Аналитичка хемија

Аналитичката хемија е субдисциплина на хемијата и претставува анализа на различни примероци од материјали со цел да се добијат податоци за нивниот хемиски состав и структура.

Лабораторија за гасна хроматографија

Поделба уреди

Аналитичката хемија може да се подели на два основни видови, квалитативна и квантитативна:

1. Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден образец.
2. Квалитативната органска анализа го анализира присуството на некоја функционална група или органско соединение во еден образец.
3. Квантитативната анализа го определува количеството на некој елемент или соединение во даден образец.

Поголемиот дел од современата аналитичка хемија е квантитативен. Квантитативната анализа може и понатаму да се подели на различни области на проучување. Еден материјал може да биде анализиран за да се утврди количеството на некој елемент во него, или, пак, количеството на некој елемент во биолошките системи - молекулите на животот се состојат од јаглерод, водород, кислород, азот и други, во голема мерка - комплексни структури.

Техники уреди

Постојат многу голем број на техники со кои се одвојуваат, детектираат или мерат хемиските состојки, како:

Методи уреди

 
Индикатор за присуството на бакар во оваа квалитативна анализа е сино-зелената боја на пламенот.

Аналитичките методи се засноваат на строга чистота, подготовка на образецот, брзина и прецизност.

Ако концентрацијата на даден елемент во соединение или образец е премногу висока за детекциониот дофат на некоја направа (техника), истото може да се разреди со чист растворувач. Додека во обратен случај е обратно - се користи метод на адиција.

Трендови во аналитичката хемија уреди

Дисциплини кои рапидно се развиваат во рамките на аналитичката хемија се:

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  •   Аналитичка хемија на Ризницата ?
  • Георгиевска, Станка (2010). Аналитичка хемија : втора година : хемиско-технолошка струка : хемиско-технолошки техничар и прехранбен техничар (PDF). Скопје: Министерство за образование и наука на РМ. ISBN 978-608-226-031-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-18. Посетено на 2018-08-11.