά Μπουνάρ 560[1] СИ од Голем Бешик
Сиври Σημάδι, Σιβρή 627[1] СИ од Голем Бешик и СЗ од Мал Бешик
Στανότοπος, Σπανότοπος 652[1] Ј од Ѓувелци
Чобан Цопани 473 ЈИ од Кавак

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 384. ISBN 978-960-86676-6-2.