Сарај (Лагадинско)

село во Лагадинско, Егејска Македонија

Сарај или Сколари (грчки: Σχολάρι, Сколари) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Сарај
Σχολάρι
Сарај is located in Грција
Сарај
Сарај
Местоположба во областа
Сарај во рамките на Бешик
Сарај
Местоположба на Сарај во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°15′E / 40.717° СГШ; 23.250° ИГД / 40.717; 23.250Координати: 40°43′N 23°15′E / 40.717° СГШ; 23.250° ИГД / 40.717; 23.250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгнатија
Надм. вис.&1000000000000009500000095 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно469
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.572 00
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 42 километри западно од Ставрос и 38 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 95 метри.

Сколари опфаќа површина од 16 квадратни километри.[2].

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3][4].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 97 жители[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1927 година селото било преименувано во Сколари.

Демографија уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 95 жители бегалци и со население од 380 луѓе[6], додека во 1940 година селото броело 449 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители[7] а во 2001 имало 1860 жители[8]. Денеска, населението на селото е 469 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 832 858 832 791 590 681 631 469
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.

Надворешни врски уреди